Мене покачен ми беше оти испив сок во 11 а испитував утрото. Бебе не е понапредно и не ми дадоа ни диета ни терапија. Вероватно и мерки на бебче гледаат. Кажи ми вака, мајка ми има апаратче за шеќер, колку треба да ми е после јадење? Како се мери после јадење, после колку време од оброкот?
Јас да се пофалам, бебето се свртело, не е веќе карлично. И постелката веќе не е ниска. Бебето напредува одлично.
Може. Или од некоја храна од прошлиот ден @fana незнам и мене ми беше 3 дена поназад ;сега на 3 скрининг го измери 1 недела понапред нити имам вишок плодова ама така сметаат.Матичната додуша ми рече не те праќам на ендо одма ќе ти дадат диета или терапија исфрли благо газирано скроб.... Ендокринолозите ете одма, ваљда се претпазливи. На гладно едната ми рече под 5,1 другата под 5,5 од клиника пак да се движи од 5-6. По 1 час од јадење 7,8 По 2 6,5 Едната ми рече да мерам по 1 другата по 2 часа истоби на клиника даваат по 2 часа. како ти е полесно -така.
Ај некој совет за хемороиди Не знам какви се дали надворешни или внатрешни, ама пред некој ден ептен се напнав за во вц, и сега стои од надворешната страна како топче буквално, не знам како пролапс, како излезено изгледа, што почнува да боли кога седам. Sorry за деталниот опис, ама мака си имам. Како да си помогнам?
Факту маст и пробај да не напнуваш кога одиш да не ти излезат повеќе пиј нешто за да одиш полесно во wc..
А што значи плацента со максимална дебелин 37 мм? Вчера ми спомна на скринингот ама ништо друго. Сега кога прочитав почнав да го думам
Плацентата е најтенка на ободите најдебела на средина и тоа го земаат како некој параматер. Имав наидено на нет околу тоа како ја мерат и што значи. Што значи сум заборавила ама сигурно си ОК, го внесуваат како податок.
И јас да се пријавам, денес на контрола бев. Бебушка е супер, ја мереше, главче, стомаче,нозете, одговара според неделите, хематомот е поднамален. Рече бебето е одлично, да продолжам ко до сега. Прогестерон до 22ра недела рече да боцкам. Значи уште еден месец и готово со тоа
За конзилијарно мислење каде обично одите, на гак или чаир? Се мислам за каде да земам упат, шо прашуваат, како се одвива прегледот, дали присуствуваат 3ца доктори? И на приватно дали бил некој систина, ремедика? Како се со цени... Од кај матичниот за пеодолжување на боледување ми кажаа извештај од специјалист и конзилијарно мислење...
Искрено да ти кажам фати си некоја врска некој доктор на ГАК и секој пат кога ќе одиш за извештај тој ќе ти дава извештај и конзилијарното, ќе ти стави печати од тројца доктори. Нема да те гледаат тие доктори нема ни да бидат тука
А дали они кажуваат колку да е боледувањето или тоа одлучуваат на комисии? Се извадив од памет веке и од ехо, ми кажуваше кумата, нејзина пријателка била со ин витро и во 18 недела после вагинално ехо и истекла плодовата вода, ме потресе и неќам без потреба ни ехо веке..
Со конзилијарното се дава препорака боледувањето да се продолжи месец дена. После лекарска комисија одлучува колку ќе го продолжи обично месец дена продолжуваат, а може и 15 дена. Инаку не те сфатив за случајот со ехото што е поврзан со боледувањево.
Ај и јас да се пожалам Овие денови почна да ме боли кичмата па не можам да седам на столица од болки. И кога јадам гледам што побрзо да станам од маса. Само кога лежам на кревет не ме боли. Добро што не одам на работа не знам како ќе издржев. Тек 6ти сум а до крај ...