Девојки , 34 недела сум , навечер кога легнувам осеќам во нозете како некој склет, некоја нервоза скоро секоја вечер и неможам да спијам воопшто
Тие во 36ка стално се надркани, не знам кој им е проблемот, и мене 2-3 пати ми се развикаа. Еднаш ми викаше стомакот ми бил голем не можеле да видат убаво со апаратот а тој еден никаков раздрнкан сенки црни има на цел монитор. Коа ќе ми дадат упат за во 36ка ми се темни од што се безобразни
Некако успеав да ја добијам матичната, ми рече да се консултирам со ендокринолог за шеќерот. Арно ама термини никако и никаде, и на приватно има слободно дури за две недели, па ќе морам да си чекам до тогаш. Да си земам апаратче за шеќер од аптека така? И да мерам после јадење? Терапија секако нема да земам на своја рака, ама некој да сподели за диетата ако може? На што да се внимава во исхраната (освен секако благо претпоставувам)? Има ли нешто посебно вака за јадење и припазување? Да си се ставам на режим дури ми дојде терминот за преглед, далеку ми се гледа некако
Јас еве да се пријавам чекам време да ми помине за да ме боцнат пак за шеќер Среќа ми дадоа лимон со шеќерот па не се истрауматизирав многу. А сабајле и во лабраторија поминав за крвна слика, па на трансфузиологија за ддмери и хемостаза и така… Од шеќеров само мислам дека девојкава збесна у стомак, журка прави.
Шеќерот од прст ми го проверуваат, инаку и јас тоа прво помислив кога ги заредив од сабајле. На шеќеров случајно завршив, на фора ај кога тргнав све да завршам.
За различни места имав упати, земени ми беа уште пред неколку недели за кога ќе имам време и ја баш денес за све имам и така Сите три, сите на различно.
Во Ск ако испитуваш, сегде различно со упут. На приватно можеш на едно место, ама ќе те одерат. Димери се 1800 приватно, скриен шеќер 450, крвната слика веќе до 500 стаса без упут. На Трансфузија димери се бесплатно, а шеќерот со термин 46 денари, а ќе се утепаш чекајќи термин.
Мистерија ми е за што го плаќаме ова наше здравство, досега во цела бременост за се што ми требаше упат матичниот гинеколог и општиот лекар не можеа да ми дадат, жими едни димери на државно што проверив. Или немале опција во системот баш за таков упат (досега некои 4-5 што ми требаа), или ако ти дадат упат тоа е со термин за месец дена од сега. А неколку пати ми се деси и да ми рече еве ти ваков упат ама не знам дали ќе те примат со овој таму Да немавме приватни болници и пари што од мука ги даваме којзнае како ќе ни течеше бременоста
Каде проверуваш шеќер? И јас имам закажано за следниот понеделник и шеќер и ддмери и хемостаза, со тоа што прво сум во авицена за шеќер, а после на трансфузиологија. Така случајно се погодија термините и сега и мене ми е мисла од кај да почнам да вадам вени за толку боцкања
Дијабет центар на државно. Шеќерот од прст ми го проверуваат. Еве за 15 минути сум на третото боцкање.
Исто, жими една крвна слика што имам направено со упат од матичен. Мојов чудо, не можеше да ми издаде ни за приска на гак, ни за кумбсов тест на трансфузиологија. А за истите, матичната на другарка ми и издаде без проблем на сам ден кога требаше да иде да ги прави.
Испитував скриен шеќер. На гладно шеќерот ми е 5.10 (треба да е <5.1), а после 2 часа 6.60 (треба да е <8.5). На гладно ми е покачен. Со оглед на тоа дена второто мерење е добро има ли простор за грижа?
А јас не разбирам зошто ве гледаат вагинално? Ок до 12та недела пример, после се абдоминално. Мене вагинално ме гледа д-р само цервикс кога ми мереше. Слободно да си кажеш дека не сакаш вагинално, не би требало ни да е во пракса тоа, нема потреба. И со абдоминално ќе види се.
Кај мене 28 недела карлично, 32 нед.главично и 34 нед. карлично и сеа сум 38 и уште е карлично. Во Германија сум ми рекоа немало д се сврти, немало место, долго бебе и јас уште ја осекам горе и тоа е, ќе биде царски најверојатно. Не сум ни прба5ни последна така се тешам и нека се биде се како шо треба па како решат така, само да си ја гушнам <3