Јас бев исто ама во 27 или 26 недела. Кафен исцадок и ми рекоа дека имало мало одлепување на грлото н матката на горниот дел од многу активно бебе, имаше и како линија се гледаше на ехото. Цервиксот ми беше 4.2 и само примив 12 вагиналети и ми рекоа строго одмарање. После тоа имав контрола после 2 недели па ми рекоа малце е повлечено, па по 2 недели бев повторно на контрола и решката што се гледаше ја немаше. Беше поминато и ми рекоа да си функционирам најнормално само да не кревам, да не се напнувам. Јас мислам дека може да ми беше и од чистењето затоа што пред исцедокот два дена правев генералка а зошто не знам,така ме терале хормоните хаха. Инаку цело време прегледите ми ги правеа со вагинлно ехо, и тогаш и сега. Извинете на долгиот пост, но не е опасно, само одмор
http://www.femina.mk/новости/актуел...гак-се-роди-бебенце-со-цела-амнионска-обвивка Се наежив од сликиве..
Сега во вторникот бев на контрола се е во ред немаше никакви забелешки докторката. Првиот пат уште 7/8 недела прокрварев тогаш беше хематом. Во 22 недела бев на ГАК на ургентен ме виде докторот се е ок рече можно е од јака контракција ама исто се беше во ред. Секој ден по малку наоѓам на гаќите и тоа кафеави точки ситни. А ко за беља денеска и јас земав да чистам да не мислам на лоши работи од утре само ќе лежам мм да ме служи
Јас Алпенкрафт пиев за сува кашлица, ми се смири за брзо. Да прашам, дали имате болки кај срамна коска или некогаш како вагинални бодежи? Не се силни, само непријатни.
35 недела сум,секој ден буквално. А јас да прашам,што пакувате за во болница,за вас и за бебето,што е најнеопходно?
Јас за мене: сет за хигиена, влошки, влечки, спавачи, алишта за дома, пумпа за измолзување. за бебе:пелени, алишта за дома, сет за хигена иако знам дека нема да треба пошто тука не ги бањат ама прво ми е, зедов и цуцла и шише. Ако уште нешто треба нека кажат искусните што знаат
Јас сум 20 недела и тоа го осеќам веќе некоја недела уназад, многу гадно чуство е, и само се превртувам лево десно, неможам во едно место да ги чувам нозете. Секоја вечер ми се дешава тоа
И јас го имам истото, и во прва бременост и сега. Се јавува често во бременоста, синдром на немирни нозе или restless legs syndrome. Наводно помага масажа, ладни облоги, туш пред спиење, истегнување, ама мене ништо не ме смирува ко ќе почне ноќе, се вртам и мрдам цела ноќ.
Јас имам последнава недела и тоа скоро цело време ме боли срамната коска и левиот препон. Во средата на скрининг ми мереа грло на матката се беше во ред, ми рече најверојатно што натежнува стомакот. Ама па си викам сега во 22 ако тежи и боли што ќе биде до 40та недела.
И јас сум точно 22 недела. Уште многу до крај, а ќе тежи се повеќе. Ќе се издржи само да нема проблем, ќе барам да ми мерат и мене нареден преглед цервикс.
Јас си увртев во глава зошто вака се е во ред дека е бактерија и од тоа ме боли. Абе да не си раат. Мм стално ми вика како може најцрните сценарија да ги замислуваш.
И мене само ми вика да се опуштам да не мислам на глупости , а јас само паничам , само си измислувам ... неколку денови не го чуствував бебче , абе мисли ме потепаја готово.. денес благо се изнајадив и еве го чуствувам абе не е застанато и искрено ми олесна ..
Смее, и мене тој ми го препорача докторката ама некако страв ми беше па се лечев со мешавина од таан и мед- ми помогна, а ужасна ми беше кашлицата со денови.
Мамички дали јадете аронија? Читав некаде на нет дека не е дозволена во бременост а сега само што си направив смути со банана, сок од цеден лимон, замрзнато овошје и 10-15 зрна аронија и ми е шубе да го пијам...