И кај мене до 27 недела на скрининзи и еха се беше ок, а потоа главче помало, па за периодот кога закажав ќе бидам 29+3. Фала ти на одговорот драга
Не го мисли многу зошто до 2 недели поголемо/помало има толеранција. Може ќе има помало главче и генетика е во прашање
Цтг мирно, докторката вели нема потреба толку рано освен ако не ми се јават болки. Иначе во приватна болница ќе се пораѓам. Ќе чекам пак сега. За носот оперил прскав неколку дена и синомарин редовно за прочистување. Истото го поминав последните два месеци. За грло матичната ми даде спреј Ангипро исто дозволен неколку дена да се користи, ми помогна но грлото ми беше многу воспалено. Се ова после 7ми месец
Болки во вагина баш кај отвор, како бодежи и докторката ми измери цервикс од 55мм во 24недела. Ми рече дека е од тежина што притиска бебето. Мешиња планирам пак да почнам да се фарбам и да менувам боја. Сакам со Гарниер Олиа, која е без амонијак, па има везе тоа што сум бремена во смисла на фаќање на бојата?
Тие без амонијак не знам колку ќе ти фатат а и брзо паѓа бојата. Јас до сега два пати се фарбав со професионална фарба првиот пат ми фати многу светла. А сега вториов многу убаво ми фати
Имам температура од 38 и треска од вчера и од тогаш ништо немам осетено мрдање во стомак, па ко за беља прочитав исто, ако имате температура и "мрдањето" не го осеќате хитно на лекар. Не сакам да паничам со секоја ситуација, ама не дај боже па не сакам ни касно да биде ако реагирам и не знам што да правам. Вие, сте имале треска, температура во бременоста? Ама повисока од 38, не за 37 таа веќе секој ден ја имав.
@AugusTina! За првото имав висока температура, испитавме уринокултура и обичен преглед кај општ матичен, прво да видат од што е. Јас по неколку дена тогаш почнав да кашлам многу и добив терапија, се беше во ред на крај. Консултирај се и со гинекологот, нека те види ако мисли дека има потреба, а направи и брз тест за Ковид за секој случај. Парацетамол можеш слободно. Касни благо или кока кола и легни на лева страна, јас така најмногу го осеќам, а мислам иста недела сме. Само смирено, ќе помине можи обична настинка е. Течности, овошје, витамини и одмарај повеќе.
И јас кога ќе се напијам кока кола ги осеќам. Фала ти, ќе пробам да се опуштам да не мислам на глупости. Со години не сум имала висока температура, баш сега... 22ра во вторник ќе влезам.
@AugusTina! толку сум и јас, 22 недела. Паднат ни е имунитетот сега, и јас 2-3 пати настинав од ко сум бремена, со кашлица, со се. Со помин да е побрзо.
Луѓе, тука во Германија стварно многу вкусен леб имале. Еве една година се давев во лебишта. Нема леб кој не сум го пробала. . Али веќе 6 месец како сум трудна и имам качено 12-15 кила што се многу. Мада за моја висина не се, ама претходно си бев манекенка. Порано имам држено диети што ми помагале а тоа се без леб благо газирано итн... е сега четири пати од кога сум трудна пробав пак да ја држам ама НЕ БИВА. Можам без благо али без леб неможам. Како да сум станала зависна од овој германскиот леб. Еве веќе 3 ден без леб абе неможам да спијам, се гушам неможам убаво воздух да си земам, ми се врти.... Зошто ова така? Или има некоја посебна состојка овој лебов за која незнам
Јас леб не јадам никаков со месеци,ми се јаде ама па лошо ми е од него.Веќе се навикнав без него,на почеток ми беше незамисливо ама ете.Не јадам ништо од пченично брашно.Ме фаќа желба за тост,за бурек,мекица,некоја кифла ама кога ке си помислам како све ме боли после јадење на тоа се откажувам.Не сум поправена ни едно кг до сега,20 недела сум.
Девојки 16 +5 сум, осеќам како галење во предел на папок, како мрдање на пеперутка со крилата, дали е рано да го почувствувам бебето или...? Многу сум радосна од вчера
Девојки, имам две прашања. 1. Кога ќе се спушти стомакот, колку време обично проаѓа до пораѓај? Со претходната бременост воопшто не ми се спушти. Сега сум 33 недела, па дали е време да почнам да праам некои вежби можеби? 2. Пред околу месец дена си ја удрив ногата на ќош. Имав оток и огромна модринка што менуваше бои цели 3 недели. Последнава недела веќе се изедначи бојата на кожата, но на допир сеуште се чувствува тврдо топче. Дали треба да се загрижам и дали треба да реагирам некако? Дали е можно да постои згрутчување на крвта на тоа место?
Јас никако не можам да се одлучам како поминува времево ниедно име не ми е нешто wow Мм мене ми препушти да одлучам.
Се двоумам помеѓу две имиња. Мислам дека на денот кога ќе го видам тоа мало цуфче, ќе одлучам. Сега за сега, ги користам двете