Уште полот кога го дознавме се одлучивме за името и сега така го викаме веќе се навикнавме сите. Сега не можам да замислам да го сменам, ако се роди на празник како што сум шубеџија не знам како би се навикнала на друго име
Кога ќе го износи он детето и ќе помине низ се она што го поминуваме ние, тогаш можда и ќе се земе неговиот предлог во предвид
Да, уште кога ги дознавме половите у секунда ги кажав на мм, секако тој се согласи Зар на бремена жена се противрекува
Да, син ми одлучи како ќе се вика Пресреќен е, а и одбра убаво име. @fana ќерче одлучи и кај вас? Души
И мојот не се спушти. Природно се породив. Во болница ми викаа да шетам и да напнувам за да влезе бебе во канал .. за пола саат ми рекоа добро е,качувај се на бокс.
Да, уште одма кога дознавме пол му кажав на мм за името, он имаше друга желба ама или ќе по мое или ќе биде по инат хахаха, на крај попушти оти со хормониве сум хаос па да не падне некоја жртва ❤❤❤
Девојки, ај некоја ако може да ме утеши. 29+6 сум со близначиња и од вечерва осеќам константно болка како боцкање/сечење во пелвичната регија (како во цервикс) Ова почна да ми се случува по целовечерна активност на бебињата и мрдање што ептен ниско го осеќам. Пиев магнезиум ама нема ефект, боцкањето си продолжува. Не сум во Скопје, ама се мислам дали звучи страшно да тргам натака на дежурен? Немам менструални болки или контракции.
Значи има надеж. И мене исто ми викаа и се утепав од шетање од 8 сабајле на клиника до 8 вечерта кога завршив на итен царски. Додуша друга беше причината за царскиот, ама стомакот воопшто не ми се спушти и не се отворив повеќе од 4 прсти. Не знам дали е поврзано едното со другото. Само што веќе паники почнаа да ме фаќаат.