Да да знам , мене јасно ми е , само споделив што ми кажа докторката кога ја прашав , јас секако со шеќерна се депилирам , битно ми беше дали да се дрпилирам или не
Не е исто воопшто. Влошка не би барала да ми смени. Во бричење само ми ја гледа, што прави и нормално нели во овие 15 години секако ме видел, повеќе ми е срам од мајка ми или свекрва ми пример. Пред свекрва ми и градите не сакав да ги вадам.
Јас се депилирам од средно, во исто студио, не сум имала проблем, многу е чисто. Со восок што се претопува не ни работат. Цела бременост редовно си се депилирав, без паузи, читам некои не препорачуваат првите три месеци. Последен пат се депилирав неколку дена пред термин. На крај пак ме поминаа со бикче на стомак, иако депилиран беше. Мојот доктор кажа дека кај уредни бремености се може да се прави како претходно, депилации секс работа пешачење. Жени кои вежбаат сигурно не им кажува да пресечат, само темпо да намалат.
Мене во првото тромесечие ми се спиеше многу посебно први два месеца, а сега око не можам да склопам до сабајле, инаку сум 32 недела.
Јас колку лошо спијам.. Ај што едвај заспивам, па и на секои 2 саати се будам и седам така по пола сат, па ќе заспијам, па по 20 мин пак ќе станам... Маки. А за бричењето многу другарки кога беа пред пороѓај ми кажуваа дека мажите ги бричеле доле. И јас еднаш му реков кога ќе дојде време и ти така. Па ми рече нема шанси да те исечам па да се секирам после. Сериозно, без оглед што ни е најинтимна особа и не видел секако, не можам да се замислам да ме бричи доле, со оглед на тоа што и никогаш не ме видел со влакна како и да звучи ова Ни па мајка ни свекрва, можеби сестра да ја имав или многу блиска другарка.
Ако можеш оди на козметичар да те издепилира, многу подобро од брич, нема многу брзо и оштро да пораснат влакната. Ако ти е забранета депилација, побарај да те избричат, сепак козметичарот го работи тоа и нема ништо срамно.
Добро само јас ли со машинка се средувам секаде? Нозе,раце, интима се комплет. Така беше и со првото така и со ова. Тешко е, не викам дека е лесно, ама со огледалце пред мене лека полека терам До крај на 6 месец успевам, за понатаму пожурка ќе биде ама тоа е. И дали сте забележале дека поспоро и помалце растат влакна во бременост ики мене само така ми се чини?
Покрај сите маки, сега и со температурава, вчера вечерта од јаки киселини пена само што не ми излезе од уста. Прв пат во животов осетив киселини, одвратно нешто, тешко на тие што нон стоп ги имаат. Со оглед на тоа што непознато нешто беа до вчера па ништо немам појма, имате вие искуства? Ги имате, како се справувате, што ги предизвикува? Едно јако објаснување добив дека јаки киселини значело дека ќе се роди бебе со коса хахаха.
Здраво мешиња. Јас за првото сама се средив со брич, така планирам и сеа. Маж ми би го молела, друг не за таа работа. Најлогично ми е тоа. За такви работи си имаме разбирачка. И знам дека тоа што ќе ме види у таква ситуација, нема да ме направи понепривлечна у негови очи. За киселината и косата, врска нема. Бабини деветини. Ако ти е желудникот надразнет и осетлив, ќе имаш киселини. Иначе косата на бебето што расте во матката како би бола поврзана со желудникот? Јас со киселините си живеам.
Знам и јас дека не би ме направило тоа помалку привлечна и не ми е за него, него за мене. Не сакам да ме бричи колку и да сме интимни и сме виделе се, тоа ми е некако не знам лично за мене непријатно. За косата на бебето да смешно е ептен. И жал ми е што имаш киселини, немало полошо од тоа...
Фала богу супер сме како и да гледаш, ама сепак ми е непријатно да ме бричи доле. А од друга страна па можам да се замислам јас да го бричам него Мене сакаше да ме прашаш или другата женска што пишала дека и се проретчиле влакната?
Леле јас па обратно. Сега повеќе ми растат дури и на места каде претходно немав сега ми се појавиле. Пример на стомакот, околу папокот... Ужас.
И мене на стомакот. Поише ми растат, од хормоните и вит валгда. Па и поише ме боли средување со машинка. Еднаш ја пуштив на нозе, нема теорија пак.
И мене на стомакот и на рацете а никогаш не сум имала. И тие што ги имав кај што имав ретки и светли беа пред бременоста.
Кажа дека не те видел со влакна и се чудам како е можно. Јас се депилирам секаде и на крај на месец сум со влакна.
Се бричам јас доле. На други места ретки ми се и незаприметливи. Со еден потег ги нема веќе. Е сега во бременоста друга приказна, почнаа и на раце и на стомак да ми растат.