Абе каква свекрва, ни па пред мајка ми сум ги извадила. Ако треба некој да ми помогне и да ме гледа тоа ќе биде сопругот секако.
Има некои свекрви снаата го дои детево таа над глава и виси. Јас за доење ќе си одам кај мене во соба сама, пред свекрва ми и остали не би доела.
Има некои ко ќе речат ај све жени сме нема од што да се срамиме. Не само за доење општо мислам. За пресоблекување и сл. Јас сум против тоа. Почитувам туѓа приватност, и сакам да ја почитуваат мојата.
Ауу не ми збори, мене така ми правеше со првото. Јас во спална она по мене и само ја фаќа нешто, ја гали, а малово цица. Аххх да ми е тој памет сегааа...ама ај човек учи додека е жив. Јас од култура тогаш ништо не зборев, ама сега со второво, само живо и здраво нека е, очи ќе вадам мислам. Инаку за депилацијата, обично еднаш неделно се проаѓам со машинка, неможам да поднесам да ги трпам цел месец, ама сеа се немав фатено скоро 3 недели и седнувам стискам заби, ко глеам и на нозе и на интима онака многу малце. Најверојатно кај секоја од нас различно мава трудночава
Жени кажете кај има убави квалитет и бодиња за новороденче и поискусните да кажат што треба да се изнакупи за летни бебиња Фала ви од срце.
Не ти е досадно. Мене и на депилција ме мрзи да одам а не пак сама. Ваикики и џорџ покажаа врвен квалитет. И картерс ама кај нас се скапи.
Јас сум многу задоволна од H&M, ама сега не би се спотегнала до Солун. Гледам многу ги нудат он лајн кај нас нивните производи, а имаше и едно девојче на ФБ што носеше баш од таму за одреден процент. Инаку памукот им е преубав и не се облекуваат преку глава, туку на преклоп, што е мн битно за почеток додека ојачаат. Да не знае некоја кога планираат H&M кај нас да ја отворат? Гледам дека е годинава, ама никаде нема дата кога точно
Нема полошо од тоа, гратис сигурно ќе добиеш и совети од типот "не треба така, ние во мое време вака правевме..."
Јас имам киселини претежно навечер, ладно млеко од фрижидер две голтки и ми поминуваат веднаш. Преблагодарна сум што ми поминуваат веднаш
Исто. И мене маж ми ме средуваше долу последните неколку пати во прва бременост. Исто и ми сечеше нокти на нозе, ми ги турпијаше и лакираше. Сега секоја вечер ме мачка со крема по цело тело, особено нозете, тешко ми е сама. Не гледам кој друг би го праел тоа место него.
Ти си била среќливка со таков маж. Камо мене да ме лакираше и триста работи. Мојот за жал не е таков.
Да со млеко поминувале на краток период, ама на подолго правело уште појаки и почести да се. Тешко нас. Иначе навечер ги имам само да, иако сега ми почнаа. И гледам ги имам кога пијам густи сок и ако лежам на ниско со главата.
И јас сум му сега дете на мм Помага за бричење, редовно нокти на нозе ми сече без да го потсетам, секое сабајле пред работа чорапи ми облака, абе душа ќе ми фали дел од негата понатака
Не, колку сака нека сум интимна со мм, да ми бричи интима нема теоретска шанса. Додуша не беичам интима веќе 13 години ... Да исечам нокти да облечам чевли чорапи можев во прва бременост, ќе можам и сега сама.
Ниеден маж не е таков, ама тоа не е оправдување. Едноставно и бременоста и се околу тоа е двострана улица. Не дека знаеше како да го направи тоа, се плашеше да не ме сецне негде, негде ќе промашеше, јбг, ама како така подобро беше отколку ич. А мене ми беше страв од инфекции и дур бев трудна не одев по салони. Кај и да е, ќе почне пак да ме средува долу. Иначе, прва бременост, паничев цело време. Ужас бев. Се некои исцедоци, кафен исцедок само имав цели 8 недели. Секое одење во тоалет само вриштев по маж ми да дојде, па заедно да ја анализираме влошката. Дал е кафено, дал е црвено или розе, каква му е структурата, мирисот. Не знам што ќе праев ако не беше тој. Колку пати дур беше на работа, ја сликав влошката и му праќав слика, па тој одеше до гинеколог да праша со сликата дал е нормално. Среќа не ме разведе тогаш. Сега ми е смешно, ама тогаш и двајцата бевме многу загрижени за секоја промена, а се беше сосем нормално. Па и влошка да ми смени, ништо веќе не ми е чудно. На крај кога се породив, после некое време прв пат ми искоментира као што све видел тој во животот дур сум била трудна и уште се смееме на тоа. Ќе си побарате од мажите што и да ви треба. Нема срам од нив. Иначе, во бременост прв пат ми пораснаа влакна на стомак, ама не ги вадев, тие се хормоски и по пораѓај не памтам точно колку време, сами паднаа. Скроз те разбирам. Колку ми олеснува чорапи кога ќе ми облече само. Оваа бременост сум многу потромава и се ми е потешко.