А кој кажа дека се срами или дека мажот ни не би го направил тоа за нас , туку ние не го сакаме тоа и мојот чистеше по дома кога бев бремена и ме боцкаше ама ноктите сама си ги лакирав и сама се средував тоа беше мој личен избор. Само мешате баби и жаби и ставате зборови у уста.
Дали добро разбрав дека на пораѓај го бричат стомакот? Мене ми се појавија исто влакна на стомак претходно воопшто не сум имала но не до толку за да ги бричам...
Да да за царски бричат. Бев средена се ама кога одлучија царски дека ке е дефинитивно ме поминаа со бикче.
Женче, не си само ти со таква бременост. Еве и јас сум со потешка бременост, но маж ми е по странство и ако го чекам него, ќе останам неизбањата и со неисечени нокти
Заклучок на денот е дека на сите вас мажите би направиле се’ за вас, само е прашање на ВАШ избор и нема потреба од убедувања више. Ако ви е за утеха еве ја сакам мојот да ме масира и да ми сече нокти и све по список, ама ќорак. На муабет он све ќе направи, а ко ќе го замолиш “еве 2 минути” и ако не станеш сам после 20 ќе чекаш 3 дена. Среќа што можам све сама и полесно ми е така, зашто не дај боже да треба он да помогне само ќе ме успори и изнервира.
Од која недела се рачуна 5ти месец? Утре сум 17, според некои апликации од 17 е 5ти, според други од 18.. Ме интересира вие како рачунате?
Е а баш пред некој ден размислував дека 6ти месец трае најдолго по недели. По моја математика ако 7ми почнува во 28 испаѓа дека трае 6 недели, можда и 7 ако 5ти не е заклучно со 21ва.
Да, за царски да. Ама и бидејќи не се знае однапред како ќе те породат, на Гак бараат да си сегде бричена. Имате ли болки во кичма и нога? Ме фати кичмата и левата нпга само. Кичмата на таа половина само. Ме потсеќа на болка во кичма пред добивање и страшна језа ми праи тоа.
За доење ја вадев цицката кај и да сакаше малава да цица. Ич не ми било гајле дали дошла свекрва или свекор или нз кој. Не ги мафтам јас на мегдан. Бебето мора да јаде. На почеток седев повеќе во спална поради сецнатото долу па ми беше полесно легната и си влегуваа кој како сака да ја видат бебка.Штом така после кога веќе можев да се движам ,кај и да бев ако требаше да јаде бебе, вадев цице Ако им е незгодно нека не гледаат. И мене ми беше незгодно на почеток кога ми влегуваа во спална
Јас сум 26 денес и сметам кога ќе бидам 27ма ќе бидам 7ми месец, исто кога бев кај матичната така ми објасни.
Таман со датата мимсе поклопува. Значи последна недела од 6 ти месец. Колку брзо ми помина оваа бременост значи.