Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и уште нешто сакав да кажам за во Гак кога ке те качат во претпородилна дозволуваат да носиш само
    влажни марамици,тоалетна,улошки,телефон и водичка или сокче и евентуално нешто лесно за јадење..
    Торбицата со работи што ви се потребни за вас и за бебчето послем тоа ви ја донесуваат, и има посета , значи сабајлето кога помина визита сите надвор си излегуваат и си земаат што им донеле така да не се секирајте ке си го видите мажулето :P
    Јас когао станав вчерта мм дојде ми донесе што ми требаше и си поседовме малку а ги гледав и тие што беа породени си излегуваа и никој ништо не им викаше :) :) :)
     
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Машала добро си запознаена со овие работи. Кога ти е терминот? Се надевам дека ќе јадеме мекици во брзо време.
     
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Па мила бев таму една вечер и затоа знам..
    Инаку терминот ми помина пред 4 дена, утре одам на контрола и ЦТГ па се надевам дека ке ме задржат :) :) :)
     
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ооо на бебчето не му се искача. Се надевам дека ќе поминеш со лесно, па да ни кажеш како што било :)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро утро мешковци, кој уште спие блазеси му а кој е веќе буден добро утро. Станувам секој ден околу 4 саат сабајле и навистина ми се смачи више сакам да спијамммммммм. ... Уник ајде на пораѓај што е ова седење дома ;) Со лесно :* Како сте ми труднички , јас цело време не наспано :( Само да ве поздравам сите вас и имајте убав ден ... :* :inlove:
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ивановичка до пред две недели секој ден точно во 4ч станував :lol: но пак успевав да заспијам. Преспивај преку ден ако имаш можност.
    Јас сега сум во фаза неспиење цела ноќ, едно 4пати обавезно станувам за во вц, па во 7ч кога станува мм за работа и јас сум будна, и се така до 12ч одприлика кога ми се приспива, па спијам до кај 16-17ч.

    Синоќа беше интересно, во 3ч , само што сум задремала, осеќам таква тапа болка во желудникот, што во секунда ми дојде да повратам. Станувам и се чудам што направив, кога после 2мин ми текнува дека ова зверот од внатре ме треснал така добро, што ете уште мислам дека ми е желудникот подместен. ]:)
    Од синоќа пред спиење, а еве и денес почнав да осеќам исто нешто чудно доле, како да ќе се распорам , којзнае што е работава.
    Ми кажаа со цтг да почнам кога ќе влезам во 36н, а јас викам да не одам во петок право, туку да си почекам до понеделник, па ќе видиме како ќе биде ситуацијата.
    Уник ти кога почна ??(ако си уште тука :P )
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.553
    Допаѓања:
    104.115
    Пол:
    Женски
    Меу, а на ЦТГ не те пушта докторот? Јас мислам дека со упат одеше сестра ми од докторот, не знам дали сама изрази желба да иде. Инаку на ЦТГ сестра ми имаше многу лошо искуство, ми се чини дека мене ми се идеше сестрата да ја задавам, а не на неа. Значи си отидовме најнормално во 36та ама не разбрани доволно сестра ми гладна беше и и кажа сестрата да иде да касне нешто, да се напие кафе, кока кола и да се врати. И отидовме ние пак и почна докторката да мрчи, па кај ве пуштаат во 30 недела на ЦТГ, не знам што, не знам како и ајде и вика мануелно да те прегледам, леле сестра ми коа кажа да вресне, јас мислам дека на Кожно ја слушнаа, а ја секако директува у ординација, среќа ме спречи сестрата, ама коа и се издрав, и викам тебе сестра ти да ти се дере така да видиме дали нема да сакаш да влезеш. Е сеа коа си мислам, докторкава ни направи услуга, ѕверон излезе после 2 дена :lol: Требаше да ја почастам а ја тргнав да ја тепам, нејсе, муабетот за тоа колку се фини на ГАК е правен, мене ми беше друго, да не ти треба упат од матичниот гинеколог, нека ме просветли некој ;)
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Да да треба упат, па кога бев да земам, за да не се мкнам сега, ми кажаа од 36н да почнам да одам, прво еднаш неделно, а ако има потреба таму ќе ми кажат за почесто. Јас ќе одам во Чаир.
    За вагинален преглед веќе имав едно искуство и сега ми е во план да се тепам со нив ако сакаат пак :lol: не да боли, звезди броев. :fubar:
     
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Прво сакам да прашам како се изведува ЦТГ ако може некој да објасни.
    Второ за вагиналниов преглед нерзбирам зошто да боли?
    Трето за кога проверуваат колку си отвотена дали некој знае како тоа точно се мери, два прста шест прста :o (стамота прашањево ама подобро да си знам)
    Инаку поздрав до сите а највеќе до сињорита ломбарди која ја чекам денес со добри вести за бебчето
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.553
    Допаѓања:
    104.115
    Пол:
    Женски
    Цтг се прави така што се става едно ко каиш мислам на стомак и на него има нешто ко апарат за мерење притисок, мислам дека тоа е тоа, ако грешам некој нека ме поправи. Мануелното проверување е болно, ко прво затоа што самите гинеколози не знаат за болка, тоа е дефинитивно докажано, гинеколозите не знаат за зборот ме боли, имам и на своја кожа осетено а богами и од блиски, пример гинеколозите не признаваат за менструална болка, тоа за нив не е болка. Да не должам, секако дека боли бидејќи тие мораат да те проверат малку подлабоко од што на нас ни се чини дека бебето излегува, грлото на матката, ако не се лажам и приверуваат со гола рака. Е сеа, ако ти се погоди некој/а од мајка роден/а да те предупреди добро е, ама ако од нигде никаде осетиш рака внатре непријатно е. На крајот на краиштата мораат да те прегледаат, кога тогаш, и на пораѓај да е, пак ќе ти биде непријатно. За тоа како мерат не знам да ти кажам, да не те излажам, веројатно тоа брцање рака внатре значи тоа, колку си отворена да проверат, се разбира мануелно, а мислам дека тоа веќе и го знаат од пракса и не ни проверуваат, тоа ти е како во кројачки салон кога тетката ќе ти каже, ааа дете ти не си веќе 40ка, 38ца си, си ослабела. :lol: ама споредба напраив, ама па малку да ве развеселам бе мамички :*
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    ЦТГ се два каиша кои држат по две кругчиња кои ги поставуваат на две различни нивоа на стомакот, приклучени на апарат кој покажува дали има контракции. А се слуша и звук како шум и отчукувања на срцето на бебето.
    Вагиналниот преглед се прави со рака, боли затоа што ти ја збрцуваат цела рака внатре, а нормално кога не си возбудена и влажна такво нешто е болно :lol: На тој принцип мерат дали и колку си отворена, значи се мери со прсти, рака....
    Не е да гинеколозите не знаат за болка, зошто мене лично ме проверуваше докторка, која има родено, па сигурно знае дека боли, но ете боли и тоа е тоа.
     
  12. aleksandramiloseska

    aleksandramiloseska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки :) еве денес ми стигна резултатот од брисот и гинекологот ми рече дека имам кандида а дека друго се е во ред. Ми препиша вагиналетки Микорил и капсула Дифлуконазол. Е сега пошто се обидуваме со мм да имаме бебушко велам случајно ако сум останала бремена дали е штетно да ги користам овие лекови? Докторот не ми кажа ништо посебно за тоа дали смеам или не. Ајде некоја од вас феминки ако имала слично искуство да го сподели со мене :) Поздрав до сите :)
     
  13. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Od se najmnogu go mrazam toj manuelen pregled.Ednas tolku me zabole i se stegnav sto doktoro ne mozese da si ja izvadi rakata :o :) mi veli opusti se, eee aj neka legne toj i neka se opusti.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Дифлазонот мислам дека не е препорачлив за во бременост , ќе си видиш и на упатството. Па направи прво тест, па после почни со лекарствата. Инаку Дифлазонот мислам дека е единствен корисен лек против кандидата, барем мене ништо друго освен него ми нема помогнато.
     
  15. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Мене исто ми најде кандида и ми препиша Канестен 3 и Полигинакс. Ми рече прво да го земам Канестенот па по два-три дена овие другите.. Со Канестенот завршив и добро поминав, а за другиве требаше од вцера но ми беше страв, па најверојатно од денес ке почнам со нив, 6 ги има :@ Инаку се плашам да не има некои несакани дејства, незнам да не ми предизвикаат нешто или недај Боже крварење..Си направив филм па се уплашив. Мм ми вика дека штом ми ги препишал доктор дека не би требало да има проблем, зашто он сигурно знае па ме убеди од денес да почнам :( Ајде некој ако има искуство со овие нека ми пише малку да се посмирам во мислите.. А за тебе Александра и јас би те советувала да си направиш прво тест па после да се консултираш со доктор ако излезе тестот позитивен.. И да не ти е термин за да дознаеш, ако е сеуште рано, подобро почекај си па после реагирај.. Поздравче до тебе и сите :* :*
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јас ги примив Полигинаксот два пати. Веќе пишав за нив. Мене не ми помогнаа, додуша незнам ни зошто ми ги дадоа, но тоа е. Ги даваат често во бременост, без гајле.
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    во врска со вагиналниот преглед, мене помалку ме боли кога сум опуштена и смирена..вака само му ја стискам раката и мислам дека уште толку ме боли.. 3 пати до сега ме прегледаа така , болно е ама се издржува, повеќе боли кога се отвараш и кога те прегледува..

    Посакајте ми среќа јас одам да се видам со мојов доктор и да се договориме што како ке биде, се надевам дека нема да се вратам пак и дека за некој ден ке ве израдувам со убави вести..
    Поздравче до сите и имајте убав ден, ако нешто биде јас овој ден и те како ке го памтам :) :)
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Абе и мене ме прегледуваа вагинално ама ставаат ракавица и некој гел на прстите (истиот гел што го ставаат на сондата за вагинален ехо преглед) и мене не ме болеше ич.
    :^)
    Е сега дали со напредување на бременоста повеќе боли или нема врска тоа?
     
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ајде со арно и лесно Јуник, чекаме да не израдуваш да знам кога да спремам мекици.Може во месењето и мене ќе ме фати некоја породилна болка, па со себапот и за мене да замесам некоја да ве почастам :rofl:
    Инаку ова чекањево било маки големи бе луѓе. Кај толку чекавме и се радувавме, па сега при сам крај како црвци да ни вријат и само чекаме. А денес, а утре и вакви :drunk: ненаспани сме од овие лажни болки. Бебуш некое големо мангупче ќе да е.
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Уник со лесно миличка, да не израдуваш што побрзо и да си се олесниш. :angel:
    cecilia мене кога ме прегледуваа не си стави докторката гел на ракавиците, мислам дека ме одра, потоа наредните два дена имав кафен исцедок(тоа кажува се). :fubar:
    Ноелле ајде и тебе со лесно и што поскоро да си се гушкате со мангупот :lol:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.