Сакаш да кажеш дека ти влегуваат во спална без да чукнат на врата? Што ако се пресоблекуваш и си гола. Јас не знам зошто не си изреагирала за ова а очигледно ти сметало. Тогаш каква приватност имаш ти во таа куќа? Ова е основна култура и домашно воспитување.
Женска тоа се различни мислење, различни луѓе сме и различно размислуваме. Не може сите исто мислење да делиме И јас сум со близнаци ама не давам да ме бричи Немој да се лутиш Верувам дека тебе ти е многу потешко и дека имаш потреба и ако не е тој нема кој зошто сама не можеш и ако дојдам јас до степен да не можам сама ништо никако можеби со тешко срце би прифатила таква помош, ама ете не би сакала и до последно би одложувала. Не е за оладување или глумење или трескање од земја, едноставно не сакам.
Мене баш ич не ми е проблем сопругот да ме среди долу, со него сум најинтимна, ем воопшто не ми е табу да ми ја гледа зашумена нит ми е проблем, тоа е природа... Вон контекст на муабетот... Јас се чудам на оние кои не виделе природна жена, па и на жениве што им е срам маж им да ги види така... Уште повеќе се чудам на мажи кои не практикуваат интимност ако жената има вишок влакно долу, е тоа е врв!
Добро утро Гледам повеќето од вас ноќни птици, јас па денот рано рано да го фатам Прашање за оние кои следат бременост во систина Во 28 недела ако закажам преглед кај Димчев ќе ми го сметаат како 3 скрининг или обичен преглед? Или па ако тогаш закажам преглед пример кај Бојаџиев како би го сметале (наплатиле)? И уште едно дали сите го правите 3 скрининг?
Веќе неколку дена по ред се будам мамурна, како да сум пиела алкохол претходната вечер. А уште пред да забременам, ни капка немам ставено во уста. Секој ден сум на кока кола и лимон, главата навечер почнува да ме боли, среќа па заспивам брзо. Од што може да биде и како да си олеснам?
Утро. Јас бев на прв скрининг кај Бојаџиев, ми го наплатија 3000 како обичен преглед. Читнав дека не зборел многу, ама мене баш се убаво ми објаснуваше и покажуваше и ептен сум задоволна од прегледот.
Си чукнуваа ама јас не мислев да и го вадам цицето од уста. За тие да ја гледаат. На прво место ми беше да се најаде таа. Не сум сакала да сум дрска, знам мерак имале сите да го гледаат детето. Сум била дрска на паметување, а за влегување кога ја дојам не. Зашто кога им помина меракот, си вадев цицка кај и да сакаше бебе,па на нив тогаш незгодно им беше и си одеа или ќе излезеа на балкон
Мамички едно прашање до тие што се правеле прв скриниг во систина колку ве кошташе..прашувам за тие со инв затоа што ми закажаа за преглед кога ке влезам во 12 недела мислам дека и скрининг ке ми прават
Женски јас денес со болки во кичма.. т.е само еднава страна. Бебе сабајле многу мрдаше, можно е да застанало на некој нерв? Што да пијам? Ќе е проблем ако пијам магнезиум од 400мг и сега и навечер?
Морам да прашам тука, бидејќи не гледам др тема. Вчера, купував во продавница благо, сок и кафе, бевме во парк со мајка ми и сестра ми. Она е трудна Бидејќи имав паничен напад и и реков дека ќе одам само до блиска продавница, пошто ми е лошо,сестра ми се налути. Сакала кафе од таа и таа продавница. Мајка ми, се налути зошто не сум ја почитувала бидејќи на бремени жени, се му се купувало што ќе посакаат за јадење и пиење. Покрај кафето, тетрапак , им купив по две пакување ресани а, за мене си зедов само чоколатце, видов ново сакав да го пробам. Е, сега, пак виновна зошто јас не сум и дала од моето чоколатце. Дали згрешив што не и дадов или сестра ми малку поќе претерува?
Напиј се слободно и сега и вечер. Ако имаш дома б комплекс да се напиеш две таблетки наеднаш. Мајки правевте ли преглед на срце? Тоа е исто со вториот скрининг или се закажува покасно ? Кој доктор за тоа беше специјалист? За првото не правев такво нешто па затоа не знам. Ми спомна братучетка дека правела. Инаку да напоменам вториот скрининг го правев два пати, еднаш кај Ана Данева на гак и еднаш кај Михајло Вангелов во Битола. Ни едниот ни другиот не ми спомнаа дека нешто е сомнително. Може совет?
Да јас правев преглед за срцето кај др.Драшко од Систина. Наводно се правел до 24та недела така ми кажа.
@GirlLove мислам дека претерува, јас сум бремена и не би се налутила за тоа. Башка што ти било лошо во моментот. А од друга страна пак ја разбирам ... Некое хормонче и има збеснато во моментот А за чоколатцето мајка ти претерува
Фала. Б6 пиев едно, сега ќе се напијам уште едно и магнезиум. За преглед на срце, мене ми рекоа тоа на скрининг, 22 недела требало
И сестра ти и мајка ти претеруваат. Ако не грешам, а мислам дека и претходно имаш пишувано и прашувано за сестра ти како очекувала помош од тебе околу детето, а ти не беше во можност да и се најдеш баш тогаш и исто ти се лутеше. Точно дека сме трудни и хормони ни се хаос, ама не е фер да очекуваме сите да си ги запостават своите животи и да ни се нас на дугме. Ни трудни ни понатака со деца. Ако сакаш да помогнеш помогни, ако не сакаш или не можеш апсолутно не мораш и тоа е твое право. Нема право никој да ти негодува или да ти се лути за тоа.
Сестра ти е бремена, со хормони на најјако, но некои трудници и те како претеруваат. Мајка ти ако знае дека си со панични треба да има разбирање и за тебе. Не се замарај толку.