Пред неколку дена читав интервју на Димчев, баш пишуваше дека секој добар гинеколог би приметил доколку нешто не е во ред со срцето и би ја испратил пациентката кај соодветен доктор, дека преглед на срце се прави по индикација а не по желба. Така да ако си била на два скрининга и ништо не ти спомнале само џабе ке си лупаш пари... Ствар на избор.
Здраво јас правев кај доктор Драшко во систина. И сум презадоволна, сметам дека срцето е најважен орган и дека треба да се направи ваков преглед. Јас немам никакви индикации, но сепак го направив прегледот. Инаку имам мстичен гинеколог, а решив да се пораѓам кај доктор Корнелија бидејќи навистина ми пстава прекрасен впечаток, бев кај неа 20та недела и сега 28ма. Искрено мислам дека тој срцев скрининг е важен, бидејќи детално ги разгледува сите детали, му мери и притисок на бебето и се. Јас немам многу финансии со нормални примања сум, ама сум човек паничар па затоа и дадов пари. Прегледот чинеше 4300 денари инаку само тој доктор е специјалист за пренстална ехо кардиографија - нема да згрешиш. Убав ден
Јас веќе речиси секој ден пијам по две ќесички магнезиум. Можеш. @fana јас кога бев на морфологија, гинекологот убаво го гледаше срцето, броеше комори и пред комори, 4 треба да се. Се беше нормално и не правев ништо дополнително.
Инаку скрининг 5600 денари, скрининг на срце 4300, обичен преглед 3300. Уплата за породување 12 000 со бесплатни прегледи од 36та недела плус три главни прегледи за бебето. Природно 95.000 Царски 125.000 Оној ден прашував за цените па да споделам )) п.с преглед на новороденче родено во Систина 2900 обичен преглед после тие задолжителните
Фала другарки На два ума сум. Си велам дека двајца спец ме гледаа ќе ми кажеа ако нешто им "смрдеше" Од друга страна си велам па синкир сите што правеле имале индикација за прегледот. Немале ама направиле.... Утре сум на ехо кај матичната, ќе ја прашам за совет.
Јас не правев, кај матичниот одев на 3-4 недели, кај Петрова на скрининзи. Им верувам целосно и да имаше нешто ке кажеа. Елена за втор скрининг е детална максимално, гледа се па и срце. Не сметав дека треба плус за срце да одам. Да имав во семејство некого со срцева маана или нешто поврзано би отишла за мир. Затоа скриен шеќер проверував два пати поради индикации. Димери и времиња исто така следев секој месец.
Па на тој преглед најмногу посветуваат внимание на срцето. Бројат, следат, и на моево откуцај на срце проверија, всушност постојано го проверуваат. Не му ја мисли, ако имало нешто, ќе спомнат и ќе пратат на подетални испитувања. Прашај си ја и матичната.
Јас ја прашав Петрова дали има потреба да правам, ми рече да видев нешто и најмалце сомнително сама ќе те пратев да одиш кај Драшко. Вака немаше потреба и не отидов и не гледам причина да се преиспитувам. Сепак ако ти мислиш дека помирно би спиела закажи си.
Здраво мамички, да ве прашам во врска со скринингит -Приска. Докторката ми понуди и некое друго испитување кое било околу 600€ и се пракало во странство. Дали некој има искуство со такво испитување или сте оделе само во државно?
Еве ме и мене 10та недела и 3 дена. Влезена сум во трет месец или? И јас мака мачам со крварење, првите две недели имав скоро секој ден по некоја капка дури еднаш така и пообилно со парчиња. Скоро секој ден бев на гинеколог од страв. Ништо не најдоа се е во ред со бебето си се развива како што треба. Сега крварење имам преку три дена минимално. Од терапија само Дабростон пијам. Последно бев на преглед плодност и таму ми рекоа се е во ред штом е минимално крварење. Ама пак стравот си владее во мене. Како сте другите мешиња што сте околу 10та недела? Со лесно на сите и сите дај боже до крајот на годината со полни раце среќичка
Те молам кажи ми кои се индикации за скриен шеќер? во семејството имам дијабетичари и ме фаќа малку страв Ама како што кажав пничар сум јас свесен хахахха
Не мора да значи ако имаш некој во семејството дијабетичар дека и ти ќе бидеш, ама сепак провери си за секој случај. Мајка ми е дијабетичар, ама јас не сум.
Јас правев нифти тест, 600 евра ме чинеше детална анализа за сите гени, подетално можеш да го видиш на ФБ. Бидејќи правев Нифти, приска не правев. Искрено за мир у глава ја све. На крај боље да дадам пари за тоа пошто ги лупаме на други работи како гаџети за бебе. Направув компромис со оглед на финансиите што ми е повно. Ама и тоа и тоа е океј, се е до личното
Јас немав индикации, ама сепак матичниот ми рече да проверам, не е ништо страшно и се надевам дека се ќе е во ред.
Извини ама малку повеќе претерува 9ти месец сум и уште не го разбирам тоа морало на трудна жена се да и се купи па макар и ноќеска во 3. Тоа е претерување според мене, нормален апетит си имам ништо посебно не ми се јадело или пиело па и да ми се јаде сигурно нема на некого на глава да му се качувам зошто не било од таа и таа продавница и морало тоа и тоа да биде.А и мајка ти претерува исто, трудница ајде до некаде ќе разбереш, хормони итн ама тие околу нас што не "разгалуваат" толку да речам само лошо прават.
А мене што ми се случи... Цел ден ми е непријатно и неубаво на душа. Јас сум иначе човек што не верува во бабини деветини и не сум ни разгалена ни нешто посебно нешто допира до мене ако некој ми каже, ни порано а ни па сега без оглед на хормоните, ама ова некако на некој начин ме погоди. Не од страв дека ќе се случи, какви тешки глупости, него од тага, да не речам и шок што постојат вакви луѓе, што себеси си даваат толкаво право да тресат вакви зелени без осет, без срам, а возрасни, жени, мајки и баби. Чекав сабајле такси и пошто ми беше топло а носев кожно палто го извадив и го ставив пред стомак со рацете да го држам и си чекав. И доаѓа една комшивка од продавница, ме гледа, здраво здраво и место да иде накај влез ми доаѓа мене и ми вели абе праевме муабет пред некој ден пред влез за тебе (правеле тие минџрите што се собираат пред влез муабет за мене еј кој би рекол, мислевме дека за општинско добро се собираат со пластичните столчиња и сончогледот) и ти некако како да си бремена хехехе. Ама видовме дека и го криеш бебето од нас. Ете и сега го криеш од мене. И навистина не сакам воопшто да се објаснувам со вакви жени ни сакам ни воља имам ни па гајле ми е што мислеле и констатирале и само се смешкав ко идиотче и се молев да дојде таксито. И ми рече бе, ова ми го рече ненормалната. Да знаеш дека така се раѓа глуво дете. И реков дај жити се не треси глупости те молам, па уште и ми вели ете да бидеме здрави и живи ќе дојди ден кога ќе ти речам ти рековвввв.. Таа да била здрава и жива ненормалната да дојдело ден да ми речела дека ми рекла дека детето глуво ќе се роди. Ненормална кокошка не знам не се ни сеќавам како изреагирав ваљда дојде такси се спасив или се спаси таа, може вака звучи глупаво, ама ете мене на некој начин ме погоди...