Јас правев Нифти тест во гинекаликс (670 евра), точно се праќа во странство и е со околу 99% точност, поради тоа воопшто не ни правев приска.
Ненормална!!! Некои луѓе стварно немаат осет и воопшто не треба да бидат удостоени ни со едно здраво а не повеќе. Како само си земаат за право тоа се чудам. Искрено мене нит ме интересирало за други ни па сум прашувала, ако некој сака нешто сам ке каже... Има и муабети од типот која недела си, и кажувам, абе една моја пријателка ова и се случи, друга прокрваре го изгуби бебето, на трета не знам шо и било, абе се хорор приказни... И не дека нешто посебно ме тангираат ама си ставаш мисла у глава и едно неубаво чувство... Се мислам дали на тие личности кога би биле трудни или нивни блиски би им било сеедно да им кажуваат оваа го изгуби бебето, на оваа вака и се случи... Некои луѓе се толку лоши и безчувствителни што џабе се нервираме.. Пушти си музика и ич не ги мисли
Абе ретардирани ли се луѓево Па се кажува ли такво нешто?! И јас не верувам во бабини деветини ама вака да ми каже носот ќе и го пукнам ко што сум слаба на нерви Луди жени…
Ее колку сум се изнаслушала вакви глупости што дури и блиски особи ми се одмилија. Јас и кажувам трудна сум, близнаци ќе имаме, како на личност блиска со нас па ајде меѓу првите да ја удостоиме да и кажеме уште на почеток, а замисли и таа не мајка него и млада жена не постара и ми рече абе не ме сфаќај погрешно ама близнаци, дали ќе ги доносиш ти слаба си, па само по тоа што се две ризични се, па една колешка моја ги носеше се супер и на крај мртви плодови роди а висока полна жена, па ретко близнаци кога ќе се родат здрави прави нормално, па очекувај стресови, предвремен пороѓај, не е лесно јас ова многу добронамерно ти го кажувам. И дремевме онака без збор после пола саат и си заминавме. Мене едно неубаво што ми падна, грдо, па почнав да барам да читам за компликации, па се ставив во филм дека вистина ризично е, абе маки се некогаш глупостите што ги тресат без осет. А зошто? Вака од моја гледна точка, остави што нема на памет да ми дојде на црни сценарија, не па да и речам онакви работи на трудница... Абе што е моја работа да коментирам, со среќа нека ви е со лесно и доста е, не знам зошто се мислат должни дека треба да раскажуваат разни несреќи и судбини.. Ептен грдо, а вака ги гледаш успешни, млади, мајки, сопруги, исполнети, задоволни, разумни жени.
Тој преглед се прави обично само ако на втор скрининг се види нешто сомнително. Не е регуларен како скрининзите. Мене ниту матичната, ниту Димчев не ми дадоа препорака за ова, секако го имаат и срцето видено. Не се секирај што немаш правено.
Мене ме изнервира што читам, а не тебе таква глупост да слушаш Нормално да те погоди, ама ќе ти пројде за некој ден и ич нека не ти чуе кој што ќе каже. Гали меше и уживај
Те погодило затоа што длабоко во потсвеста се плашиш дали ке родиш здраво и право дете. Не само ти, секоја трудница сака здраво и право дете. Нема поголем страв од тоа дали ке биде се во ред. Некои работи се гледаат со ехо, раце нозе прсти органи па и даун, итн. Ама дали ке има проблеми со вид слух говор итн никој не знае. Дали лупав да проверам дека слуша? Ехе. Тие работи се надвор од наша моќ и тоа не плаши. Мене ме плаши. Ама нема што да се направи тука. Уживај во бременоста и не си ставај негативности на ум.
НЕМОЈ ДА СИ СЕ НЕРВИРАЛА ОПУШТИ СЕ СЕКАКВИ ЛУЃЕ ИМА. Ќе си родиш здраво и право бебуле најубаво на свет ❤️
Ненормални женишта, абе да земеш да ја треснеш од земја Мислам дека луѓево веќе стварно немаат ни осет ни некакви чувства, а богами ни мозок... Не се нервирај, мила. Опушти се, ќе си родиш здраво и живо бебенце
@AugusTina! Вака те читам и ди викам колку ли добра личност си штом се осмелуваат така да ти зборат и ти собираш во себе. Мене никој не смее да ме праша дали сум бремена зашто знаат дека и за тоа може да ги отерам у три лепе. Ама барем мене ми е полесно така. Сепак чувај си ја ведрината и добрината за бебушките што ќе си ги гушкаш наскоро и ич не се замарај на будали. Биди до некаде некаде среќна што со текот на времето ќе се намали бројот на луѓе за кои непотребно си ја трошела енергијата.
@AugusTina! Друг пат кажи и да ти се тргне од пред очи да не остане без уши таа.Идиотка. Не им ќути на таквите аман. И на таа со близначињата да ја прашаш дали е нормална и дали е свесна што зборува на бремена жена.
@AugusTina! пиши ми адреса од кокошките да одам да им мавнам по еден бокс. Озбилно им преќуте? Секоја чест на самоконтрола, јас би ги срамнила со земја. Абе родена мајка кога ќе ми тресне некоја бабина деветина си го јаде а не па некоја глупача од влез. Се изнервирав со кои примитивци делам воздух.
За ретардата со муабетот најретардиран нема збор. Едино само да не ѝ правиш муабет, за да не се наоѓаш во глупоштини. Инаку, тоа нема допирна точка со стварност. И јас го криев стомакот, детево ми е супер, фала на Бога. Не рецкај што велат, многу неповрзани ствари кажуваат луѓето, само таа не заслужува веќе збор да ѝ кажеш!
За жал луѓето се без осет ама таа лично јас лом би ја направила, она за мое дете ќе кажува така требало да и кажеш да ти се врати! И од блиски очекувајте се и сешто. Еве јас од мојата старосватица со 1 кога бев трудна и од сопругот нејзин ,се изненадив но некако премолчев бидејќи за жал изгубија две бебиња едно по друго во поодмината бременост. Се видовме и цела вечер збореа за сидс, за примери, за тоа колку процентуално е застапено Тогаш бев вознемирена многу особено што и ние за првото се помачивме Потоа кога се јавуваа да се видиме до крај на бременост одбивав. Сега колешка една у канцеларија ми влага со уште една и раскажува како некоја пријателка го изгубила у 30та недела, и реков престани не сакам да слушам она упорно објаснува на другата јас фатив излегов и ги оставив
Јас ич не сакам конфликти и тензии со луѓе затоа ќе преќутам и повеќе не сакам да ги видам веќе. Со оваа ретардиранава не дека нешто зборев, едно здраво кога поминував и толку, сега не сакам ни очи да и видам. А луѓето што зборат така не знам како да ги дефинирам. Немаат осет, намерно прават, не им текнува? Секакви луѓе не има, ама на трудница посебно со прво, да и правиш такви муабети.. Ние и така сме цело време изгубени и престрашени па уште ојле дојле ни треба да ни кажува бабини деветини и претскажувања. Јас лично никогаш, ама никогаш не би кажала такви глупости пред трудница.
Во 40 недели секакви приказни ќе слушнеме, ама тоа се нивни приказни не наши. Затоа позитивна надеж и верба. Јас имам таква бариера околу мене за такви луѓе, па што сакаат нека зборат, ниту навлагам во дискусија ниту им се замарам. Си гуглам бебешки фустанчиња и ич не ми чуе
Општо за мене тоа се злобни луѓе со одреден вид на комплекс, плус простоќа и неукост и навистина воопшто не вреди да им се обраќа внимание, буквално игнор целосен дури и кога ти зборуваат директно. Освен тие, има и такви што слушам што постојано зборат колку е претешко, премачно, колку не се спие кога се има бебе и ствараат доза на паника, а на секој што ќе има прво бебе не му треба таков муабет. Сите што ќе имаме бебиња сме свесни за тоа што следи, и најубаво е само да продолжиш со убавите мисли и подготовки.
Нормално ли е да имам болки во грбот? Од денес сум 30та недела. Од вчера почна да ме боли грбот, ако постојам некое време почнува да ме боли и кога лежам знае да ме здоболи.
Јас не правев Приска, туку само Нифти. Во пакетот одеше и плус истражување за цистична фиброза. Ме чинеше околу 40.000 ден. Испитуваат за 80+ генетски аномалии. Плус доколку наидат на некоја дополнителна аномалија вон тие што ги нудат за испитување, може да дадеш согласност да ти ја соопштат, иако не сфаќам зошто е тоа така. Дополнително, полот што ќе ти биде пишан, со сигурност ќе ти биде точен. Јас би ти рекла да си направиш Нифти, барем сега ми е полесно на скрининзи за аномалии, знам дека ги нема, за среќа.