Еве сум јас 38 и 3 дена да идам секоја недела на контрола на Ехо, прошлата недела мислев ќе ми прават цтг ама не ми рече рано било, денеска сум пак на контрола и ќе видиме што ќе каже дали ќе ми прави цтг или не, баш читам а и од други што сум слушала дека после 36 секоја недела цтг им правеле се почудев мене ми е прва бременост до сега не ми правеле цтг...
Како не си ја убила личноста на лице место, секоја чест! Не знам што да речам, сите министри за туѓи гајлиња. На сите вакви коментатори срам да им е што постојат!
Исто и мене никој не ми рече за секоја недела за ехо и цтг. Во 34та бев на преглед, д-р вика се супер, се гледаме за 3-4 недели не знам кога ги читам вака членките, си викам да си барам прегледи по често сега, ама па од друга страна комплетно и верувам на д-р. Сите различни принципи.
Ајде прашање за оние мешковци кои следат бременост кај матичен, а планираат да се пораѓаат по приватниве клиники. Кога почнавте/планирате да почнете со контроли таму каде што ќе се пораѓате? И пак јас со Бојаџиев од систина, дали има некој искуство со пораѓај кај него?
Јас имам искуство кај Бојаџиев, тој ми правеше лани царски…иако мојата ситуација е поразлична, ама па баш затоа и го препорачувам… Докторот е одличен, често доаѓаше да ме посети, разговараше, ми одговараше на сите прашања, зашто ги имав многу…И кога ме пуштија дома секогаш беше достапен на телефон. Инаку кога ми го правеше царскиот прв преглед ми беше кај него. Следна бременост планирам освен кај матичен, и кај него да ја водам…
Фала ти многу за одговорот. Јас имам кај него една киретажа и некако,баш ми остави и мене впечаток на смирен и љубезен, ама после тоа не сум била. И кај мене ќе биде царски затоа и побарав искуство
Во право си, сите знаат да даваат коментари без да размислат дали ќе повредат некој со тој муабет, порано се нервирав ама сега ги решавам, да јас сум слаба и само мепко е на мене и јас се изнаслушав муабети како ќе сум го износела, па мало ќе било бла бла, ама ги средувам кога ќе згрмам ги решавам сите, сега само ќе ме прашаат како сум и толку, на работа знаеја оние колешки "Надри лекари" да дадат коментари вака било така било, па зошто па како ама не сум ги решавала во секунда, искрено само позитивни мисли само, се ќе биде во ред, сите ќе си имаме здрави и живи бебушки, така да само позитивно галете си мешиња а за тие таквите кога ќе имаат они трудни во фамилија , они или ќерки или снаи со иста мерка ќе им вратиме со исти а можеби и пострашни муабети
Феминки, фала Ви најмногу на сите кои што бевте со мене и ме трпевте 7 месеци . Јас се породив во понеделникот во 30 + 3, бебчето е за сега стабилно, во инкубатор, се надевам ќе биде добар. Задоволна сум што и до 30та недела догурав според тоа каква ми беше бременоста, а и докторката ме пофали дека сум извадила максимум од себе. Сакав да Ве прашам дали во бременоста и после породувањето тие кои веќе сте породени имате проблем со ноќно потење во вратот и градите. Ова потење почна кога влегов во 7ми месец и еве трае и после породувањето, незнам дали е нормално, ако прашањето не е за тука слободно префрлете ме.
Мило ми е што сте добри со бебе. Најтешкото помина!!! Потење е нормално. Јас замисли сред лето колку се потев со ќере. Ке помини и тоа. Хормони додека се средат!! Поздрав и останете ми добри како и до сега!!
Да сте живи и здрави и да се гушкате што поскоро. Јас се потам така секој пат кога е вака променливо времето, дур не ми текне да сменам постелнина со која повеќе ќе ми диши кожата или ако сум по стрес. Еве сега сум 24гн скоро секоја вечер такво потење и уморна станувам. Ама сум го имала и пред бременост, сосема нормално.
Мешиња деновиве чуствувам забрзан пулс, не сум под стрес да кажам.. некоја се соочува со ова? Што да правам?