Не е точно, нема никакво зрачење ехото. Не е штетно да се прави било колку пати. Не е во ред да те плаши матичниот дека е штетно пошто не е. Ама можеби така велат за да не бараат трудниците прегледи секој ден зошто нема потреба.
Со извинење за рандом убацување у темава пошто не сум трудна Ехото не е со истиот принцип како томографија, рентген, магнетна резонанца итн. Овие се со електромагнетни бранови, ехото е звук, механички бран. Телото не апсорбира механички бран, само го одбива, по тоа одбивање се "гледа" со ехото всушност. Така да кој ви вика дека "зрачи", појма нема како функционира ехото очигледно.
Син ми е зимско бебе,не го повивав никогаш, дури ме го ни покривав многу,цело време преташе,преку ден само ако спие со тенко нешто.Мн мрдаше кога е буден,цело време ко да вози точак што викаше педијатарот.Го ставав на под буден да лежи,на тврда подлога.
Мешиња, како да си помогнам (или да си трпам), по цел ден сум со киселини и болки во желудникот од што нон стоп без престан ме шутираат бебињата баш во тој предел им се ножињата. Инаку сум 34+
Здраво ,дали знаете на гак кои се подобри лекари специјалисти што водат бременост и распоред кој ден кој лекар во која амбуланта прегледува?
Земи апчиња рупурут барем мене ми помагале за киселината или пак пиј вода газирана и таа исто помага за киселини. Јас ако имам јаки кисекини рупурут обавезно земам ❤
Немаш простор за грижа, мила. Мене еднаш една докторка ми рече дека во оваа работа многу внимателно и полека треба да се пристапува затоа што ова е жив организам и 2+2 не се секогаш 4. Треба да се има трпение, ќе видиш дека немаш простор за грижа. Опуштено и на нареден преглед ќе си го чуеш најубавиот звук
А дали кај нас имате видено ќебенца за повивање тенки? Она што успеав да најдам е на Амазон. Најважно е да се тенки, памучни или бамбус за кожата да им дише
Да, нормално е од утрогестанот е тоа. Јас практикувам секојдневни влошки затоа што стварно како подмочана сум цел ден.
Не го повивав ни првото, не планирам ни второво. Меѓутоа има една фаза околу 4тиот месец кога бебињата поминуваат низ регресија на спиење, истовремено и преживуваат поинтензивно ноќе во сон она што им се случува во денот, па ноќите знаат да се доста бурни, да претаат нон стоп, да се вознемирени итн. Во тој период ја виткав во тетра по совет од педијатар, само рачињата и и помагаше да спие подобро. Истите фази ги има неколку пати и подоцна низ месеците ама тогаш се веќе големи за тоа. Не ти треба никакво посебно ќебенце за тој период, обична тетра ќе ти заврши работа. А зависи и од бебенцето и може нема ни да имаш потреба од тоа. Секако најубаво е да е слободно.
Девојки каде да си купам труднички фармерки, почна веке да не ме собира во фармерки и панталони што ги имам.. Гледав во ваикики и некако не ми се баш... Thanks