Јас земав од ГТЦ доле после Шехерезада незнам како се викаше продавницата, пери носи се, не само фамерки има и панталони (класика како за на работа) фустани и тн.
Во ваикики капитол и нема баш, а по другиве не сум била. Освен црни и хеланки некои нема мн избор, или може така се погодило.
И јас сум по хеланки и тренерки цело време, ама така за некаде кога одам не можам баш секаде во хеланки и тренерки
Истооо,еве баш денеска многу исцедок имав, вчера цел ноќ не сум била во тоалет кога станав целата бев вода доле и на неколку места како бело..
Ич не сум мислела дека некогаш и трудна ќе бидам па сиииите алишта што малце ќе ми беа поголеми одма ги подарував. И сите величина С ми се и претесни. Кога ќе се сетам сега какви блузички и фустанчиња си дадов дека малце поголеми ми биле а сега ќе си ги носев со стомакот. И немам што да носам. Два пара хеланки и некој пар така полабави тренерки само ги вртам.
И јас исто како тебе сум ,мислам срцето ќе ми излезе ,пијам б6 ама нешто посебно не ми помага ,ама пробај види како ќр ти биде тебе .Која недела си ? Јас сум 30+4
Жени да си побарам цтг во Ремедика ќе ми напраат? Ми зачестија “лажните” , минатата недела грлото ми го измерија 4,17 , значи ок е, ама мене сепак ми е мисла а им барав цтг ми рекоа нема потреба Туку само да зголемам магнезиум до 4г. сум можела. Денес испив 3x400 ќе испијам до после уште едно….
Мене ми даде Верапамил за тахикардијата гинекологот, ама јас и палпитации имам често. Консултирај се со доктор, може треба терапија ако е многу висок пулсот. @eli25 мене за првото матичниот ми правеше од порано цтг, а во Плодност само пред пораѓај. Ако не ти прават таму побарај кај матичен гинеколог.
Како беше ти со термин? Мислам тука некаде бевме, веќе се ми е хаос. Јас сум 25+ и мене овие 2 дена нешто пак почна да ми се стврднува стомакот. Денес бев кај матичната, ама ич не ми текна за ова да прашам. Рече се било супер, плодова вода си имало, вајда нормално е ова стврднување,а?
32 уште малку. Абе и јас минатата недела на Петрова пак и реков, истото, дека второ дете повеќе ќе ги осеќам, на промена на положба и кога ептен е размрдана бепка, само зголеми магнезиум рече. До 10 од 400 можело. Измери цервикс 4,17 , значи ок си е. Ама си викам шо па едно цтг да не се напраи?
Ооо ти си ептен пред мене, јас збунка сум направила. Сигурно е многу нормално во 32 недела да се грчи све на нас Јас вака од далеку паметна сеа се правам А ставаш уште утрагестон?
И мене во 15 ми беше толку, на клиника ми го мереа, докторката рече нормално било. Мислам дека над 35мм треба да е.
Б6 не помага за смирување. Ниту пак за тахикардија. И јас имав епизоди на срцебиење во втор триместар посебно, препишан ми беше верапамил,само што не ми помогна ни тоа. Сега ми се нормализира пулсот со пешачење и магнезиум. Консултирајте си кардиолог и контролирајте притисок.