Зошто сакаш комбинирано, па и да остане на ад? Прашувам зш знам дека го доеше, а не се сеќавам дека си пишала дека ти било "терет". Јас моето го доев 2 месеци и цело време имам грижа дека не се потрудив доволно, па затоа за ова бебе сакам да го дојам, а сите ми викаат терај ад напорно ќе ти е со две деца.
Душата ми излезе за да успеам со доењето Ама сега не знам дали можам пак истото да го правам. Маж ми беше со мене 24/7, имавме периоди кога бебе спиеше само на гради и дежураше тој за јас да спијам или ме пазеше додека доев по цели ноќи да не заспијам со бебе во раце. А сега со две деца не знам како ќе успеам. И мачно е реално. Не сакам сега некоја да ме нападне, сум за доење секогаш ама лично мене после вториот месец мака ми беше. Дали моево така се погоди, цицката ептен љубов му беше. Нонстоп за мене закачен. Тоа дека не смееш повеќе од 1 саат да излезеш од дома плус. А има бебиња што ќе се нацицаат и спијат со саати, моето не беше такво. Сега мислам дека ќе ми треба малку повеќе слобода, а може и ќе се предомислам кога ќе се породам, којзнае
Беше на интернист државно или приватно негде? Се беше во ред? Фала ти за инфо, ич не ми се тегне по доктори сега на крај ама па многу ми е сомнително, ептен ако хормоните ми се шекнале дополнително сега...
Јас имам камче во жолчка па не сум била на преглед бремена,нека седи мирно,уште тоа ми фали,не сакам ни да го мислам.
И мене ми е истото овие неколку дена. Матичниот рече б6 3 пати на ден да пијам. Можно е да било до наглото променување на времето, ми кажа дека многу трудници на истото му се пожалиле.
Се ова беше првата,плус не се делеше од мене и викам на братучедка ми дека не планирам да ја дојам беба кога ќе се роди. Рече зарем ние што сме втори не ја заслужуваме истата љубов и внимание само затоа што сме втори? И така втора беба е 2 години и уште цица
Јас терам комбинирано. Истото како тебе би го пишала. И го мислев пред да се породам. Пракса - полесно ми е доењето за ноќе. Не можам да фатам ред со шишињата. Големава не фати никад шише. Ова фаќа ама ја ко укочена сум со шишето. Битно ми е ( мене) да пие и адаптирано. Првата беше откачена од цицка само дур идев у вц, некогаш ни тогаш. Овој цица и спие 3 саати. Различни се скроз. Правам како што ми одговара мене.
Користев со првото, да. Искористив до максимум 2 пумпи, цицаше на 2 саата, родена на цицка беше мојата. Во слободно време одмолзував и чував за да ја дохранувам. Проблем со фаќањето имаше дека со силиконски ја доев, па се навикна на полесно, да не тегне многу. Затоа сеа сакам да не погрешам од почеток хаха.
И јас планирам комбинирано. Првото ми беше само на доење, од одма фати цице и имав доволно млеко, ама сега ќе гледам и ад да пие второво. Не можам 24/7 да седам легната со бебе на цице, зашто и другото е малечко па сака внимание. Првото не можев да го оставам ни 30мин со други, да одам некоја обврска да завршам,цело време на цице беше. Баш Теди како што рече. Ќе си правам како мене ми одговара
Сосема те разбирам, истото го поминав со првото. Со истата мисла бев како тебе. Првото 24 часа залепено на мене и дење и ноќе. Сега второто има 2 месеци и е на комбинирана. 2 оброци ад останатото на доење и супер е. Ќе се најаде и спие со сати.
Бев во приватна ординација, која работи со Фонд, ама не сум од Ск. Иначе да, се си беше во ред. А не да ме чешаше се... или е од хормони или на психа, зашто не е дека па се здебелив па ајде од оптегнување на кожата да ми беше. Холестазата обично предизвикува и жолтеникав тен, белки на очите, така да не верувам дека ти е тоа, ама да си мирна провери си.