Јас кога фатив стомачен земав пробиотик, смекта за повраќање, електролити, повеќе течности конзумирав бидејќи имав и темперарура, ама за 2 до 3 дена се среди... Се надевам дека ќе помине со лесно и кај тебе
Фала ти. Малце сум исплашена бидејќи ништо не можам да каснам, одма повраќам. Се надевам ќе помине со лесно.
Немораш да јадиш,засега само пијај повеќе течности. Во темата за деца споменуваа за кока кола за смирување на повраќањето,пробај ништо не губиш.Лажичка по лажичка.
Ама многу е напорноо, пренапорно вака кога те читам. И јас немав мака ич со доењето..ама ова девојче во раце ми порасна, ни релаксатор ни креветче сакаше ни количка.. таа спие, мора јас до неа, ако се разбуди одма цице бара..не сакам и со второто така, мора малку да биде полабаво, за утре да сум спремна во градинка да ги пратам двете, една да може да седи со некој од дома за со другава да вршам обврски Лелее колку се смеев со тоа што поголемата не те остава да ја одбиеш бебка од цице
Мене смектата ми помагаше за да не повраќам, конзумирав повеќе течности а Кока Колата од сабајле до вечер ми беше на главно мени, понекогаш и минерална вода ми помагаше знаеше да ме освежи и супа од петел земав и знаев некогаш да и здробам малку лебче внатре како попара да ја направам, а и бананата ми го смируваше стомакот... Со лесно само нека поминува...
И ден денес се пренапорни. Еве ги спијат јас дремам до нив. Ги продавам креветчето,релаксаторот,хранилката,кенгурот,скроз нови. Двете ми пораснаа во раце.Уште се обесени на мене. Е сега Господ ги дарува па кога едната ја носам на доктор другата седи со баба ама под услов после па не ја видат барем една недела Некни бев на свадба сега ја заобиколуваат баба им са не ги оставам со неа. Не сакаа шише ни една ни друга. Се навикнуваш де
Пијам по малку кока кола, ме освежува моментално но после ја повраќам. Супата само што каснав 2 лажици одма повратив. Од бананата имам киселини од кога сум бремена и одма повраќам, а мн сакам банани. Веројатно денес имам онака ударни симптпми, а се надевам од утре ќе е подобро.
И се чудам како успеваш двете да ги заспиеш во исто време Навистина алал да ти е. Се надевам дека ќе можам бар половина ко тебе да сум
Ја заспивам беба малава гледа цртан на моб.Па веднаш одкако ќе заспие ја заспивам поголемата. Еве ги двете до мене. И штом една отвори очи телепатски и другата и забавата почнува. Најсреќна сум што од прв ден двете успеав да ги заспијам во исто време. До ден денес сум немала проблем. Тоа ми е време за мене.
Зошто да не доите и ако сте во можност давате АД? Далеку од тоа дека ве осудувам, ама не подржувам. Доењето е здраво, се форсира доење и не, не смеете да ускратувате. Ваше право да, ама не кратете од ничие внимание. Што се вторите помалку од првите деца? Љубовта ја има и за двете, не треба да осеќате вина. Нормално на бебето сега оди внимание оти е скроз зависно од нас, ама овде се првите и тие треба да се вклучени во грижата. Верувам и гледам по сестра ми дека со помали е потешко, ама скроз нормална работа е. Ќе се снајдете сите, без паника. Јас доев 2 години. Сега планирам пак, само што по совет на заболекар ќе дојам екслузивно до 6 месеци, а после ноќните ќе ги исфрлам заради забите. И планирам до 1 година. Ќе видеме како ќе биде.
Извини женска постар е постов ама гледам еден е во врска со апчињава годинава. No spa таблетите дали ги најде и каде? Во ремедика ми ги дадоа ама ги немаше ни кај нив, а баш ми спомнаа дека се дефицитарни и незнам кај да ги барам сега Фала ❤️
Ќе се уфрлам у муабет, извини Маж ми кога треба да ми ги купи пола Скопје свртува за нив. Последно, во петокот мислам дека ги најде во Еурофарм во Автокоманда. Мој совет е да си прашате во некоја Еурофарм да проверат во кои аптеки ги имаат на залиха и директ таму да си идете, бидејќи баш може да се нашетате барајќи ги
Целата недела пред велигден имав стомачен вирус само без повраќање… со дијареја, страшни болки во желудник и температура, нема што не пробав само парацетамол, активен јаглен и кока кола ми ублажуваше. Пиев и електролити да не дехидрирам и пробиотик ама не видов подобрување, за разлика од тебе не повраќав туку на се каснато имав дијареја и ми траеше цела недела. Доколку имаш слушнато чај од чалија мене ми дозволи матичната да пијам само многу послаб да го правам тој е за дијареја. Обавезно земи активен јаглен мислам дека најмногу тој ме спаси само треба да има 2 часа разлика од пробиотикот и две апчиња наеднаш не штетел и не се апсорбирал во телото ми кажаа во аптека.
Фала за советите, мила, ќе пробам. Со дијареата се држам некако ама повраќањево ме уништи. Се надевам ќе помине за брзо
И мој совет испитај си уринокултура и мокрача јас и бактерија закачив од вирусот, ептен лош вирус за бременост … со лесно
Бев на преглед денес, серклажот е супер, полипот се намалил ептен,ама цервикс 30 мм, постелка ниска, многу се изнервирав.Бебето е добро, ми направи скрининг, не збори многу докторот, си гледа си мери, ми вика ок е се, не се замарај,гледам јас,го прашав за срцето дали да одам кај Драшко ми рече дека он не гледа индикација и потреба да одам дека се е во ред.Ми рече бебе е супер, ама со тој цервикс 30мм добар е за сега само успори темпо,одмарај повеке, немора да лежиш цело време ама ни претерано да се движиш, постелката е сега баш ниско ама има можност како расне бебето да се крене нагоре.Мн се изнервирав.