Има шанси да се крене, мене со првото ми беше ниско, после се крена . Само мораш одмор повеќе и ќе биде
Јас ги пиев неколку месеци лани. Исто тешко се наоѓаа. Како што ти пишаа претходно провери и во зегин во кои аптеки ги има. Тогаш ми рекоа дека малку им го барале и порачувале по 1-2 кутии. На крај јас имав среќа во зегинот позади зграда што ми е ми излегоа во пресрет и го порачуваа само за мене (изгледа им падна жал за маж ми нон стоп да бара зошто ја трошев кутивче за 3-4дена ). Пробај и ти вака ако ти де нафатат
Најдов во еурофарм ама немаа во сите, а во другите аптеки сите ми рекоа ааа тешко, ама среќа имаше во еурофарм и земавме повеќе кутивчиња. Фала ти ❤️
И јас сум со 30мм цервикс и ниска постелка и ни еден до сега не ми кажа да лежам и дека има простор за паника. Вежбам, идам на работа, патувам… што уште не. Мислам дека немаш потреба од нервоза. А и многу други се така, јас од незнаење прашував и тука по форум и секаде… прв пат постелка слушнав на преглед кај матична, а за цервикс тука на форумов. Така да колку помалку мислиш подобро за тебе, зашто стварно мислам дека немаш потреба од дополнителен стрес.
Мамички, дали чуствувате од лева страна долу кај стомакот како пулсирање обично навечер тоа ми се појавува кога ќе легнам и во текот на денот кога ќе се фатам долу кај стомакот ми е многу тврд и по некое време ќе се пушти ама не чуствувам никаква болка, иначе сум 34+3
Не е тоа плус да не се секира? Не знам само прашувам, ако ние без серклаж тераме турбо темпо она би требало да е позаштитена според мене.
Па да ја штити , ама зафркнато е пак не значи дека е позаштитена од вас и треба екстра одмор, ама има дечиња и потешко и оди одморот ..
Се секирам зашто сега сум само 20 недела, а лежам дома веќе повеке од месец дена, на толку пазење и плус серклаж гледам дека се крати а незнам што да направам веќе. Лани изгубив бебе, многу ми е страв да не се повтори, Плус имам хиперактивно дете околу мене од 4 год.И лани во 20 недела ми рекоа ниска постелка тогаш цервикс не ми измерија, во26 недела веќе беше 25 мм,за два дена се скрати на 15 мм па на 10, и иссходот беше катастрофа, се плашам да не се повтори.Баш се надевав дека ке ми кажат дека е ОК сега, се чуствуував помирно со серклажот. И докторот многу бираше зборови некако, ептен резервиран ми беше и многу се насекирав.
Мислев дека е поинакво чуството кога ќе ика, а стврднувањето само долниот дел на стомакот можно да се контакциите а да немам никакви болки?
Лажните не болат, само се непријатни. Обично цел стомак се стврднува ама можеби е кај секој различно . А пулсирањето може да биде ако ика бебчето или ако си вежба дишење неделите му се тие,баш го прашував матичниот се гледа и на ехо плуќата како се спушта и подига,јас го осеќам како пулс тоа.
Девојки имам едно прашање, знам дека има тема, таму исчитав се, тука да прашам, што мислите за зачувување на матични клетки и дали некоја се има одлучено или со прво дете има зачувано? Фала ви
Леле јас тука имам нешто копирано, кој знае како хахаха, не знам ни кој го напишал ова имам само реплицирано.. Се шокирав кога почнав да читам
Ова ми е прва бременост и при првата контрола кај матичната (пред 3 дена) се утврди дека сум бремена 6.5 недели, но големината на плодот одговара на 5.5 недели, срцева реакција немаше. Ден после прегледот имав кафен исцедок по што веднаш и се јавив на матичната,бев на контрола и утврди дека има одлепување на дел од сакусот и веднаш ме упати во клииника на чистење, за по неколку секунди да види на ехо дека плодот развил срцева реакција... Ми даде терапија - утрогрстан 200 мг, орално, само пред спиење, и на контрола после два дена. Премногу бев уплашена и збунета (ме извади од памет со предлогот за абортус), утредента бев на контрола во Ре -медика на второ мислење, каде ми кажааа дека не е ништо страшно, плодот е во ред, разликатаво големина може да е поради покасно зачнување, и има срцева реакција. Во однос на големината на сакусот докторката кажа дека е малку помал, но рано е за било какви констатации. Примив инекција утрогестан, и сега продолжив со терапија со утрогестан сабајле и навечер и no spa апчина, строго мирување, па во понеделник повторно на контрола. Ке ве замолам да ги споделите вашите искуства, фала ви [/QUOTE] Може да не е ништо страшно, доколку се сомневаш во стручноста на матичната смени ја, за понатака ке ти треба и за други работи, да те прегледа, насочи а не само да те вознемирува. Имав и јас кафен исцедок еден ден во 5 недела и неколку дена, исто се извадив од памет, претходно истиот ден си шетав по трговски, бев на кафе, односно имав доста активности. Матичниот ме виде на ехо, со плодот беше се во ред и ми препорача строго мирување и утрогестан од 200 мг навечер- вагинално. Од тогаш мирувам, не кревамтешко, не пешачам по многу, ако отидам на едно кафе еднаш неделно, друго по дома.. Така да не се плаши, само мируваји следи ги препораките, се ке биде добро Пс: еве го целиот пост, не знам како да ти помогнам ..