Мене гинекологот ми ги препорача Ideos таблетите за џвакање, но сепак консултирај се со твојот доктор. https://www.mon-pharmacien-conseil.com/en/drugs/5243-ideos-500-mg-400-iu-60-chewable-tablets.html
Мацалавица, лежи колку можеш. Мене ми се крена постелката, а на другарката не. Јас лежев, она не. Сега јас одам на работа, она е на патолошка. Сакам да кажам, со постелка долу, ако е превија, треба одмор. ОДмарај и не се секирај, се ќе биде добро. Цервиксот исто може да си остане и толкав, не мора да значи дека ќе се намалува. Цервикс 30мм мислам и не е така лошо, мене ми е 40 пред месец дена мерен. Добро дојде. Со лесно и честитки. Зашо од сеа да се малтретираш на грб. Можеш да спиеш до таму 4ти месец слободно на стомак. Бебе е во мала карлица и не можеш никако да му наштетиш. Прашував сто пати бидејќи и јас спијам на стомак. Спиев де.
Мене од 4та недела ми почнаа мачнините. За на стомак почни од сега постепено, таман за месец два ќе се навикнеш Јас до втори месец спиев на стомак, дека слаба ми се познаваше од одма стомаче и делот кај што беше бебечето како испапчен ми беше, па шубе ми беше да спијам на стомак. Ептен ми е мило што ни се придружи Ова божиќно бебе ќе е?
И јас со стомаче бев, мислев коа ќе легнам се вдлабнува бебето од тоа салцето испакнато, ама не, заштитено си е. Спиј си уште кратко дури можеш.
Добредојде мила Ќе си купиш перница за трудници и со неа ќе се подглавуваш за да не легнуваш на стомак. Јас сеуште спијам како на страна ама со горната нога напред идам и се си мислам дека го притискам бебчо. И префрлам нога преку перницата и полесно е. Боза смееме да пиеме?
И јас пиев кога доев, ама кога престанав да дојам бев голема како шифоњер. Внимавајте, многу дебелее.
Не знам, а баш грабнав 4 пакувања вчера, јас и урда многу јадам, од сирутка, ваљда не е проблем, шознам.
Урда препорачуваат да се јаде во бременост, особено во првото тромесечие, барем мене матичната така ми кажа, за моцарела не знам..