Ама не знам што да јадам ако не е менито на Ана Сега ќе пропуштам летен, мака ми е ептен. Се мислам да уплатам, ќе вежбам тоа што можам, ако дозволи утре матичен ќе уплатам.
Ја испуштив денсот, ама ќе бил достапен долго. Во септември ме чекаат, а како ми се заарни јадење. Нејсе, јас уште малце имам, , 26 недела сум. Ќе летнат брзо.
Имам јас да гурам уште цели 8м, ама ќе се трудам да не ми пробадне во вода цела мака од година дена за да ги симнам овие килца и да дојдам до овој успех. А после таму од следен летен или денс, се враќаме на старо. Ако не ми дозволат да вежбам, ќе пешачам навечер по минимум 5км.
Јави се во Систина, кажи им дека си ја загубила картичката а дека итно ти треба докторот дека си трудница и негова пациентка. Мене од втор пат така ме услужија. Се едитирам, сега гледам дека веќе си им барала.
Пишува дека е пастеризирана, јас си јадам често, до сега немам никаков проблем. Само одбегнувам сини сирења, со мувла и слични такви.
Женски ја гледам количкава само нешто ми боде во очи, тоа дека е до 15кг. Малку да не е оти немам претстава на која возраст дете има одприлика толку кг. ( знам дека секое е различно ама одприлика ме интересира) И некоја ако ја има може да каже искуство.
Што значи глукоза во урина? До сега на сите анализи тој параметар ми беше негативен сега имам + Нема референтни вредности за тој параметар во резултатите, стои само дека треба да е негативно, а кај мене е со +
Женски бев на контрола, ми кажаа дека ќе сум царски дефинитивно, мојав женска многу инаетчика хаха, да ме упатите малце, не се плашам ама се плашам, така се вика моево, малку од анестезијата се плашам
Јас последно кога бев на контрола пред недела дена, прво ме прашаа шо сум јадела/пиела а пред преглед малку кока кола се напив, бев жедна и само сестрата ми кажа епа од тоа ти е, дека цела бременост ништо немаше и она се зачудила и ми рече не било ништо страшно.
32. недела сум. Не правев скриен шеќер зашто ми е втора бременост, испитував гликохемоглобин по совет на матичната- ми рече нема потреба да го оптеретувам организмот по втор пат за скриен шеќер, ако имам ќе се покаже на тој резултат, ама уреден беше, прилично под горна граница. Ме изненади ова сега :/
Таман ти е. Мојата е 7 години со 22 кг. Така да, и да е ектремно дебелко дете, до кај 3 години ќе ја возите гарант.
Не може да ти речам не се палши оти тоа не е возможно. Сама ќе се увериш дека не е ништо страшно. @Трепетлика да провериш шеќер пак. 12 часа гладна и жедна пред тестот.
Мешињата, од утрово од како станав имам страшни болки во целите нозе од препони до прсти, едвај се движам ко желка, пиев магнезиум џабе не помага. Имам ли простор за грижи, и што да направам да ми се намали болката?