Интересно е тоа што шеќерот не ми е покачен На крвната слика, глукоза ми е 4.4 со реф вредност за бремени <5.1, а ова е само во урина. Ќе се консултирам утре со матичната па ќе ја решиме дилемата )
Прв пат вака цел ден да ме болат и да не помине никако, а кичмата не ме боли фала му на Господ, башка голем дел од денот го лежам....
Исто имав и јас пред два дена, буквално не можев да станам од кревет, ни да се допрам по нозете. Земав 3 кесички магнезиум и 2 таблетки б6 на ден и еве се смири болката.
Јас особено когае уморам, вака ми е. Јас имам проблем со кичмата, затоа Ти плус близнаци, поголема тежина носеш. Не знам еве кај мене од ова е
Ги најдов!!! Овие 2 линка беа, @pamelche имаше пишано дека ќе ги прави и после дека се породила Да ги направиме, а? 39+1 сум
@JuLleE @Калатеа фала ви девојки, и како менструални болки имам скроз ниското, па викам да не им текнало да искачат или си правам филмови. А во вторник сум на контрола, да чекам до тогаш со надеж дека болките ќе ги снема.
Пијам по едно насабајле. Со низок притисок сум и поради тоа морам, без кафе шашава сум цел ден. Ми беше шубе на почеток, до трети месец мислам дека воопшто не се напив, а и тешко ми беше тогаш од него. После тоа се консултирав и со докторот, ми кажа не е проблем.
Се замислив за нешто сега и не ми излегува од глава Денес бев на преглед поради ксфениот исцедок што го имам често и се е во ред нема простор за паника. Ама сега гледам на сликичката од ехото горе ми пишува 11.9цм, а минатиот преглед пишување 14.3цм. Се мислам дали тоа е должината на бебето или нешто друго? Зашто сега е помалку од пред 3 недели што беше. Имате ваков податок вие на сликичката? Заборавив да ја прашам докторката за големината на бебето, други работи бес битни да се испитат. Знам дека непотребно си правам паники, ама женска глава @AugusTina! Да се редактирам. Пијам и јас едно задолжително, некогаш може и второ, ретко, и после повеќе саати од првото да се поминати. Пример првото најчесто ми е околу 9h, а второто околу 5-6
Веќе влегувам во шести месец, уште ми е грдо на мирис, затоа по потреба притисок кревам со малку кока кола.
Да, некогаш се случува едно, некогаш две.. Понекогаш и заборавам ако имам обврски многу а некогаш мн ретко и три пијам.
И јас пијам едно сабајле и едно преку ден со друштво, ама второто не ми оди баш, често и го повраќам. Првите месеци ќе го откажував скроз, ама ужасни главоболки имав и така цела бременост си пијам кафе. Не е ништо лошо по едно две гледам сите така пиеме. @Anturium на сите мои сликички пишува некои мерки врска што немаат, пример една контрола ми дава сликички и нешто пишува 13см, па на следна контрола на тоа сликиче 9см пишува. Којзнае што мерки се тоа јас веќе не ги ни гледам нив, него го прашувам. А на една другарка па точно на секоја слика се и пишува. Ете не си сама и јас заприметив и кај мене така е, ако за ова ти беше муабетот И уште едно прашање, освен @kristina.k друг кој е со нас со неделите? 23 недела.
Јас не пијам кафе од претходно, некогаш капучино, а кока кола пиев поради притисокот по една чаша. Е сега и тоа не пијам поради шеќерот и сум ко пијана кокошка секој ден кока кола zero помага за притисок?