Боледување. Ратисај се веќе од одењето, седење на стол, се влијае. Мене кичмата ме убива од седење. Иначе кој ме види ме мисли 9ти месец, одма трудничко ми отвараат . Па незгодно ми паѓа објаснувањето дека не сум 9ти, туку за некој ден ќе влезам во 7ми.
Од среда ќе користам одмор и веќе нема да одам, иначе ќе отворев зошто веќе не се издржува на стол , место не ме фаќа
Јас пијам добростан 2х1 и се боцкам еднаш неделно со прогестерон депо. Ама јас имам хематом. Најдобро на ехо да те видат, ако не си била веќе. Пијам добростан 2х1 и еднаш неделно се боцкам со прогестерон депо. Не знам да не ми е слаба терапијата?
Ќути, на стол сум 8 саати. Незнам шо е полошо, дали да пешачам 8 саати или да седам. Работата капак, сум сработела нешто ситно, задишана. А ако сум голема во стомак, подвижна сум да речеш. Претходниот триместар ми беше потежок, сеа сум повитална.
Да пробаш во топол алкохол (да не зоврие) да раствориш парацетамол и со тоа да се мачкаш.... Друго не знам
Мене и докторката ми рече денес голем стомакот за неделите Јас и подуеност имам константно, проблем со столица, камен ми е под желудник. Ќе барам денес нешто појако в аптека, не помага природно ништо. За пораѓај сигурно царски ќе е и тоа порано овој пат рече, само здравје има време нејќам да мислам од сега.
Срам ме фаќа. А ич нејќам па странки коа ми коментираат нешто приватно. Ај сработи ми ова пред да одиш на трудничко, ај она...а да не идам на пораѓај ако не, да останам да доработам. Сеа пред 5 мин ми коментира една рандом странка, аааа машала машала, да се фатам за злато, девојчево бајаги трудно, ама цинично.....На крајот на муабетот ми вели очигледно ти сметаме. Да сакав да речам, ми смета несоодветниот коментар.
I kaj mene se sluci istoto, jas primav i kleksan i aspirin, i koga pocnav da primetuvam kafeno na brisenje i na gakite, mi go prekinaa aspirinot i se stabilizira. Ne se sekiraj, na mnogu clenki im se slucilo ova, ne e strasno.
Девојки, само што се вратив од преглед. Најверојатно исцедокот е од комбинацијата клексан/аспирин ама со бебето е се во ред. Докторката рече да зголемиме доза на утрогестан, па ако не престане за 2-3 дена пак ќе зголемиме доза на утрогестан и ќе го прекинеме аспиринот. Најважно ми беше бебето да е ок, а и ме искара докторката што се вознемирив толку а што да правам кога е посилно од мене...
@V.N. @Eli23 Исто сум и јас. Вчера депилаторката ми вика, оооо на крај си веќе, а јас 7ми месец. За на работа да не ни зборам, секој ден ме прашуваат 'уште колку'
Леле какви луѓе значи не ми е јасно каков е тој стомак за 9ти месец и за "при крај си" кога сите сме различни и различно растеме. Или па ако не ти е "доволно" голем според нив одма а мало бебе а,ти јадеш нешто или не?
Според доктор е прерано ама му е чуден ендометриумот. Ми кажа да направам уште еден тест и да му јавам, ако е позитивен да закажам преглед, ако не ќе видиме. Ме разочара максимално! Знам, јасно ми е, прерано и се тоа, ама начинот му е многу лош, многу крут, многу тежок и не ти влева надеж. Се надевам ама најискрено дека исто како за Матео што беше скептик и за ова ќе излезе така, некако сите разбраа, сите дознаа, од синко, а не требаше ни нему да му кажам ама бидна, не бев присебна од среќа и тоа е. И на работа колешка една ме запна трудна си, трудна си, пред сите кажа и сега толку се осеќам глупо да грутка имам во грло. Требаше да почекам малку, бар да направев кога сакав уште еден тест, да не избрзува, ама бидна, тоа е. Се надевам не е лажен аларм, најискрено се надевам.
А зошто не си направиш БХЦГ преку крв ке бидеш сигурна а и ке ја знаеш вредноста.. со лесно и ке чекаме да ни пишеш убави вести
@kristina.k зошто порано царски? @AngelOfArh можеби рано си отишла но поз.знак е задебелен ендометриум. На твое место би пошла бета хцг преку крв да испитам, со бројка не плус минус Иде викенд , ќе го мислиш …. И кај мене на почеток беше такаодма отидов по позитивен тест.
Какво разочарување, рано е стварно. Колку членки биле на ехо и ги вратиле со мислење 'нема ништо', па за една недела виделе сакус. Немој да разочаруваш, а најмалку за тоа што си кажала. Таа среќа повеќето сакаме да ја споделиме. Јас и за двете одма се пофалив, не размислував 'што ако се случи нешто'. Тест кога ќе правиш следно?
Исто и мене кога ќе ме видат и кога ќе ми речат аааа машала незнам што ми иде да направам , пред некој ден бев на вино скоп , и таа една рандум дојдена таму се запна стол да ми нашла да седнам, мислам ок е ако ми треба сама ќе побарам , а не е дека нешто сум тенк , ама стомакот расте , нека расте , ама тие неприлични коментари не ги можам . Јас допрва боледувањето ќе го прекинувам на работа да почнам она стол ќе ми барала
Направи си бета за мирна глава. Иако јас мислам дека е рано па затоа ништо не се видело. Мене прв преглед кај матичната ми беше во 7 недела, 100 пати барав порано да ме види ама не сакаше, рече дека е подобро подоцна за да слушнеме и срценце и да сме мирни. Така да мислам дека немаш простор за грижи, едноставно е многу рано за да се види било што