Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    14.633
    Пол:
    Женски
    Пишав и претходно, незнам дали кај тебе или некој друг, ама слично беше и со мене. Замисли јас со бета 1600-1700 одам, ама таа преморена пред крај на работно време бела мечка не гледа не па сакус или било што, ми вика не се гледа ништо дојди за 10 дена. А јас претходно со еден спонтан, а сега со позитивни 2 теста и релативно висока бета за да се забележи нешто она ми вика нема ништо...јас пепел се вратив дома. За 10 дена одам ми вика ооооо па ова големо дете веќе 7 недели и 6 дена, срце пушти се, ама тие 10 дена беа стварно стресни. Така да не се секирај, сите сме со различни приказни, ама најбитно е да ни бидат успешни:hug:
     
    На Eli23 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.519
    Допаѓања:
    38.731
    Пол:
    Женски
    @eli25 имам панични напади и тахикардија, со првото чекавме до термин и многу ми се крена и пулс и притисок на пораѓај, сега рече малку порано мора да е. Ми рече редовно на психолог од денес и да се стабилизирам до тогаш малку барем. Плус и ова е ептен горе, над папок го гледаше, исто и синчето беше и немаше шанси за природно. Во лето ми се активира и мигрената, анксиозноста ми е на максимум од жешкото, уште толку паника ме фаќа. :worried: Само да е во ред до тогаш, па кога ќе реши тогаш ќе одам, имам доверба во неа максимално.

    @AngelOfArh рано е многу, не се разочарувај. За првото така мене матичниот ми рече вонматерично дека е, не се гледаше ништо, а позитивни тестови имав и бев на приватно по неколку дена се виде сакус. Направи си бета и оди и на приватно ако можиш, некои доктори стварно имаат лош пристап и брзаат со претпоставките.
     
    На mal.ecka, fana, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.805
    Допаѓања:
    18.595
    Пол:
    Женски
    Бета се прави на два дена за да се види како се дуплира.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.132
    Допаѓања:
    107.030
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски на добрата мисла. Ќе направам Бета само да соберам дете и одам одма, да видам само кај има во близина. А у тестот дома ќе го правам за саат време. Мене стомакот ми се наду, знам гасови се тоа, имам и гадење, некако бев убедена дека нешто има ама рано е, свесна сум, само зошто ми закажа сестрата да се разочарам само.
     
    На mal.ecka, kristina.k, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    @eli25 Што направи со шеќерот, се стабилизира?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Devojki 35 nedela sum, a primetuvam se pocesta mi e tahikardijata i nepravilen ritam
    Dali e normalno toa ili treba da sum zagrizena ?
     
  7. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298

    Dali e opasno tahikardijs i visok puls na poragaj ?
    Od panika i jas znam da go pokacam pulsot a si pokacen puls i pritisokot odi nagore
     
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.519
    Допаѓања:
    38.731
    Пол:
    Женски
    @Vincent нормално е на крај, зголемен е крвотокот, пумпа повеќе срцето, ама ако ти е проблем многу има терапија. Консултирај се со гинеколог, и на кардиолог пуштаат некогаш, ама се средува после пораѓај. За првото имав екстремна тахикардија јас, на екг пред пораѓај 170 пулсот ми беше па само што се породив на 70 ми падна, не знаев ни како да дишам. Сега ми е од порано и плус имам и јас екстрасистоли, ми даде матичниот Верапамил по потреба да пијам, ама кај мене е од паника.
    На пораѓај ќе ти го следат и пулсот и притисокот, без гајле.
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    8.499
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш исто ми се случи и мене. Која недела си?
    Јас отидов после една недела на гинеколог од доцнење на циклусот. Ништо не виде. Се преплашив сешто почна да ми се врти по глава. Ми кажа дека е рано и да одам за десет дена, а сум можела комотно да отидам и две недели после доцнење. Така и направив, после десет дена имаше и срцева акција, се беше во ред.
    Така да сигурна сум дека и кај тебе се ке биде во ред, само е рано.

    Многу сме нестрпливи и после си јадеме нервози и стресови без потреба. Гледам и во групата две недели после овулација прават тестови уште пред да им задоцни. Зошто? Разбирам и радост, среќа, нетрпеливост, ама така си ствараме само непотребни стресови. Ако излезе негативен стрес, а големи се шанси тој период негативен да е. Ако излезе позитивен и отидеме на гинеколог пак стрес, рано е, не се гледа на ехо. Така да само стрпливо и се ке биде во ред.
     
    На eli25 и V.N. им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.106
    Допаѓања:
    124.321
    Баш вчера бев на клиника ми рекоа дека е во ред, освен една мерка што имав по јадење 8,5.
    На гладно ми е од 4,9-5,7 прашав колку треба да биде ми рекоа штом не ти искоментирав тоа што значи? (facepalm)
    Па си претпоставив од 5-6 им е ок.
    После јадење 1ч.ми рече до 8 да ми е.
     
    На Eli23, Jana06 и kristina.k им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.054
    Допаѓања:
    256.947
    Јас пак обратно, на сите им објаснувам дека сум трудна. Особено сега во Мк, оние кои не знаат, не ни приметија(facepalm)
    Паи добивав коментари А трудна си? :^)
    А јас крај на 6 ти.
    Претходно, со синко, во 9 ти месец кога пазарував ми коментираа што толку рано сум купувала за бебе(facepalm)

    @AngelOfArh мене ова ми се случи со синко. Само ендометриумот здебелен и толку.
    Следен ден кај друг доктор и виде бременост, со обрната матка бев тогаш и ме гледаше вагинално. Ама од памет ме извади.
    Затоа сега прв преглед закажав во 8-9 та недела.
     
    На mal.ecka, Coco31, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Бев сведок на една случка во болница додека чекав на преглед.
    Имаше трудница во 9ти месец со болки и почна да качува притисок. Ја ставија на цтг во мегувреме почнаа да трчаат сестри во паника дека и се здрвува една страна од лицето и и се губи говорот.
    Докторот во холот коментираше дека се се случувало од паника и дека треба да се биде што повеќе смирен за да не дојде до некои компликации.
    Јас се вознемирив од самата случка, ми требаше два дена да се смирам, супер што медицинскиот персонал беше смирен да бев јас ќе панчев повеќе од женава што лежи на цтг.
     
    На Coco31, eli25 и Eli23 им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.893
    Допаѓања:
    116.613
    Пол:
    Женски
    Бета се прави и на 24 часа. Со тоа што постои калкулатор за тоа дали процентуално добро расте.
     
    На eli25 и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Од локо кроко, кадичка, мрежичка, сунгерче, кофа и мало кофиче - за потурање на бебе комплет идеше ама баш е голема кадичката ❤
     
    На Калатеа, eli25 и Eli23 им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.132
    Допаѓања:
    107.030
    Пол:
    Женски
    Женски направив и Шур чек, така ми рече матичниот, позитивен е. Ми падна камен од срце. Бар делумно. Сега Бета, колку кошта и кај најблиску до Ѓорче да ја направам?
     
    На Mateas, medena147, juice_ и 14 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.805
    Допаѓања:
    18.595
    Пол:
    Женски
    Да, ама секој доктор ке каже на два дена за да се осигура дали е дуплирана.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Имаш Биотек во Ѓорче, околу 700 ден е.Плус на Васил Ѓоргов работат и во недела за да можеш за 48 часа да провериш пак.(fingers)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.132
    Допаѓања:
    107.030
    Пол:
    Женски
    Иначе закажав пак ехо за следен понеделник, би била веќе 6 полни, ако има нешто тоа е. Не можам да разберам, од каде овие мачнини, надуван стомак полн гасови, од каде?!
    Ау да во Биотек ќе одам. Тенкју, од што сум паника ништо не ми текнува.
     
    На mal.ecka и Eli23 им се допаѓа ова.
  19. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Затоа фемина е тука.:D
    Ќе биде се во ред , иначе и за понеделник што си закажала рано е според мене.
    Ја бев во 7 недела и таман тогаш слушнавме и срценце.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.132
    Допаѓања:
    107.030
    Пол:
    Женски
    Не овој, следен, така ми закажа сестрата. Она викаше и четврток уште порано, јас и викам а понеделник да дојдам, за секој случај. Ма душа немам у мене. Кога ве читав порано не ги сфаќав вака работите, со синко да немаше од одма срце ама бар тука беше.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.