Читав извештајот сега од скринингот и ми текна да прашам. Ко пушти доплер докторката денес на плацента, прво беше неправилен ритам. Ми рече малку да не дишам и почна рамномерно да е, рече супер е сега. Од моето дишење беше прво така?
Можеш да земеш Еси Дримо чај, погоден е за трудници, добар за празнење на цревата. Рано е Ангел, не се плаши. Ќе видиш се е во ред.
Ок сигурно знае што прави. Многу сме нестрпливи и јас тогаш само што добив позитивен тест и бета 380 сакав на ехо да одам . Ми закажаа дури за месец и тогаш видоа се.
Со бетата ќе бидеш мирна. Иста бев ко тебе во првата бременост. Ни бебе ни сакус ни срце абе ништо ич. Затоа сега оваа бременост за да избегнам таков стрес бета одма по позитивен тест (и јас ко тебе со тие од 25 денари), по 72 часа пак (затоа што беше недела и не работеше лабораторијата каде што правев првично), па по 48 час од оваа бев на ехо и матичната ми даде упат пак проверив и капата си ја накривив и си уживав.
@JuLleE јас со првото женско бебе, бев секаде голема. Сеа си кажуваат луѓево околу мене. Сеа сум само во стомак топка. Ама напрчен напред ми е ептен. Нозе, лице, раце, исто ко претходно. Јас метро и 50 сум, така да колку понизок поише доаѓа до израз дебелината. Што би рекол маж ми, не сум дебела, само сум ниска за килажата. Да бев повисока, немаше толку многу трудна да им изгледам.
Мене ми се такви бременостите, исти стомак со двете, конструкција на тело таква. Ама еве народот се чуди и коментира нели Мене на пример цицките ми беа поголеми од стомакот Секој со маката
Треба да сме тука негде ти и јас. 4+2 сум денес и кај мене сабајле не се гледаше ништо и кај мене рече не е баш најсјаен ендометриумот. Само не прашав колку мм е. Тебе ти кажа колку ти е? Ми даде утрогестан сабајле и навечер. Според бетата пред 3 дена, во понеделник требало да се гледа сакус па ќе видиме. Ми рече над 1000 бетата требало да е за да се гледа.
Е за цицките имам само пофалби да кажувам, жива среќна. Бев 70 корпа пред првата бременост, остај што ми пораснаа на 90Ц туку и останаа толкави. Е сеа па не растат тие, доста им е. Народот не знае да си ја гледа својата работа. Ако си дојден за работа, не си го брцкај носот во приватниот живот на другиот. Кажи добар ден, насмеј се, доволно е. Или роднини...ако имаш убав збор да кажеш, кажи, гризни јазик за другото. Се погоди пред неполн месец да одам на погреб кај близок. Сите со коментари кај си дошла со стомакот, ќе настинеш, облечи се, вака така, сите душебрижници, само јас као незнам кај ми е паметот, не мислам на нероденото ми дете и не знам што и како можам да поднесам. Ама тој ни е паметот.
Фала мајки. А мајките на бебенца во јули и август, дали купивте тоа шо дискутиравме пред некој месец, бодиња на кратки, долги, сеедно, или уште е рано?
Јас ова време купував и се имав спремно. За почеток повеќе од 6-7 не ти требаат. Или земи си едно пакување на џорџ и мирна си или гледај си секое шетање што има. Во ваикики постојано има различна роба.
Јас почнав со купивање, термин ми е почетокот на јули. Купив и на кратки и на долги. Тие на долгите што се не се воопшто дебели туку тенки се и 2-3 пара шпикозни купив.
Имам прееееемногу подарени алишта а немам видено што точно има. Прво тие да ги проверам па ќе купувам.
Здраво на сите, јас ви се приклучувам во групава се надевам дека се ќе биде добро и ќе останам тука цели 9 месеци
И кај мене лани докторот беше скептик, одев на прегледи секој втор ден што се вика. И како што треба, прво ништо не се гледаше, па сакус, па плод…така да може и кај теве е сеуште рано да се види. Се надевам дека на крај се ќе биде добро
Јас се токмам се нешто да купам, ама ништо око не ми фаќа. Сакам фустанче некое за од болница, ама уште се зимскиве бре ништо не наоѓам. Во ваикики бев пред некој ден катастрофа и беше се, а пред месец дена имаа преубави работи. Се мислам тие бодињата од џорџ да ги порачам, гледам се исплатат а се 5 комада и доста ги фалат. Друго и сум заборавила што ми треба за новороденче