Бодиња ќе земам по кратки 7комплет од Џорџ. Шпихозни имам и комплетчиња по долги ама тенок материјал, и уште 3,4 планирам по кратки да земам. Многу и ќе ми подарат така да за почеток доволно се.
Имам купено 3 бодиња на кратки и вреќичка и едни шпикозни на кратки. Јуни и јули планирам, сега купував за синко.
Кога почнавте првпат да купувате алишта? Кај мене е прерано ама како што ве читам, мерак ме фаќа и мене
Јас вчера бев во Капитол и стандард си застанувам на кратко во женскиот дел, женски фустанчиња имаше преубави. Е сега, не гледав бројчиња или што е погодно за новороденче ама сите би ги купила. На крај отидов во машкиот и земав еден мики маус комплет Во 5ти месец бев до Солун и се натоварив После тоа на секое поминување покрај бебешка продавница купував по нешто. Ама не биди како мене, многу ствари ги нема облечено. Си имав 5-6 омилени и тие ги вртев
Ме ми рече ништо. 4+4 сум. Ќе ме утепа мисла до следен понеделник, ама ќе правам Бета ако треба 3 пати само мирна да сум.
15г.н сум и имам зголемен воден и бел исцедок. Брисевите ми се чисти. Имала ли некоја вакво искуство?
Јас , еве веќе 25+2 сум и како подмочана сум , цело време имам исцедок , брисеви уредни , уринокултура и таа , дури ме нервира , матичната ми рече може до крај да си имаш.
Исто и јас почнав да мислам. Цело време и јас сум таква. На преглед бев пред една недела. Се е добро и не ми даде никаков совет.
Направивме глупост со прегледиве денес. Сега реално да размислиме. Што може да се види со овие наши 4 недели? 16-18 дена после овулација сакаме плод, па и со срцева реакција ако може Опуштено, следи си бета два три пати колку да не мислиш и тераме, ќе биде добро
Бев на преглед кај матичниот. Госпоѓицава си напредува супер. Тежина,протоци, плодова вода, цервикс се супер... Матичниов секогаш ме гледа абдоменално и никогаш не сум му рекла цервикс да ми мери. И баш го прашав сега колку ми е. 40mm е. Рече ние секогаш прво срцето и цервиксот ги гледаме дали се во ред. Да е скратено грлото на матката одма се гледа тоа. Значи си знае што прави И така ми олесна што бев на преглед и си го видов бебушот
Јас земав само едни пантолонки и 2 пара боди по кратки. Имам со долги од женското, се наоѓаат и плави, сиви шпикозни по долги, тенки. Сеа планирам да доземам, ама ај се некако рано рано мислам. А и ова, во Вајкики слабо нешто да ми фати око за машко, се нешто без везе. Изгледа ќе го чекаме ХиМ.
Не сум имала до сега. Бев утрово на преглед и сѐ е во ред, а докторката ми рече не е ништо тоа со оглед на тоа дека вредностите во крвта се цело време уредни, плус сум испитала и гликохемоглобин, па нема место за паника Фала ти за мислата
@Erika.greeneyes и мене цервикс денес не ми мереше вагинално, а после гледам на извештај има пишано дека е во ред. Значи си гледаат тие, без врска се паничиме ние. Јас ништо немам купено до сега, утре ако прошетаме со малово ќе земам нешто ко за почетно, па понатаму друго. За дома планирам по куси боденца, за вадење најверојатно по танки долги од тие комплетчиња памучни, сигурно ќе е прежешко средина на август. Ќе си носи и машки за дома од првото.
За жал, ништо не ти преостанува освен да си носиш резерва гаќи со тебе на излегување и дневни влошки. Кај мене од кога се појави на почетокот, не престана. Некогаш се чувствувам и како подмочана. Кивањето ми бонус на целата мака.
Женски последниве два дена се соочувам со чести грчеви во нозете Пијам магнезиум од 400мг навечер од почеток на бременоста, да не има нешто друго да земам
Абе он ми кажа одма рано е, може ништо да нема, ама тоа е. Стварно е рано. Јас па си мислев викам ова што толку рано и толку јаки симптоми кујзнае може близнаци да се Ко да ми е прво се понашам...
Мене докторот ме врати кога му отидов во 4та недела, не сакаше воопшто на ехо ни да ме гледа. Бетата ми беше 211, вика со оваа вредност ништо нема да видиме. Ми договори да се вратам за 10тина дена од тогаш со направена нова бета од тој ден. Кога се вратив следната недела кај него бетата веќе беше над 6000 и тогаш веќе ме легна на ехо И двете ќе си ги видите точките на следен преглед
Женски, се породив, конечно се запознавме со малата ❤️❤️❤️❤️ поминавме супер ма операцијата, за џабе толку страв ќе видиме како понатаму