До сега никако не спиев, како месечар по цели ноќи роварев по стан, накај 4 ќе заспиев, па на секои 20 мин ќе се будев, па грч, па укоченост, па пак ќе заспиев 1 саат и пак разбуди се и ќе се изнервирав и ќе станев и така секој ден маки со спиењето. Еве 2 дена во 2 си легнувам, ставам глава на перница, три секунди и оп дошол 2 на пладне другиот ден. Цели 12 часа и повеќе спијам без мака и без ни еднаш будење, да ми е вака до крај да си одморам да не се мачам...
Си пиела? Јас сум 32ра претходните два ден имав изразени стврднувања ,па од страв бев на цтг и не ми покажа контракции. Денес му пишав на докторот дали смеам да пијам no spa ми одобри 3x1. Па сега мислам да не ги даваат само при вистински контракции? Иако докторот знае дека ми се лажни ...
Да се напив еден ден, и сега по потреба. Не е за вистински контракции јас сум 21 недела ми кажа докторката дека се за опуштање само на матката, немаш гајле само малку горчат да не те зачуди од кога ќе ги испиеш ❤️
Јас само купувам како навиена 25 недела сум и очиве ми се или по продавници или онлајн се нешто пребарувам
Ти по колку пати ги земаш? И јас планирам да ги пијам по потреба не секој ден. И дали лесно се наоѓаат?
Каде има уште зимски, да не гледаш на погрешно место, се ќе ти изнакупиме Бодиња земав Carters, фустанчиња chicco, carters, zara и чекам hm. Јас сум со термин во август и кратки ракави и тенки бодиња. Август знае да е 45 степени
Па да, затоа да се има од двете опции. Имам едно летно дете, и е родено во најжешкото лето. Не кратки, туку во боди со прерамки го пројде
Јас мешано зимам и на кратки и на долги. Во август почнува веќе насабајле и навечер ладно да станува така да ќе си имам во секој случај и од тоа и од тоа. Само не знам колку алишта се доволно да не купам премногу ниту пак малку.