Секако ќе поминеш. Со тоа што ако земеш малку ќе мора многу често да периш, а ако земиш многу ќе периш поретко. Според мене е подобро да земиш малку а често да периш, затоа што за многу кратко ќе му се мали Изборот сепак си е твој.
Плус во лето одма се сушат алиштата. Јас не сакам мн да се трупам со алишта нешто ќе ми остане не облечено. 7 бодиња на кратки од Џорџ. Шпихозни имам едни по долги и 2 комплетчиња по долги тенки. Уште 2,3 шпихозни по долги планирам,2 по кратки. И еден комплет во кутија со ќебенце внатре. За почеток би требало да е доста. И многу ќе ми подарат од машко новороденче ама за дома ќе вршат работа
Бета 1917, по трудна, амин! Едит:Гласно размислувам, да сум почекала само до понеделник се ќе било подобро, немало да ги јадам овие стресови. Ми олесна бааги, ама у понеделник ќе правам пак и ќе бидам мирна.
3х1 и мене ми рече докторката, ама вика може и до 6 апчиња да се пиат ако треба. Она ми вика можеш да попиеш ден два па после една недела не и по потреба ако треба. Едвај ги најдовме во еурофарм само ги имаше, можеш да појдеш во една и ќе ти кажат во систем кај ги има за да не лутате ако си од Скопје, мене членка тука ми кажа исто пред некој ден така и ги најдовме.
Ако може да споделите што е Џорџ другарки? Ве читам за боденцата. @AngelOfArh сестрата е крива, таа треба вакви основи да знае. Јас кога сакав да закажам сестрата ме праша кога ми била последна менструација. Бетата е одлична.
@fana на tiny baby shop на фб има убави бодиња и шпихозни. Убав и квалитетен е материјалот. Девојки вчера и денес многу ми е лошо во стомаков. Можно е пак да ми се врати гадењето и мачнините? 6ти месец сум. Или пак период е.
И на мене исто ми кажа по потреба да ги пијам. @eli25 јас вчера во зегин ги најдов, а прв пат кога ми ги препиша ги имаше и во аптеката во Ремедика.
Е јас сум 10+3 ептен ми е рано. Ќе причекам уште малку, барем да влезам во втор триместар Ама ептен мерак ме фаќа кога ве читам тука
Само ако тоа лично тебе ќе те ослободи од стрес. Бидејќи кажа дека следниот пон си закажана а дотогаш има доста време јас би направила. (Впрочем и направив како што ти пишав во претпоследното цитирање)
Охоо браво честитки непотребен стрес ти направиле.. можеш да си направиш и понеделик пак ама и нема потреба јас кога правев ми беше 317 и сетрата ми кажа супер нема потреба да повторуваш ама јас си направив пак за сигурност
Девојки кога почнавте да купувате количка креветче и слични работи. Јас за 2 дена влегувам во 7ми. Моите ми купија количка ние ја одбравме само. И сега свекрва ми леле многу рано од сега не се купува. Не знам кога планира таа, јас сигурно во 9ти нема да шетам. Креветче ќе добијам од брат ми. Маж ми им вели купите ни релаксатор вие ако сакате пошто секако имаме во план да купиме. И таа му вика јас што сакам и кога сакам ќе купам. Не знам што оваа љубомора меѓу сватови. Место мерак за внуче. Не ми е јасно.
Ти е гајле што викаат. Иди купи си што ти е ќеф. Јас ако не купев на време и чекав до 9ти ќе останеше синко со количка што се возел мм у неа, никаква. Се породив у 8ми.
Ремедика немаа во Средата и рекоа не знаат кога ќе добијат, а зегин во Бисер како влезе мм аааа нема шанси да ги најдете, ама ја мрзело да провери изгледа
Количка купивме после вториот скрининг ја чекавме еден месец, а креветче, релаксатор, кадичка… купивме во 8 месец.
@Erika.greeneyes купете си сами релаксатор. Јас да сум ко тебе што и да купи (пошто ќе купи таа што сака а не што вие сакате и ви треба) нема да искористам ич за бебето. Срам да и е, пу Он топик, во 9 ти месец се треба да е купено, ниедна трудница не може да шета по продавници во 9 ти месец. Јас конкретно во првата бременост купував во 7 и 8 месец.
После прв скрининг почнав алишта да купувам, полека полека. Свекрвица рано е ми вика, јас викам мене не ми е на кој му е нека не купува и не одчекувам од никој ништо. Почеток на 7 купивме креветчиња, релаксатори коритце, количка.... Еве осми сум се ми е испрано и средено. Искрено сега не ми е ни до шетање ни до купување. Така да мила се што си мислиш да си купиш и ич не слушај околината што џавка