Како да се гледам себе си во твојата ситуација Јас купив количка уште во март од бебе хоме кога имаше попуст. Креветче и останати поголеми работи имам од другарките... Само свекрва ми чека да се породам па да ме праша што треба треба... И да и олесни ако кажам дека не треба ништо веќе има се
Изгледа сите свекрви се такви и мојава цело време зборуваше дека е рано и имало време кога да купуваме, ама кој ја слуша. Ама сега што и да купиме не вели ништо сигурно знае веќе дека не е рано.
Јас пред два месеци купив првпат, нарачав од окаиди, а бев 3 месец, наредната недела влегувам во петти... И мене ми е мерак многу, порачав кебенце едно и он купив и еден комплет и кебенце од венис Веке не купувам сега за сега, сакам да одам во Солун и од таму да земам.. Имам грижа на совест кога купувам да не е рано, да не си правам малер ама ајде...
Ова ви е најубавиот период од животот, не им дозволувајте да ви го уништат! Најдобро ќутите си и купувајте си.
Со првото од 5ти до 7ми месец имав завршено со купување. После тоа само си доземав екстра партали на секое шетање, и многу од нив не ги искористив воопшто. Имав навистина премногу купено. Поучена од тоа искуство сега сум многу практична и купив само основни работи што навистина се практични и ќе ми се најдат. Па откако ќе родам ќе докупувам по потреба. Откако влегов во 8ми ми е многу тешко да шетам. Мој совет е да си средите се до 8ми. Туку малава ме удри сабајле по стомак, а цел ден осеќам како притисок долу, чудно. Да ми каже некоја што знае дали има и кои се знаци дека постелката се одлепила? Бебе иначе се движи, активно е нормално како и обично. Уште нешто, пошто немам искуство, дали неопходно на сите паѓа мукозен чеп пред природен пород? Откако ќе падне кога се оди во болница?
Еве го , горниот капак се отвара и кадичка има за бањање, без додатоците за повивање , тие плус се зимаат
Голем мерак е А тоа со малерите мислам дека некако ни е наметнато од постарите, ова не се прави дотогаш тоа не се прави, немој вака немој онака... Ако треба нешто да се случи, ќе се случи безразлика на сè.
Мене со првото не ми падна мукозниот чеп, отидов на контрола отворена 3 прсти со слаби менструални болки. Со второто ми паѓаше чепот месец и пол, дел по дел. После паѓањето на чепот може да помине еден ден, а може и недела-две. Во болница одиш кога имаш болки за пораѓај.
@eli25 околу 100 денари е кутивче, не се скапи во споредба со се друго што земам во бременост Инаку јас магнезиумот го пијам по 2 пати од 400мг, а овие 3 пати по едно по потреба. Иако имав период каде ми беа вклучени и секојндевно, во поголема доза.
@Yowannty мене не ми падна дома мукозниот чеп. Во болница кога отидов со болки ми го пукнаа водењакот ,само што слегов од бокс падна мукоЗниот чеп. Чекај си болки ти За купување со првото од 6ти месец купував се. Сега за второво имам се, дека двете ми се девојчиња. Ама секако ќе и купам нешто нова облека, да не биде се во старата и нешто за изнесување од болница.Ама ќе почекам уште месец два, дека со хематомот уште не сме на чисто, нема абер да го снема. Па ме фаќа малку страв и така