И јас имав хематом некаде во 11 недела ми кажаа. Знам дека до 18та недела уште го имав, на скрининг во 20та веќе го немаше. Ама јас не се пазев. Може и затоа толку долго го имав. Ама си зацртав во глава дека не е опасно, така и матичниот ми рече. Се движев си пешачев се нормално си правев не лежев само. Ама тешко не дигав. Но јас немав никакво крварење. И од хематом до хематом има разлика. Некои се поголеми поблиску до бебето и со тоа поопасни. Ќе биде се во ред
@eli25 @kristina.k За овие лажните контракции што зборевме, имате болки во стомак после нив? Два пати веќе ми се случи да ме боли стомакот ама кратко трае и пушта. Еве сега во вагината имам некоја болка, онаа како ширење. Со првото одма пишував на докторката и раат бев, сега некако непријатно ми е и прашувам тука. Од Џорџ јас еднаш нарачав и тоа поголеми и само две успеав да му облечам на сила. Ич не ги искористив, не знам зошто и кратки некако беа и многу тесни во ракавите. На Картерс ми се најпогодени, преперени 100 пати и не мрдаат. Ги утепа од носење.
Јас на почеток ја слушав матичнатa, не мрдав од кревет, специјалистот кај што одам на 2 недели, рече нема потреба до толку. Движи се ама не претерувај и не кревај тешко. Хематомот од 12та недела еве сега сум 19 та,уште го имам. Вака не му смета на бебе, си напредува сега за сега и мрда цело време. Ама ми е страв дека голем хематом е. Ваљда ќе продолжи да е ко до сега. Кај матичната не одам веќе, дека од памет ме вади секое одење.. Сестрата ми се јави пред некој ден. За преглед. Кога фатив да се правдам ауу... на крај и реков ќе дојдам.. жива глупава сум А маж нема шанса да дозволи таму да одам после се
А не. Мојава цел град го преврте, разгледа во секоја продавничка за бебиња, и купува и ми донесува дома да видам дали ми се допаѓа, па да земе уште некое. Бодиња, шпихозни, пеленки... Веќе толку накупуваа, што ја више неам потреба да купувам облека. Какво шишенце и цуцла да купам? И памперси кој број? Како сте задоволни од babylove?
Јас исто како прво да раѓам оти од првото освен креветче, друго немам. Со првото знам начекав акции од Сити Мол, славеа тогаш една година па си купив во 8 ми и креветче и количка. Креветчето беше од моите, количката требаше свекрва ми да ја плати, ама не ја плати. Добив и кадичка на подарок, релаксатор на користење и си купив столче за хранење кое служеше за закачалка. Синко не седеше ни во релаксатор ни во столчето. Сега во јуни планирам да купам за бебето, месецот треба синко да го обновам со летно и патики, па јуни бебето. Количката ја чекам на попуст или како експонат Преубава е, Cybex, ама толку пари не давам. Фамилијата сите прашуваат што треба, па списокот ќе го направам и нека купуваат. Леле се ми фали, сестриве се распордадоа. За облека, од искуство со синко, сите велеа не купувај и јас слушам и ми се случи да морам да сушам за да облечам. Затоа сега ќе си купам, овде најдов 5 пара бодиња на долги за 5 евра Памук 100 %. Какви акции сега ќе има за есен, јули за летна
И јас поради тие празни верувања за малери не купував ништо, а нема никој поголема опсесија од мене за купување. Пред месец мислам видов во џамбо едни капченца со чорапчиња мн слатки ми беа, ама многу и мажот ми рече купи ги и тие жити само што ги купив. Ее ама сега пред недела време ме чукна нешто и излегов, ако ви се верува купив +50 бодиња и х2 зошто нели две се. Значи и сто може да имам. И капчиња изнакупив многу, ептен сакам беблаци со капчиња. И цела недела си ги диплам цела соба ја окупирав. Една недела секој ден по нешто си купувам.
@Jana06 немам заприметено да ме боли одма после контракции, ама имам чудно чувство во стомакот после. Мене сега последниве недели ме боли срамната коска најмногу и осеќам долу како циркулација, ко крвотокот да си го осеќам
Avent Пелени ќе си земеш малечко пакување најмали што постојат њуборн (јас користев кан бебе) па ако се точни на бебка ќе си земеш големо паковање. Бејбилов не сум користела
Мешиња едно прашање, на колку минути треба да се контракциите и колку долги за да се појде во болница. Вчера сабајле ги имав на 7-10 минути но кратки од по 30-45 секунди. Денес ми се преки ден на пола саат дури и на саат а сега од 19 часот почнаа на 15 минути и сега моментално се намали на 12 минути. Но сепак траат само по една минута. Вчера ме вратија дома од болница бидејќи ЦТГ не покажувало јаки болки нели трена да се некаде 100-ка а мене ми покажуваше меѓу 40-60 а јас ги осеќав ептен јако. Ми дадоа бускопан две апчиња и некој капки се напив, дома стигнав уште еден парацетамол се напив и успеав ноќта да ја поминам. Вчера имав и шлајм со малце свежа крв, се јавив во болница не било ништо страшно ако сум сакала можело да појдам пак да ме проверат Али сепак како сум се осеќала јас, постојано паѓа по некој шлајм. Многу се плашам да не е касно ако почне пораѓајот па дома нешто да не ми се случи или по пат, бидејќи до болница имам од прилика 30-45 минути возење
@Pajace77 ова е правилото A simple rule for when to go to the hospital for labor is the 5-1-1 rule. You may be in active labor if your contractions happen at least every 5 minutes, last for 1 minute each, and have been happening consistently for at least 1 hour. И на часови ко одев за првото ни кажуваа, значи ако се на 5 минути, траат по минута и се случува најмалку еден саат. Ама бидејќи имаш толку пат јас не би чекала толку да стигнат, ако се намалат на 10 минути оди. Со лесно, за брзо ќе се видите со бебенцето.
И јас сум со термин август, ама бев ваикики се беше со долги ракави и поголемки, окаиди тапа, овс исто, картерс само бодињата со долги се со копчиња од напред друго се е преку глава, зара, ресервд ништо не ми фати око. Дефинитивно ќе си го чекам и јас НМ. Имам нешто зачувано од големкава, ќе видам некоое боди колку за додека да пркнеме и вајда таман ќе ни го отворат ова за дотерувки
Еве како ми се од 19:30 некаде почнав да мерам, работата е што денес бев кај матичниот гинеколог и на ЦТГ ништо не покажа, и кога ме провери колку сум отворена рече од прилика еден или два сантима што не било многу, а овие у болница ми рекоа вчера дека ич не сум отворена. Оххх се мачам веќе два дена со болки, пред саат време и два парацетамола се напив и со топла вода се истуширав, после туширањето ми се смирија после 33 минути пак се јавија, но еве сега пак зачестија многу се осеќам исцрпено а во болница не сакаат да ме хоспитализираат, незнам што им е проблемот
А како изгледаат тие контракции? Нели има и лажни. Прво бебе ми е и немам искуство, а и јас имам околу 40мин пат. Па од прилика да знам, да не се породам по пат некаде.
Па и јас од тоа се плашам имам 20 минути автопат и плус уште 20 минути и повеќе во град возење, бидејќи не ги дава на ЦТГ се мислам да не се лажни, но пред 4 дена ми ги извадија конците од церклажот и рекоа може во секое време да почне пораѓајот. Мене ми е прво вака големо бебе, првите две бремености се породив во 22 недела и знам дека ова што имам се контракции но незнам какви се… оххх колку ми е страв, неможам да ви опишам
Ќе знаеш. Различни ќе се од лажните. Лажните не болат, за разлика од правите. Не, дефинитивно нема да се породиш по пат, со глава гарантирам.
@Pajace77 дека не си била отворена затоа не те задржале, ама сега веќе може повеќе си од 1-2 прсти. Ако зачестат оди и не верувам да те вратат сега. @Erika.greeneyes болни се вистинските контракции и на точни интервали, лажните се повремено и пократки и не се болни.
@fana @kristina.k фала ви ми олесна малку. Ај јас пак ќе ве ѓнавам до 9ти има време Пред вас ми е малку терминот.
Вие си ги имате свекрвите, ама мене маж ми, ми е најголема свекрва. Од денес сум 27 недела му викам готово влагам во 7 месец да купуваме нешто, он рано било бе. Мене место не ме фаќа не одам на работа и само на тоа мислам а богами уште сега ми е тешко за шетање и возењето ми е се потешко и ќе треба се некој да чекам за развозување а мн се нервирам кога зависам од друг и сакам што е можно порано да спакувам најнеопходни работи. Друго, постелини со оградици убави од кај зимате? Гледам он лајн еден тон ама исто и толку поплаки после тоа И тетра пелени нешто што ѕирнав он лајн шаренки така се по 300 ден парче некако многу ми дојде