За синко користев прво Памперс, прво дете нели. Некаде докај година и пол па почна да се исфрла од нив. Кога можев користев Бејбилов и супер се. Потоа користев Пафис. Сега планирам Бејбилов. Прво малко пакетче најмалите и потоа нели си се зголемува бројката. Шише Авент знам биле добри, син ми дури после 2 години во градинка му тупнаа шише, и малку користеше. Цууцла па ич. Ама затоа сега да сме купеле на бебето, да не плачело.
Не знам дали ќе се роди бебе што повеќе квичеше од него. До кај 6 години квичеше, сега се потсмири. И сега он вели цуцла да сме купеле. И јас влегов во 27 недела, исто сме значи.
Извини што се уфрлив ама зошто во термини на породување си после мене. Јас утре ќе влезам во 27 а пред тебе ми е терминот
Како си со клоцање? Мојава ме уби 24/7 мава. Од 5 месец како почна мислам дека само лактови јадам од неа. Со првово некаде 8-9 месец некои мрзливо движења имав, ова незнам што ѕвер ќе се роди. Страв ме фаќа уште сега
Незнам бе Мене 11.08 ми е термин, а знам дека секој петок влагам во нова недела. Вчера бев полни 26 и од денес со рачунам дека терам 27 недела Сега видов за 4 дена се промашуваме со термини
Исто, ме убива и мене. Удира кај препоните баш. Иста ко брат и е, и тоа навечер, спие од сабајле. И тоа ме плаши. Синко ист беше, клоцаше, навечер и кога се роди не спиеше и е уште хиперактивен. Не знаеш колку се надевам дека ова бебе ќе спие, ќе јаде и нема да квиче Кога ќе ми кажат леле не знаеш што те чека, само се смеам оти они не знаат што дете пораснав До 3 години не спиеше и дење по 20 мин преспиваше. Инаку јас сум со термин 6.8.
Јуле исто и кај мене и првата а и втората. Среќа навикната бев на лошо дете па ништо не ме изненади Само живи и здрави да се.
Леле бе мене првово ми е бајче, ова ќе ми наплати и за неа изгледа. 10 год ќе прави мојава не ја осетив кога ја пораснав, сега веќе ептен ми е другарка Мене ова ме мава горе, под гради нема шанси да седнам на маса ко човек да ручам одма почнува, дури и навечер кога спијам ако се свртам на страна што неа не и одговара одма пушта тоа пропелерот мислам
Ќе кажеш хиперактивно дете Вака не е лош, не правеше бељи, не кршеше, не знам да уништи нешто дома. Културен, мирен и во градинка и школо, не се тепаше, закачува. Значи немав никаква мака со него, ама ете не спие се уште, квичеше, до 2 години само цицаше. Со ова квичењето наплати за се. И со неспиењето. Во раце ми порасна. Еве станат е од 7 ипол и уште не спие, петок било.
Првото кај мене беше преактивно, стомакот ми го поместуваше, па ко се роди од 2 месеци до сега еве 6 и пол години никогаш не се будел ноќе. Е денски си е активен цело време. Ова сега исто го осеќам многу јако низ цел стомак, од под гради до долу, не знам како стига толку, клоци се гледаат на стомак а само 23 недела сум.
Мене истото ми го прави, ама во препони. Вусшност удира кај стигне. И кај вас поголема е разликата, кај нас синко 8 ипол е сега, нецели 9 ќе е кога ќе се роди бебе. Баш ко другар ми е, само што машко и не ме рецка баш веќе
Има една тема свекрви и снаи, од кога ја меркам да се активирам и таму. Ама и тука гледам не сум сама, мојата е па превозбудена и се понаша неартикулирано. Сите сме искулирани, ама женава како само она баба да ќе е, мислам дека има план да си го присвои детето.
Оваа се тие според евиденција исто водев и јас на колку време и колку траат , мислам да одиш пак сигурно си сега повеќе од 2 прста мене ме хоспитализираа со 2 прста. Со лесно!