Ве читкам за купување, јас од мерак дека прво па и Женско лелеле секое пазарење или одење низ град со кеси полни доаѓав дома, од пуфки за на глава шноли незнам ти што, и мене ми викаа рано било ама кој ги шиша еве сега сум 39 недела неможам од една соба до друга да отидам па камоли да купувам, јас се скоро се купив до 6 месец, сега ептен ако ми падне нешто во очи, и јас имам многу алишта что ми ги дадоа од бебушките мали во фамилија и тие ги средив наредив и сега чекаме госпожата да дојде.. А свекрва ми, она е приказна сама за себе, нема купено едно лигавче, кога ќе се родела, па што ќе купи кога ќе се роди не ми е јасно кога се изнакупивме хаха е тоа е....
Женски има некоја од вас што вози градски точак во бременост? Претходната бременост бев прилично нефлексибилна, немав енергија уште од ден 1 мислам, и не сакам и оваа да биде исто. Додуша со 20 кила мање од тогаш останувам бремена, ама сакам да останам во тој правец, да бидам по активна, да не залегнам, освен недајбоже ако затреба де. Планирам ако се е во ред и да си вежбам, здравје следната недела ќе знам. И уште едно прашање, што да земам за да потпомогнам природно да се здебели ендометриумот? На преглед докторот рече дека му е чуден. Нешто да пијам, јадам, витамини...
Јас знам дека лосос и цвекло помагаат во задебелување на ендометриумот. Исто и ананас ама ананасот нели ме се јаде во бременост бидејќи може да предизвика контракции.
Можеш да си земеш од пренаталните витамини што се за трудници. За поддршка на бременоста знам ги дават утрогестанот и Дабростон, но не знам колку би било добро на своја рака да ги земаш. Ако можеш да се консултираш со некој друг доктор за ова.
Презадоволна сум од babylove, ги користам за двете. Меки се и убаво впиваат. За почеток земи 1ца но не трупај многу пелени бидејќи може да ги надрасне брзо. Од babylove има и xs пелени, но тие се многу малечки за прематурчиња се. За шишиња можеш Авент или dr.Browns. За цуцли медицинската од Авент е супер.
Од тие муабети рано ти е ми направија шубе, ми беше страв на интернет да гледам а не да купувам. И кога веќе решив дека ќе купувам па што сака нека биде ме ставија на строго мирување и еднаш во продавница не влегов, се што купив беше или онлјан или некој од блиските праќав. Ќе си каснам од раката од мака.
Ангел, почекај. Нема што да правеш, освен да почекаш. Пиј си фолна само, а додатно ако има потреба. Може ќе имаш скроз уредна бременост и зошто поддршка? Многу е рано да се види сакусот, јас со првото бев ист случај. Бремена си, се е во ред и после една недела и на ехо ќе видеш.
@AngelOfArh чуден во смисла танок или чуден како со 3 поделби? За првото докторката на приватно ко појдов испаничена ми рече и дека по поделбата на ендометриумот можат да видат дека се има случено бременост, пред да се гледа сакус, само не се сеќавам точно како беше. Во секој случај не изгледа нормално и исто како без бременост.
Знам женски, се ми е јасно, ама пусти стрес... Излегов низ двор да пофалам нешто, некое цвеќенце да спастрам, само си наоѓам работа да не мислам. На бранови ме фаќа, не нон стоп. Читав за витЕ, ама стра ме ако е витамин. Ќе удрам на јатки, семки, леќа, риба, у принцип треба ЈХ ама од цело зрно, не од брашно, така да на индустриско благо ќе редуцирам и така. Да знам дека се што сум можела сум направила. Само рече чуден не ми личи ко да има бременост. Ќе одам на еден преглед кај една друга докторка ама таму петок можеби и ќе видам, оти некако се ме одвлекува од овој доктор, а не сакам да мењам зошто сепак ми водел бременост, ме знае, знае со што сум се соочувала, уствари не знае, пишува во картон, а мене ми е незгодно да му го побарам картонот.
Мое мислење е да се опуштиш, многу стрес ти дојде. Само речи си дека што е твое ќе си дојде и мисли позитивно. Сè ќе биде во ред
Еве јас сменив доктор и држава. Ќе си кажеш се на новиот, немај гајле за тоа, доколку сакаш да го менуваш. Малтене исто искуство, ендотериумот чуден, ко зголем, не гледам јас бременост. Уште ги паметам зборовите. Еве го, го гледаш, момче и пол.
Со бета под 2000 не се гледа ништо. Нема зошто @AngelOfArh да се вознемируваш. На следниот преглед ќе се види. Ако си измеѓу 3-4 недела, не е возможно да се појави на ехо.
Каде да најдам Фемибион 2? Маж ми го пратив да ми земе, му рекле дека е дефицитарен и само Фемибион 1 имале, да сме земеле нешто друго. А не сакам друго. Аман до тоа ли дојде да е дефицитарно.