Бев вчера во болница пак, ЦТГ пак ништо не покажува, односно многу мали контракции и ме провери и вагинално и ми рече сеуште си само еден прст отворена, иди си дома и чекај или дојди за два саати, реков ќе си одам, ми даде пак бускопан и некои капки и ми рече дома 2 парацетамоли и ќе заспијам. Еве денес уште немам ниту една контракција.
Јас од Бети аптеките земав вчера. Кај мене во населба ми рекоа дека имаат зошто планирав повеќе да земам, баш заради информации од овде дека е дефицитарен.
Јас креветче и шкафче, поголем дел од облека, лигавчиња и такви работи почнав после 28ма недела да купувам, така се погоди периодот беше потопло и убаво за шетање. Ако чекав до декември за да купувам, други ќе купуваа дефинитивно. Кога сакаш и шо сакаш, да си купиш
Мене ми падна во 37ма, се породив во 39+4. Не значи ништо и не мораш одма да идеш у болница, само да си го известиш гинекологот дека паднал и тоа е се. Барем кај мене така беше.
Кај мене со бета околу 1000+ се виде сакус. Многу побитни лекови нема, битни за болест, ова е витамин, мислиш се грижи некој.
Кога ќе видиш логично е , они собираат нарачки и нарачуваат затоа се чека по неколку денови, ќе нема од кај да ти заменат…
Нема замени затоа што порачуваш што сакаш, модел големина и тоа си купуваш. Тие тоа порачуваат и носат за кого што е порачано. Ако ти не го сакаш нема на кого да го продадат. Тајни бејби земаат од неколку модели сите броеви и ги продаваат кога има залиха.
Ама и секое парче е завиткано во хартија, фолијата ќе ја скинеш и после како ќе го продадат, логично. Јас утнав, пишав погоре. Бебе беше да речеме 4-5 месеци, јас нарачав 6-9 и мали беа. Не беше нешто буцко, не знам. Ај може за второто
Здраво на сите 11та недела сум до 8ма недела немав никаков проблем ама од 8ма навака почна да ми се качува притисокот. Една вечер на дежурен ми беше дури 173/85 ме боцнаа апаурин и ми дадоа веднаш две метил допа и терапија за дома метил допа од 500 по 3 пати на ден. Ама не ми се симнува па нефрологот ми ги покачи на 4 пати по 500 и ми дадоа верапамил за тахикардија. Пак ми е висок притисокот,завчера на гак повеќе пати ми го мереа варибијален ми е 172/100 па 150/80 па 149/98 значи никако не ми се симнува.. Терапијата ја пијам како што ми кажаа на 6 часа по 2 таблетки од 250 значи редовно ја пијам терапијата Некоја дали се сретнала со ваков проблем и нешто на природна база да ми препорачате? Фала однапред.
Тие гнезда за бебиња практични се? Се сеќавам за првото ко одев на часови во Плодност ни имаа кажано да е на тврд душек и да нема ништо околу него во креветчето. Убаво ми изгледаат ама како меки некако и плус многу блиску до бебе ќе се страничните перничиња одоколу. Инаку за во кревет ако е ко малиот, да не сака воопшто во креветчето, е баш убаво да го ставам до мене.
@Hijabigurll мораш да бидеш спремна на се, за жал Притисокот е превисок за нетрудна, а камо ли за трудница. Толку висок притисок не знам дали би се симнал со природни лекови. Максимално да се избегнува сол, вода конзумирај со низок процент на натриум, можеш да вклучиш таблети од лук, чај од маточина камилица, витамин б6 три пати дневно .... Тоа. Ти посакувам да се среди состојбата
@Hijabigurll од што се крева толку притисокот, те немаат на интернист пуштено? Да не има друга причина освен бременоста? @fana не знам и јас, освен за така на спална да спие во гнездото, ама пак не ми изгледа многу безбедно.