Не то треба. Намена за сликање е. Додека не се врти на страна и на меше не ти го треба, а кога ке почне не е безбедно од повеќе причини. Дури и опасно може да е.
@fana малечки ми изгледаат, за поголеми сигурно нема да бери. Еве читам на нет за да се осеќаат бебињата како во матката, ми нема смисла. @MilaSs12 да, истото го помислив за ко ќе се вртат треба да нема ништо околу нив. Ќе си поминеме со креветчето од првото.
Баш се искористени и практични за преспивање во дневна, доколку и таму немаш креветче. Внука ми е 6+ месеци, дневни дремки се во гнездото и се.
Не ти треба. Бебе треба на потврдо да спие. На почеток па воопшто не ти е неопходно оти како ќе го легнеш, каде и да го легнеш таму ќе го најдеш. Кога ќе почне да се врти околу 4ти месец па ич не треба да има ништо толку блиску околу него. Не земав за првото и за ова не мислам да земам. Непотребен трошок е.
Не гледам причина да купам гнездо, ама озбилно, легнато и на гарнитура на пелена иста ќе му биде функцијата. Освен од естетска гледна точка, изгледа убаво, ништо друго. Не планирам да купам.
Бебињата регулираат топлина преку глава, затоа не се лади главата со алкохол кога имаат тт. Септември и октомври во Македонија е претопло, капче само на зима.
Не мора да постелуваш кебиња, пелени на кревет во дневна за да го легнеш, ова е чисто и негово... На кревет седнале сто луѓе сиг нема да го лупнам на кревет кај што седат сите да спие. Плус краевите се повисоки од сунгер, не мора да го оградувам со перници од страни. Лесно се пере во машина. Во таа смисла практично. Доволно?
Како што ти објасниле членката, бебиња преку глава регилираат топлина и со капата може да го прегрееш бебе. Внатре капа никогаш нема да ти треба. Ке ти е регулирана температурата. За надвор ако дува ке ставиш, имај си една односно две во тебе за ако почне да дува, ама ако е мирно не ти треба. Денеска кај баба ми дуваше доста, и да беше бебе ке му требаше капа. Ама такво е местото. Во центар не се дише. Значи тие без гнездо бебињата си ги ставаат на гарнитура кај што седат сите. Алал да ти е на паметот. Пред да почне да се врти не ти треба перница. Кога ке почне можеш само да се опуштиш и бебе да падне на земја, перница е привидна заштита. Плус може да се покне со глава под перница. Бебе кое се врти е сигурно на земја и во креветче. На ниедно друго место. И на кревет може ако си до него. Пребарај да видиш колку бебиња паднале во секунда, мајката да земе памперс од деуг крај на собата. Моето на 6 и пол лазеше, така да...
Јас имам авент стаклено и уште пие од него синко. Цуцли само менуваш. Пластика се уништува за брзо. Кога ке порасне и ке држи само ке видиш какво ке ти треба. За почеток моја препорака е првото. Калма имав со пумпата и синко не умееше да ка користи. А цицаш опасен беше, вовлечени брадавици ми извлече. Од авент си пиеше млеко.
Да ги ставаат, не знам дали сите ама јас лично имам видено дека ги ставаат. Не кажав ти дека мора да купиш, мене ми е баш практично и cute Тоа е само мое мислење, не очекувам да се согласуваат сите со тоа
Практично и опасно. Купи си ти три, не ти се мешам, давам искуство кое некому ке му значи. И капа е кјут ама може да качи бебе температура.
Така е, потполно се согласувам... Секој само си го споделува личното искуство... За проповедања и држење закони имаме свекрви, тетки, стринки