Девојки од кога почна да ви се познава стомакот вас? Јас влегов во 4ти месец ама многу малце ми се познава и сите прашуваат каде ти е стомакот тебе јас слаба бев и порано 53кг ама сега 50 имам
Мене дури од 6ти половина, секое тело е различно и не обрнувај внимание на глупи коментари и прашања, немаат крај тие. Кај ти е стомакот, леле многу голем стомак имаш, леле многу си слаба, бебето гладува, леле многу си здебелена не јади толку, леле високо/ниско го носиш ауууу итн итн.
Ерика, јас за првото почнав од 5ти натака. Не верувам во суеверие. И јас се нервирав така со свеки, па почнав да купувам и кријам. Плус мразам у последен момент да купувам. @Freckles. Јас од бабулов сум презадоволна. Сеа планирам со нив да почнам.
Јас би земала оти педијатарот за синко стално ни збореше дека бебе дури е мала треба да биде “ушушкано” , па му стававме ќебенца околу него кога беше бебче, бебче Ова баш така ми личи дека ќе е практично. Со првото не ни памтам да имаше вакви.
Јас уште малку 4 месец и ми се познава дури и ме нервира што толку коментираат многу ти се познава кој месец си а јас се правам како да не ги слушам не мора сите да знаат
Пајаче, на куси интервали ќе се ептен болни и ќе траат исто. Јас имав на 5 мин директ, а траеја по минута. И така со саати. Ќе знаеш дека тоа е тоа. И јас се разочарав. Види во Стружанка, земала колешка убави комплетчиња од органски памук, нежни, преубаи. Ќе знаеш хаха. Ќе те боли стомак и кичма, ко некој грч непријатен, како при тврда столица кога боли стомак а неможеш да појдеш. Само појако. Има едно дуканче за постелнини, преубави, во уличката на плоштад кај споменикот со трубачи. Заборавив како се вика, ако ја накдам страната ќе ти пишам. Преубави постелнини земав за првото. Значи јас сум измеѓу, секоја среда влагам во нова недела, крајно 10.08. Со лесно женче, имам таква, земи апчиња за смирување и железни нерви. Јас. Јас денес купив некое боди, па правев список дома шо имам и шо немам. Малата ми носеше 56 две три недели, има 4 5 пара ми се чини.... па сеа да купум тоа шо немам планирам. Во дилема сум дали 56 ми се потребни над 7 пара, да не искочат мали. Гнездото не би го користела ни јас, ми е страв од вртење итн. Од една страна на гарнитура може да се постеле тетра или кебенце, а од друга страна, со мало бебе се пере почесто. Хигиената е поголема во домот. А и не треба децата во стаклено звоно да ги чуваме. Треба да градат имунитет. Ако е доволно чиста гарнитирата за ќерка ми да седне коа се пресоблака, чиста ќе биде и за бебе да легнам и пресоблечам.
Ушушкано во пелена да е стегнато во рачињата ако е вознемирено за да се смири. Никако перници и ќебиња околу бебе. Скроз непотребно е оти бебето треба да биде слободно, и често ако дофати нешто со рачиња само ќе се уплаши. Плус секој додаток околу бебето го зголемува ризикот од сидс. Ниедна педијатриска организација не препорачува користење гнездо, се препорачува само креветче и ништо да нема во креветчето. Освен што изгледа убаво, гнездото не е ниту практично ниту потребно. Сепак, кој како си милува така ќе си тера.
На 5 мин и со саати? И тоа е можно? Јас мислев ако стасаат на 5 мин за брзо ќе го биде. Кај те прочитав кај се запустив.
Другарки како се справувате со болки во грбот? Ни станата, ни седната а богами ни легната кога ќе почне да боли :/
Сега те читам, супер бета Да појдеш во Систина одма ќе видат . И мене матичната ме “гњавеше” , во Систина од прва се се виде. А као имала ново ехо
Јас замисли 46 кг имав на почеток. Сега 23 недела, како иде мислам при крај на 5 месец сум, 51 кг имам. А стомакот од 4 месец ми рипна. Се грижам многу за килограмите, малку се.