Од што сум ја читала Каетана, нема такво шише. Механизмот на цицање и пиење е многу различен и со тоа нема имитација. Од медела јас не успеав да влечам, искрено пробав. Мој совет е да не даваш шише додека не се научи убаво на града. Или да даваш со шприц, знам досадно ама нема ризик од одбивање. Знам бебе кои од шише и доење со силиконска се префрли на доење целосно, значи од бебето многу зависи. Мене авентот топ ми се покажа, само јас немав мака со одбивање, мојов беше навреден кога ке пиеше од шише, па по две дози шише не можеше да се нацица, влече тегли диши што сум го оставила на шише.
Моево од силиконски брадавици и од шише, се одвикна. А видеше града дека вадам, рикаше да плаче. Шо да кажам поише. Не сум била поувредена од изгледот на моите гради никад.
Секое бебе своја приказна. Моево беше пресмешно кога ке го оставам со бабите, и оставав две дози молзено, нема проблем си пие. Кога ке дојдам и кога ке ме гушне, среќа за цицка неизмерна. Не знам кој го чуваше, вели само што го испи шишето пред 30-40 мин, значи некаде 180 мл, веднаш се фрли на цицка, се поти, шмука, нема време да диши, шишето не му беше по мерак. Потоа пак сосема го отфрли и не сакаше ништо освен цицка.
Како мислиш исто на гарнитура и гнездо ? Гнездото е како душече тврдо и не треба ништо да ставаш на него ние го влечеме со нас и по гости плус е хигиенско никој не седи у него само бебе а на кревет ставав тетра пелени па ќебе за да ја легнам .. Ве читав сега страни наназад Каде бебе од 1/2 месеца толку ќе мрда да се набутка у страниците на гнездото? Мојава спие од неколку дена у него по цели ноќи не спиев гледајќи ја ниту еднаш се нема набуткано у страните а сега па како спие повиена како ќе ја ставам така ја наоѓам , ама како и да е кој сака нека си купи кој не немора
Да, болки како коњ да сум јавала најмногу што ќе ми олесни после пораѓај ќе бидат болките во препони. Малку од малку ми помага магнезиум, имам забележано дека кога подолго време лежам ме боли. Кога ќе станам во текот на ноќта за во тоалет тој ми е најтешкиот пат во животот што сум го одела од што ме болат, преку ден некогаш и воопшто не ме болат.
Колкови, грб, кичма … тоа више ми е отрпнато. Препонов и мускулатурата на матката ми е шубе кога ќе ме здоболи, знае и да ми се згрчи а не знам дали е од бебе што се тегне или од лажни контракции… како и да е тоа е што е, него да си кажеме да ни помине маката ако болката не може
Јас најмногу мака имам со стврднувањето на меше. Читав ели имаше пишувано дека на нагли движења повеќе се стврднува па се што правам правам како успорена снимка. А навечер ме болат колковите, се вртам нонстоп Нема помош за тоа.... Не знам како би ја олеснила таа болка во колковите навечер. Магнезиум пијам ...
Грчеви во долниот дел од стомакот, камен тврд цел стомак, чувство дека ме тегне нешто во слабините итн... Колковите ме болат само коа спијам подогло на една страна.
Еднаш дневно? Јас се навикнав од старт околу 8 навечер и сега два вечери како не го пијам тоа време, одма почнуваат болки. Ќе испијам ме попушта, не знам психа ли е стварно ли делува? Ама и го пијам кога веќе сум легната.
Мене од магнезиум не ми мине таа болка во колкови, грчеви да ама ова не, изглеа не делува на тоа. Ај нека болката па и она нервозни нозе аиии и ќе се изнервирам и само шетам
Јас едвај дишам вечерва. Дали од што бев со прслук стегната подолго или желудникот е, не знам. Ме стега дијафрагмата и назад меѓу плешките, и тврд ми е цел стомак. Ништо немам за желудник, не знам ни што да се напијам друго. Уште една вечер без спиење.
Женски во потрага сум по количка, ако може поискусните што чекаат второ дете да споделат искуство? Слободно моделот што сте го одбрале и ви се покажал супер со првото детенце, ама повеќе и спецификации - што конкретно да барам, на што да обрнам внимание (стабилност, килажа, ортопедско)? Не можам да се одлучам зашто не знам ни што барам, освен разлики во боја и цена друго не знам и ептен ми е мачно, цела вечер на монитор ја поминав
Мене ми е прво дете ама се одлучив за Joie Finiti Signature после обемно разгледување и комбинирање. Количката е одлична, преквалитетни материјали, мошне лесна за маневрирање, се склопува со една рака (седиштето може да е наместено во било која позиција), стабилни и цврсти тркала, не мора корпа за новороденче итн. Прво колкав ти е буџетот? Дали ти треба за низ град строго или за поразличен терен, практичност, тежина, дали си во куќа/стан итн.
Прочешлај ја темата за колички и ке стекнеш впечаток што ти треба. Најбитна е цената, за 10-12000 нема многу избор, за над 20-25000 е друго.