Јас имам Чиполино Пооку 2013 модел, постара, 7 години е скоро детево. Презадоволна сум бидејќи лесна е за возење, практична, цврста. Се мрда седиштето да гледа бебето накај мене и напред. Возена, возена, а не е мрдната. Само ќе кажам еднаш пешачевме од Канео до Плаошник со дете во количка, по тие скалите, и на количката ништо не и беше. Е сеа, има секако понови модели, незнам дали се продава баш таа, ама топло препорачувам од марката Чиполино. Битно ти е лесна да е за вртење, возење, пренесување, склопување, повеќе позиции да има за грбче и то. Се надевам помогнав. И да имаш транспортер за натакнување на рамот. А да, и доста битно, да се вади платното и да се пере во машина.
Кога ве читам вака, а сум само 10+4 страв ме фаќа што ме чека хахахаха Зар има нешто што не боли во бременост?
Темата за колички не е баш активна, а и јас сум во потрага оти од првото ја продадов. Беше на Safety 1st, гледам ептен задоволни има, а и јас си бев. Преубава и издржлива. Сега пак ќе купувам, и цела сум збунета. Што да купам?
Мене пак во неделите што си ти сега ми беше најгадно Цела екипа бевме во нашата омилена тема мачнини. Од тогаш не е чепната темава. Изгледа вие тазе трудници што сте немате маки како нас или пак ние бевме очајни кукачи
Хахахахахаха Ве исчитав во темата и се помирив дека нема лек освен да поминат неделите. Некои денови сум ужас повраќам по 100 пати на ден, некои денови ги врвам само со гадење, како лотарија, никогаш не знам што ќе ме снајде. Имам денови кога до изнемоштеност повраќам, има денови кога мислам дека сум добра па одеднаш ќе ме фатат мачнини Само се прашувам дали кога ќе влезам во второ тромесечие ќе се вратам на нормала, барем што се однесува до повраќањата и мачнините
37.890 од Енци Менци, на ниедно друго место ја немаше, буквално љубов на прв поглед (ок на втор, откако ми ги покажаа функциите) знаев дека тоа е тоа после толку време размислување.
Ima Jas sum 33+4, zasega od vreme na vreme me bolat samo kolkovite deka samo na strana spijam, ama ne stalno. Razlicni sme site, mozebi i ti ke imas lesna bremenost
И ние знаевме дека со тек на неделите ќе биде подобро. Ама кога знаеш дека не си сама и други дека поминуваат низ истото подруго е, ние си бевме секојдневна поддршка едни на други. Стварно ужасно ми беше, ама во темата ни поминуваа побрзо деновите во кукање и тешење.. Мене кај 15,16та ми поминаа мачнините. Би требало тој период да се стабилизираш.
На кратко само сакам да се надоврзам за советите и мислењата. Во ред е да се даде совет како мене што ми дадовте ете за капчињата дека постои опасност а јас врска немам и искрено врска немам од ништо кога се работи за бебе и секој совет ми е добродојден зошто прва бременост ми е и цела сум збунета, исплашена и плус дека и со близнаци и шокирана плус. А секако дека понатаму секој за себе ќе си одлучи дали ќе го применува тој совет или не. Само не се карајте, мене потребни ми сте мирни и сталожени за да ме научите да бидам најмајка
Мене магнезиумот воопшто не ми помага кога нешто ме боли. Исто ми е и кога имам пиено и кога немам. Навечер си имам грчеви, ми се здрвува ногата и рамото и пијам магнезиум, ама џабе, пак се будам здрвена. Сега се мерев баш и пак 49 ми покажува. Секој ден повраќам сеуште и знам дека цела бременост така ќе си ја поминам и мислам тешко ќе качам кило некое и понатаму во поголемите месеци. И тоа многу тешко. Јадам сабајле и при крај од јадење повраќам. Не сакам ни да јадам веќе од тие грозни гадни нагони и повраќања.
За килажата не се замарај, немаш потреба многу да качуваш. Бебињата си влечат што им е потребно. Јас останав трудна со 61-2 сега имам 76, како ни сама не знам,ништо не јадам цела бременост,посебно на почетокот касни поврати и се ми мирисаше лошо до 7ми месец а тогаш најмногу качив,сега 9ти месец повеќе јадам ама почнав да симнувам на килажа. Нема правило за тоа,а и среќа па сум висока и воопшто не ми се познаваат скоро 15кг, освен стомакот ништо друго немам на мене. Само гледај да најдеш начин да внесуваш витамини, минерали, железо ради тебе најмногу,пиј си пренатални, зголеми на овошје и зеченчук, повеќе течности чим повраќаш и се ќе биде во ред.
Помош соборци!! Како се справувате со несоница? Како ми се ближи крајниот датум за пораѓај јас око не склопувам.. Еве од 3 се мачев да заспијам и пред малку се откажав и грабнав телефон.. Дали е анксиозност, дали е возбуда.. Секој симптом по 10 пати го преиспитувам и навечер станувам по 20 пати да видам дали ќе ми пукне водењакот ако станам Може со бебе повеќе ќе спијам него сега…
Скрос истото и мене ми се дешава. И еве се напив од овие но спа ќе ги пиам денес па ќе видам. Дали си приметила ако јадеш повеќе јаглехидрад да ти се дешава вака и дали имаш тврда столица? Јас на два пати ми се дешава така и дали е коинциденција незнам.
Мислам дека се работи за возбуда, и кај мене беше исто, кога влегов во 9ти, еве имам уште една недела до термин, се справував до тоа што се опуштај нр мислев на тоа рдноставно си викам Што треба да биде ќе биде, ако ме фати несоница се преместувам од дпална во дневна пуштам тв и се загледувам или фоволно активности си правам преку ден што се изморувам и заспивам одма.. Мој совет ти е само да не мислиш на тоа, опушти се наоѓај си занимации и ќе видиш дека ќе биде ок.. Со лесно на сите мамички ❤
Јас и по 4 пијам некогаш. Два пати ја прашав во ремедика Петрова ми рече максимум до 4г смееш , сега тоа ептен во болнички услови, и кажав дека пијам некогаш по 3 , се насмеа рече тоа не е ништо. Онојпат кога бев на цтг и докторот што ќе ме пораѓа ми рече кога ќе имаш повеќе стрврднувања можеш одеднаш и две од 400 да се смири. После ми ги даде но -спа , дали е коинциденција но вчера попладне откако испив немам. Ќе следам денес, ќе одиме во зоо , па ќе се “наоружам” и со магнезиум и со но спа Сепак, јас имав од 16та недела стврднувања, сите ми кажаа дека е нормално и кога онојпат имав 20-25 пати во ден , а цервикс ми измерија 4,17 во 31 ва недела , сигурно тоа е тоа мора да се истрпи. Матичната ме зезаше , вика ако имаш па трето ќе видиш како ќе ти се стврднува дупло повеќе од ова. На работа шо зборев со колешки , сите рекоа со второ дете повеќе ги осеќале бракстон хиксо-вите . И уште нешто, јас приметив дека кога лежам, одмарам ми се јавуваат. Кога се движам , мнооогу ретко. дали дека тогаш се поопуштени мускулите, којзнае.