Нормално е, и пред некој ден пишувавме за истото овде. Особено во трето тромесечие, се случува кај многу трудници.
Баш сега му ја покажав сликата, слатко се насмеа. До прееска ватерполо играше бебулето, ја стави раката маж ми, отиде инстант да спие.
Аа Јовановски еднаш кога бев истиот ми го препорача, заедно со пренаталните на Допел херц, мене ништо посебно не ми беа, одма ги сменив.
Јас сега зедов од Допел херц, претходно од Фармавитал користев и се зафркнав што зедов Допел херц. Не ми делуваат како овие другите, баш овие неколку дена од кога ги зедов сум по активна, умрев од болки во кичма и грчеви во нозете
Да ти ја имам силата бар на еден ден Јас почнав да се задишувам и да се заморувам а мислам и да се прејадувам, хахаха... Како шо ништо не јадев и ми беше лошо првите месеци сега надокнадувам... Инаку ич немам сила, еден ден една соба ке средам, друг ден друга и така додека да средам првата пак треба да се чисти, кај е перење, пеглање... За замор и задишување да не зборам, одам до кујна и задишана сум Не знам дали сум само јас ваква ама и вака не ја бидува
Првиот ден беше само лигаво и три дена по многу лигаво без крв, завчера имав и со крв малце се јавив во болница и кажувам ми вика бидејќи денес сабајле беше во 6 па во 11 валда ти е од прегледот, ако немаш болки не доаѓај, абе катастрофа се ова докториве и сестриве и бабиците и се живо и диво. Само пцујам кога ќе спуштам слушалка. Мм се чуди кога ги слуша како ми зборат по телефон, кога ќе прашам „soll ich kommen, odgovor: wie du willst „ катастрофа невидена. И сега еве веќе од четвртокот сабајлето се мачам со болки со грчеви со незнам уште што, бев 4 пати во рок од 3 дена во болница и ист одговор, рано ти е. Дојди кога ќе не можеш веќе да дишиш или викни брза помош ако мислиш дека е касно веќе. Мм се зеза вика ај умри па ќе одиме
Аа да да и јас се задишувам многу. Од кревет до вц и како маратон да сум трчала. Ама ете имам некоја енергија па ме фаќа често да не знам каде да ја потрошам. А последниве неколку дена почнав и многу чудно да дишам, како да објаснам не знам ептен си го слушам дишењето тешко, долго, со мачење.
Сакаш утеха, цела бременост сум со 6 апчиња на ден магнезиум, фемибион 1-2, феро за железо по едно на ден, и плус клексани и вагинално утрогестан или како и да се викаат на македонски. Се препишано од лекар