На ова додадавам и метилирана фолна, мет.б12, идеос, аспирин, два пати хеферол и вит Ц. Последно ми додадоа но -спа , 3x1 Цел ден нешто пијам , не излегувам без полн несесер апчиња, не шминки
И покрај но спа за стврднувањето и магнезиум синоќа ме разбудија грчеви доле ниско, траеа отприлика 1 саат и половина откако испив магнезиум уште еден поминаа. 21+ Недела сум и вака грчеви сум немала од прво тромесечие тогаш ги имав многу често. Паник аларм е одма уклучен зошто и покрај апчињата и магнезиумот грчеви се појавиа
Лелее ова ми е нова информација, се изнагуглав сега и ми влезе црвот, а веќе месец ипол си ги пијам Се надевам не сум направила некоја беља
Јас истото го имам прашано мојот ивф доктор ми рече дека нема проблем. Незнам овој податок од каде се врти дека не смееме, ама знаејќи ги докториве сите имаат различни ставови.
И јас испив цело пакетче, нема гајле. Тука се дискутираше пред некое време, затоа пишав, извини што те исплашив. Јас не најдов доволно информации дали е штетно или дозволено.
И јас сум од утре 21 недела а срврднување и грчеви имам уште од 16 недела, некои денови по цел ден некои немам. Веќе не паничам, веќе незнам што се е нормално, све ме боли, ако станам едвај к се движам од болки, болки во половина, препони, карлица, гради,тоа е, пола помина уште пола да исгураме. Јас пијам магнезиум цитрат со години, и со првпто дете, и лани и сега, никој не ми кажал дека е штетен и дека не смее, плус најбрзо се апсорбира во организмот.
Мене ми имаа кажано дека не смее цитрат, ама по муабети тука на фемина сфативме дека секој доктор различно мислење има. Гледам магнезиум после 35 недела се прекинува кај некои трудници, мене ми рече до крај да ги пијам обавезно... и тоа некои доктори велат може и 1000/2000мг, а некои 500мг само. Најубаво е секој докторот да си го слуша заради специфичните бремености кои ги имаме, ете некои со ИФВ, некои со мутации, некои без... зошто инаку ќе бидеме .
Оди на доктор денеска, со оваа бета сигурно ќе се види нешто. Колку што знаеме ние овде треба да се дуплира ама доктор знае најдобро. Со среќа.
Да, барем дупло треба да е за 48 часа. Кај тебе и повеќе од 48 се поминати. Прати го резултатот на доктор и консултирај се што понатаму.
Конечно денес имав преглед кај Јани. Ај што се изначекав, дека со приоритетен се тупнав, дека си трудна нема улога кај овие на трансфузиологија. Ми даде човекот испитувања, му кажав се што имав да му кажам, ми објасни, ме смири хахах. Може се чудеше зашо зборев за протоци, времиња, мутации, ама не праша, да прашаше ќе кажев, јас од фемина знам се. И така, воедно се боцнав и за Кумбсов тест да не биде две одења во една недела, секако имав термин на 12. Се подмирив со храна, вода и десерт , сеа да се работи.
Жени убави, го видовме точкичето на место си е кај што треба! Има некое слабо крварење ама може да е и од имплантација си мислам, пошто овие 3 дена се спуштило... Нели?! Веќе не правам ништо на своја рака, докторот вика освен ова мало крварење се е во ред, нормален живот без односи и лесно движење, без нагли покрети. Ми олесна многу, многу! За 2 недели ќе слушаме срце, само се да е во ред ќе чекаме. Денес сум полна 5та недела, во 6 од утре влагам.
Од ремедика сите гинеколози даваат максимум 10 по 400 дневно А на матичната и е страв ми вика еден од 250 да пијам , еден од 400