Денес бев кај матичната и дека ве читам магнезиум се пија до одредена недела ако се породува природно и баш ја прашав дали треба уште да се пија или не дека природно планирам, ми вика нема врска никаква да продолжиш 1 навечер и 1сабајле обавезно, а и заради притисокот досега ми беше низок ама сега почнува 140со 85
Сте правеле крвна слика во Авицена со упат од матичен гинеколог, ама со назнака дека сте трудница? Колку што знам не треба да плаќаме, или барем некоја минимална сума. Мојов гинеколог ми дава демек упат што не е упат, една листа од Авицена што само штиклира што треба да се испита, и на крај пак си плаќам. Па викам да ве прашам тука за ваше искуство
Јас во лабараторијата што правам одам со упат со шифра за бременост, и пак плаќам 175 денари. Прашав зошто таму, ми рече сестрата најверојатно не влегува во пакет за бремени тоа што се испитува. Мене ми дава детална листа матичниот секој месец со седиментација, АСТ, АЛТ, триглицериди, холестерол итн, а прва бременост испитував само основна и не плаќав ништо.
Јас правев крвна слика во Авицена со упат истиот ден кога проверував скриен шеќер. Платив 50 денари дали беше за скриениот шеќер или за крвната слика не видов на фискалната. Ова во Тафталиџе.
36 ден за скриен шеќер со упат, а за крвна слика и урина исто со упат од матичен гинеколог во авицена тафталиџе ништо не плаќам, а правам секој месец
Да може да беше 36 ден. Не 50 А правев уринокултура истиот ден ми рекоа не може со упат 360 денари платив за тоа сигурна сум..
Не, свеки ми имаше купено мрежа и не одговараше. Маж ми го држеше во раце над коритото, јас поливав со вода. Кога падна папчето му ставав 3 тетра пелени во вода и го легнував. Попрактично ми беше со пелените отколку со сунгерите.
Јас еднаш се зезнав и платив зошто отидов во Авицена Аеродром а само за Тафталиџе важело за трудници бесплатно. Иначе никаде не се плаќа ништо вп други лабаратории.
Да за уринокултура мора приватно, а обична проверка на урина оди бесплатно за нас трудници со упат секако
Не, денес ја пратив мајка ми во Локо Кроко, за големот корито, голема мрежа околу 580 денари, што немаат достапно моментално.
Исто, му ставав тетра или пешкирче од долу, уживаше така. И сега планирам така, најпрактично ми се покажа.
Се надевам и ова второто ќе ужива така во вода, мераци ми беше ептен. Вриштеше кога го вадев. И еве го 2 години, секој ден се бања, 10 пати на ден мие раце Едвај чекам на плажа да го видам колку ќе полуди од среќа
Не затоа што немаат договор со фонд за трудници. Или па мојата матична нема договор со нив не знам. Инаку со упат од општ матичен и за мене и за малава одам само во биотек, позади зграда ми е