И Биотек не наплаќаат со упат од матичен гинеколог. Јас вториот пат бев таму, вредностите скроз пореметени. Резултатите од урина ме шокираа. После цело време си одев и се уште одам во Авицена. Како да зеле урина од друг човек, толку различни резултати. Инаку претходно сум идела и се било океј. Само сега во текот на бременоста решив да си терам во Авицена до крај.
Јас заборавив како се бања бебе, всушност јас не го ни бањав, мајка ми го бањаше до некои 4 месеци. Јас се имам заборавено. Да земам еден лист и да запишам и што треба да купам. Тетра пелени, купка, павличова, влажни, оние за сталката кај што ќе го повивам, постелина, ноктарица Да се расчитам и да запишувам.
Ќе прашам доктор, да не зимам на своја рака. Не ми текна ич. И утринскиот би го пиела, јер у 8 исто веќе сум на работа, ама ај да преместам у 6 да го ставам и да полежам дур се стопи малку па да одам на работа, поише ми одговара. Навечер секако со аларм ќе го ставам, оти кај ќе ти донесам до 12.
Прашај доктор да ти даде дабростон да не се мачиш со утрогестанот. Можеш и две дабростон (таблети се), а навечер да ставаш вагинално утрогестан. Утрогестанот земен орално знае да ги триплира и така напорните мачнини и вртоглавици.
Девојки пак сум во паника, во петокот кафен исцедок, бев кај матичната со бебе се беше ок, ми појача утрогестан и исцедокот прекина истиот ден. Досега се беше во ред и сега бев малку излезена и осетив како буквално вода да ми тече, испаничена дома се соблекувам и имав што да видам, многу воден исцедок и во средината крв. Многу сум исплашена иако матичната ми рече дека нема простор за паника бидејќи ова може да е резултат на клексаните и аспирините и може да ми се јави пак. Што да правам не знам?!? Има простор за паника? Матичната рече дека ако се случи пак ќе појачаме повторно доза на утрогестан и ќе го редуцираме аспиринот.
Дали стриите ви поцрвенуваат и ве чешаат? Последниве 2 3 дена како воспалени ми се ме чешаат,мачкам и масло и крема ама џабе. Кажете чаре ако има некој слично искуство
Утрогестанот ако го пиеш кога ќе му почне дејството да знаеш дека околу 2часа не си способен буквално за ништо. Имаш вртоглавица, не можеш да се движиш. Тие два саати кога ќе му почнеше несвесно сум ги спиела. Почнува постепено околу пола саат вртоглавица, па околу еден саат да не си свесен за ништо и последниот пола саат да почнуваш да се свестуваш каде си. Барем кај мене така делуваше, околу пола саат-саат од кога ќе го испиев. Ако можеш ставај го вагинално и полежи околу 40-45 мин.
Да се апдејтнам, денес земав труднички фармерки од Де Факто од ист гејт, имаат две нијанси потемни и посветли, баш се згодни и убави и по пристапни цени, 790 ден... Така да ако на некој му требаат да знаете каде има.
На почеток се такви, црвени после со тек на време избледуваат...и да чешаат Чаре незнам дали има искрено
Тенки се како летни или? Јас од таму земав труднички црни панталони многу пријатни ама само ги тегнам, се ми се спуштаат. Имам комбинизонки од ваикики тие се топ ама веќе жешко фаќа за нив
Јас го ставав на 8 часа во 7 сабајле во 15 и 23 , инаку утрогестанот не е како другите вагиналети не се растопува брзо јас сум ставала е веднаш станувам и никогаш не ми е истекол
Јас го пијам веќе повеќе од месец дена, ми рече димчев д го пијам ради ризик од инфекција, немам никакви тегоби од него,дури подобро ми е,онака некогаш ке го ставам лошо, па ми е неудобно, или ке се гребнам, многу понепријатен ми беше вагинално.
На овие гадења уште ми фали да го пијам и него. Ништо ќе издржиме некако овие 2 недели. Направив аларми, ќе ставам и ќе пробам да не мрдам бар 1 час, колку можам толку. Имам 5 дена одмор, да ги земам, ама што после, пак ми остануваат уште 5 дена на работа. Сакам да си одам на работа до крај, да седам што подолго дома со бебули после.
Што знам, може секој организам различно поднесува. Мене ми беше многу лошо од него, имав вртоглавици, ако требаше да станам во тој период немав рамнотежа,морав да се држам за мебел, несвесно сум заспувала така мм ми кажува јас на тие делови во тој еден час не се сеќавам.