Мене во болница додека лежев ми рекоа кога ќе го ставам барем 2 саати да не станувам и да не одам во тоалет. А за вагинално ставање прашај во аптека дали имаат стерилни ракавици, малку се скапи ама верувај ќе ти биде мирна глава од бактерии и инфекции
Не,не, не сакам да седам дома, која плата ја зимаме па уште да ми кратат, не фала. Ќе си одам на работа ама ќе мора да се снаоѓам. Ќе купам секојдневни да менувам да ставам и ќе издржам 2 недели.
Ќе дезинфицирам раце, ич не е проблем. Бар алкохол остана од ковидот али сакаш. На крај краеви ќе пробам и да го пијам ако ми делува што има врска, може мене нема да ми е гадно до толку.
Јас немав никакво гадење и вртоглавици, но сепак се е индивидуално. Консултирај се со докторот и можеш да пробаш еден ден да видиш дали ќе имаш некаква реакција.
Другарки дали имате болки во задникот? Горе на почетокот кај коската. Знам дека сега не одам на работа и дома повеќе сум седната, може од тоа е.. Ама да прашам за искуства
И јас го пиев утрогестанот поради кандида, немав нуспојави, мачнини имав како и пред него исто, не заприметив да ми паѓа притисокот, а низок имам.
Да не те плашам ама јас имав исто кафен исцедок во 5 та недела и од тогаш ставам утрогестан, а сега сум 18та недела, сакам да кажам дека обично го продолжуваат. На последната контрола и кај матичниот и кај докторот што ми е во Чаир прашав до кога, ми кажаа ставај уште нема штета само корист, така да мислам ке ми го продолжат до крај. Ова може само кај мене е случај, немора да значи и кај тебе...
Утрогестанот дури го пиев кога ставав вагиналети, тонев. Толку лошо ми беше пола саат откако ќе го испиев Вртоглавици, гадење, притисок уште толку доле @AngelOfArh јас навивав аларм кога ставав два пати, во 05ч. сабајле и саат ми рече да полежам матичната, а во 05.30 станувам . Сеуште ги примам, 32ра недела, но по едно, превентивно. @Iris-1234 а да си одиш на некој дежурен и да те боцнат прогестерон? И да видите да исфрлите аспирин.
Се слушнав со двајца гинеколози од ГАК, ми рекоа да прекинам аспирин и да земам утрогестан, па утре наутро ако имам пак исцедок одма да одам да ме видат. Аман веќе, човек да не е раат, мора вечно за нешто да се нервира и секира
@AngelOfArh За утрогестанот, мислам дека пиша дека имаш мало крварење.. мојот гинеколог вели дека доколку има крварење утрогестанот е пожелно да се пие, да не се става вагинално . За нус појавите не слушај никој што пишува, сите имаме различни организми. На некој му е ептен лошо, на некој не му е ич. Јас во првата бременост ич немав мака со утрогестанот, сега со вторава само мали вртоглавици, ко зашеметена сум, ама ништо страшно,можам да функционирам,тоа трае околу саат време и тогаш исто функционирам. Ќе пробаш, па ќе видиш како ти одговара. Ама ако имаш и мало крварење те молам консултирај се пак за вагинално ставање. Мене ми рече докторот да не го разрануваме грлото на матката,подобро е да се пие доколку има крварење. А ако погрешно сум разбрала за крварењето се извинувам
@AngelOfArh јас имам ок искуство со утрогестан. Во прва бременост го пиев ради кафен исцедок, немав никаков нус ефект. Оваа бременост до 12 недела го земав превентивно поради претходен спонтан, навечер вагинално, на утро орално, пак немав некој нус ефект. Сите различно реагираме. Пробај па ќе знаеш на што си. @bella12 пиши нешто ти девојче до кај си. Што чекаш овој пат. Имам болки во коските долу. Околу вагина, на гз, десен препон цела недела константно ден и ноќ. Барав стари мислења дали ќе најдам нешто од прошла бременост ништо не најдов. А тогаш мислев ми е тешко. 34 недела. Ме фаќаат ужасни паники како да ми е прв пат. Нормално е? Човек ќе си рече еднаш поминав низ ова, ама она првиот пат ти е страв оти не знаеш што те чека, а потоа секој нареден пат ти е страв оти знаеш. Само тоа мислам. Ем едвај чекам да излезе бебе оти веќе не можам, пренапорно ми станува трчајќи цел ден по еден тодлер, ем страв ми е во коски што ќе биде и како ќе биде. Вечерва бебе ми го испреврти цел стомак и не сопира. Утре на утро сум на цтг и преглед.
Значи не сум единствена Со првото некако да можев до 50 недела да го носам ќе го носев, ова да ми речат утре дека можам да родам ќе го родам мислам
Не грижи се, се ке биде во ред сигурна сум. Еве веќе три недели пијам добростан, се боцкам со прогестерон депо и добро се чувствувам. Можеби малку ми го спушта притисокот но ок е. Можеби е подобро да го пиеш, ако имаш исцедок. Сите велат бременоста е најубав период, но искрено од како останав бремена само нервози. Моментално не уживам воопшто се надевам за брзо ке се оправат работите.