Истото и јас го велам, сите велат најубав период од животот а всушност не е така, глава не може човек да крене од грижи. Дај Боже само добро да излезе на крај.
Има за некои е најубав период. Секогаш велев втора бременост има секогаш да сум средена и до последен ден ќе одам на работа. Им завидувам на трудници кои навистина блескаат. Кој ти знаел дека втора знае да е потешка од прва. Освен што сум туширана редовно, не излегов од пижами цела бременост. Косата собрана како ќе ја фатам од сабајле тоа и е. Ептен лицево што ми е стакло, ама со повремени подочњаци цела бременост. Болки, мачнини, повраќања, киселини, ваков исцедок, онаков исцедок, несоница, грчеви, курци и палци. Ич не сакам бременост. Си ги сакам бебињата на крај од бременоста, и маж ми да раѓаше место мене супер ќе беше.
Вистина е така, некој неосетно ја поминува бременоста, некој од грижа во грижа влегува. Јас утре ќе бидам полна 11та недела па си викам одвај чекам да се породам и да завршат грижите ама пак тогаш ќе почнат други, валјда таков е животот и треба да се издржи. А мажите нема да ги коментирам, знам дека сочувствуваат со нас ама неспоредлива е нашата мака.
Озбилно многу долго трае бременоста... Цела година Втората е секогаш потешка мислам затоа што првото дете не ти дава да си одмараш како првата бременост кога си немала никој. Да и јас едвај чекам да се породам и многу ама многу ми е страв (и срам исто така дека голи сме на царскиот )
Јас мислам дека за втора бременост може поголем е стравот за пораѓај зашто знаеш што те чека. Мене ми прва бременост и не знам ама моја претпоставка е дека е така, ја знаеш процедурата, болката, маките...
Мене оваа бременост ми е многу тешка. Мачнините ми се најтешки. Одвај чекам да се олеснам зашто ќе полудам, воопшто не уживам.
Dali nekoja od vas ima slusnato za Mommy bliss , grape wa I jas za nekoj den vleguvam vo 36 nedela I jas imam mn strav
Најубав период во живот, а мене престресен период со страв, грижи, паника, маки, мачнини, повраќања, депресии, несоници, грчеви, лоши мисли, болки, стрии, крварења, килограми, главоболки, несвестици и којзнае уште што и единствена убава работа е само помислата дека кога се ова ќе помине ќе си имам цело бесценето богатство, само треба да се изборам со сите овие маки и да се надевам дека се ќе биде добро... Најубав период, аха секако.
Потполно те разбирам. Исто се чувствувам. Прва бременост и цела сум во грижи и нервози. Ден не сум мирна од како останав бремена. А башка што морам да одмарам поради хематомот и за три недели се на се 3 пати имам излезено од дома и цело време со мисли и мозгања сум, а ништо не измозгувам. И утре пак јово на ново. А тоа колку ми е страв од породување да не зборувам, туку далеку е па здравје, ке му мислам таму во осми . Се чувствувам како друга личност . Се надевам поради нервози, хормони и дека за брзо ке се вратам на старата јас .
Мене најмал проблем ми е тоа што сме голи, толку голи жени гледаат во денот што воопшто не е битно како изгледаме, не ни гледаат така на нашите органи. Повеќе ми е страв како ќе помине се, дали ќе испаничам пак, дали ќе е се ко што треба и со операцијата и со бебето, неизвесноста како ќе биде ми е најтешка.
Јас имам огромен страв од царски ќе си полудам, 37ма недела сум и се молам да биде се во ред и природно да поминам.
Мене ми ставаше анестезиологот лекарства во инфузијата за смирување и за намалување на пулсот и притисокот. Цело време мерат пулс и притисок на царски.