Јас пак, толку сум опуштена оваа бременост, чудо. Одам на лекар кога ќе ми кажат, испитувам всушност ништо не испитувам, единствено мачно ми е заради кичмата, имав мачнини на почетокот, ама генерално досега е во ред. Е сега синко цела бременост ги прележа сите можни вируси. Прележавме корона, сега има сипаници и да ви кажам ми летна бременоста. Јас оддамна пишав дека мене не ми е убав период, ама се трпи. Немам качено многу килограми, се уште се држам, лицето стакло, не сум се уште како балон, ама влегов во седми месец и кај и да е ќе се претворам во слон.
Јас се надевам дека сите нервози и грижи и сè што сме поминале ќе вреди кога ќе го земеме бебето во раце
Јас имам вакви болки уште од 15та недела ама јас дека така седам на работа оти не сакам да сум многу свиткана и знам дека ми се од тоа, некој пат се случува од што ме боли едвај да се исправам...
Па тука имало жалби и поплаки цела вечер, се сум пропуштила значи Ве исчитав сите и кај секоја од вас си најдов по некоја мака. Со првата бременост не бев седната, нон-стоп во движење, нова работа, барање-купување стан, реновирање....ништо не ми беше летав. Оваа бременост пандемија, страв, седење дома, движење на минимум, работа никако, по дома од една на друга страна на креветот само се префрлам и толку и нормално секој ден си имам нова дијагноза, болка, чешање, исцедок...абе сама себе се мрднав. Ама ај на арно нека е само, уште 3 дена почнувам 28 недела, тоа е блиску до 30, а па ко ќе почнам на 3 веќе се гледа крајот
Аха најубав :/ Јас си замислував секогаш дека кога ќе бидам трудна тоа ќе биде дотерување па сликање аууу … испадна од пружени мои алишта испрани има само пижами, гаќи и маици толку. Косата реп и all day all night пижама парти
Јас само ќе кажам секоја чест на вас со мали деца веќе што издржувате бременост, јас буквално сама себе не можам да се поднесам веќе. Беше симпатично дека прва бременост, нова состојба, ама како ме лажеа дека ќе ми биде најпрекрасно на целиот свет зошто тоа е најмагичниот период за една жена (да, магично голтам апчиња ко наркоман) - аммм. Е за некој месец верувам дека ќе речам леле ми фали бременоста кога ќе сфатам дека потешкотиот дел сега почнува.
пиј го тој од сабајле, јас сабајле пиев затоа што одев на работа, навечер го ставав вагинално така терав до 36та. со лесно ! не ми се лошеше од него, ништо не ми беше
Ќе ви се придружам за кратко пак во темата, сега само читам и го споделувам од тоа што го имам доживеано. Инаку ако мислиш на бременоста од зимата кога пишував таа ми заврши со спонтан.
Никогаш нема да речам дека ми фали. Прва бременост ми е, 36та недела сум, како тенк се осеќам, едвај мрднувам од едно место на друго, ама ич нема да ми фали. И милион пати да е потешко, ќе си ја гушнам беба и се ќе ми помине
ќе речеш ја едвај чекав да се породам и се чудев шо ми викаа луѓе ова ти е најубавиот период од животот јас бев таква шо е убаво жити се сега ептен ми фали
Утро женски! Фала ви на сите на споделените мислења, сега го гледам рецептот и заокружено е вагинално да се става. Иначе јас вака крварење немам, докторот виде мало крварење во матката, ама си мислам тоа може да е и имплантациско, зошто од петокот кога немаше ништо во матка до вчера ако се појавило точлето претпоставувам дека е тоа, имплантациско. И со првото немав крварење никакво. Ќе видам, денес ќе ја ставам вагиналетката, како ќе биде, па ќе видиме за утре задутре. Дај кажете кои секојдневни ги користите, многу ми смета исцедокот, дома менувам гаки ама на работа ќе изгинам од нелагодност. Инаку мене првата бременост ми беше многу убава, ако го исклучиме безобразниот газда на фирма. Сега исто се осеќам убаво со тоа што да слушнам срценце и уште поубаво ќе се осеќам. После вчерашниот преглед ми олесна доста, се олабавив, ама уште сум малку под притисок до 23ти. Ќе биде се добро, сега веќе можам да си ја визуелизирам бепка, се накако на женско ме тера паметот, за првото посакував женско ама потсвесно знаев дека ќе е машко. Ама и машко да е, само да е живо и здраво, мајка ќе го сака подеднакво како и бато. Јас сум изгледа меѓу ретките што уживаат во бременостите, што не се замараат ни со вишок килограми, ни со стрии, ни со отоци, ни со мачнини, постојат, ги имам, ми сметаат, ама така знам дека има нешто. Вчера коментирав со братучетка ми и баш и она ми вика, тешкичко беше, ама ми фали. Убав ден!
Јас имав крварење од хематом во 6 та недела еден ден, после беше кафенко извесен период и утрогестанот вагинално ми рекоа тогаш да го ставам и така и го ставав по две навечер и едно насабајле, баш докторот ми рече дека подобро се апсорбира ради тоа и се беше ви ред еве си тераме 21 недела. Јас мислам како твојот доктор ќе каже така да си правиш ❤️
Морнинг. Едвај дишам веќе. Денес влегувам во 7ми месец. Веќе ми е жешко од времево. Идеос таблети за шмукање пиела ли некоја?