Мене и од тие ми се напраи некоја инфекција, отеков доле, и решив ништо да не користам. Менувам гаќи неколку пати, секој ден нови пижами, хеланки итн… Ми се случува и на раб. да сменам гаќи,имам у ташна
Со абдоминално е освен ако нешто не може да се види, бебето ако е така поставено и за цервикс. Ама многу ретко се случува тоа.
Дали мислите е потребно величина 50 шпикозни да се купуваат? Јас мислам 56 прво бројче да земам, искуството тоа ми покажа е попрактично со првото.
Мене мало бебе ми е полесно во точно бројче да облечам да не ми се тегне да го превиткувам во ракавчиња отколку големо бројче. Знам за синко немав 50, а се роди мал, за 44ка, која е најмала бројка, за прематурчиња, пукнав додека ги пополни 56ките, се беше подвиткан во ракавите. Сега ќе земам неколку, пошто немам од синко, имам само 1 комплетче минијатурно.
@Eli23 Јас 56ки земав, бебе ми се роди 2800гр 49цм Пливаше во нив Кога дојдовме дома и зедов 50ки таман и беа и ептен убаво и седеа
Многу зависи од бебе до бебе. Моето крупно родено и многу напредуваше ги носеше 56ките цели три недели. Некои бебиња и по 2 месеци носат. Јас знаев дека е крипно и не ни гледав 50ки. Многу зависи и како ке напредува, дали 600 гр или 1500 месечно. И дали ке е 3 или 4 кг. Јас не би земала, кога пакувам мали работи гледам колку пари сум фрлила на глупости.
Исто, мојот 51 см се роди и 3800 скоро, ама првиот месец 1500 стави и така неколку месеци. 2-3 недели само 56ките ги носеше, одма на 62 преминавме. Зависи од бебето, ама 56 би требало да е ок за повеќето бебиња.
Јас барав 56ка, првото ми беше 3500кг, две недели носеше 56ка. А продавачката ми вика 50ка е најмало, као... Многу убави тоа комплетите во кутија.
Јас 50ка ништо не сум купила, тоа што земав или е 56ка или 62ка. Имам едно комплетче тоа е ептен мало, можеби тоа е 50ка нема бројче а прoдавачката ми кажа за новороденче е.
Исто и кај мене беше така. И мене продавачките ме убедуваа земи си 50 се ке е големо, ке виси. Во 50ки не би ни можел да влезе. И тоа шпихозните пократко ги носеше, панталончињата подолго, без малку 2 кг стави прв месец. Ич не си троши пари на 50ки. Ако ти е многу мерак тоа за излегување што го планираш, вака не. Јас им велам крупни сме фамилијарно, на ехо секогаш е две недели поголемо, тие упорно 50ки вадат. Ваикики најубаво кога не те замараат.
@Eli23 јас почнав со набавка 56, па колку ќе носи толку. И онака нашиве во сред лето, со кратки ракави и на прерамчиња повеќе од месец дена не ми се верува дека ќе можат да ги носат. Па здравје ко ќе се родат ќе видиме како напредуваат така ќе зимаме. Јас порачав 5 бодиња по кратки и планирам уште 5 на прерамчиња. За долги се мислам дали да зимам воопшто, ама мислам барем 2-3 шпихознички не се на одмет вајда
Баш, ама па во Ваикики немаше мн избор. Многу мразам непотребни коментари. Ама изгледа ќе почнам да им се развикувам. Рандом муштерии што имнаат потреба да ми коментираат. Може еден комплет за новороденче, за изнесување. Ама ќерка ми тоа го облече 2 пати само. Така да незнам дали се исплати. @V.N. и јас на кратки земав веќе боденца и кимоно, 56ки. Реков да земам 2 пара со долги 56ка. Од малата имам со долги некој пар, другото со кратки да биде. И 62 ќе земам со долги 2 3 пара да има, па со кратки ќе земам. Ма да, пантолонките без ногавички што се исто се покажаа практични, подолго се носат. А и, ако се извалка само во горен или само во долен дел, можеш само тоа да смениш.
Не се исплати. Затоа делам совети дека за почеток се доволни 6-7 бодиња и толку шпихозни. Летно време се е суво за 2-3 часа, а брзо растат. До сега повеќе од 3-4 пати не се случило да го пресоблечам. Ако треба може да се доземе. Јас за глупости давав пари.
Јас ќе земам 56 ки. Со долги ќе го облекувам и горе и долу значи само памперс и шпихозни затоа што климата ќе ми работи дома 24/7.