И ние со ќере од прв ден со клима бевме, овде е неподносливо жешко на лето. Ја облекував по долги,јули месец. Секако од одма не ја вадев надвор. За ова пораат ќе сум. 1 октомври ми е термин Веќе октомври може да се диши, да не се мислам како ќе ја облекувам, дал и студи, па грижа на совест имав поради климата.. а без клима не се седеше. Маки
Мене првото ми е крај на септември, таа година летото траеше до ноември со високи температури. Мене претежно гледам ми се со долги тенки бенкички некои што сум зачувала, ама имам и некои со кратки, така да земи си 3-4 со кратки па ќе видиш после како ќе тера времето
Мене бодињата ми се по кратки. А другите алишта се по долги ама тенок материјал. Со клима дома ќе го облакам по долги. А може по некогаш и долен дел долги горе по бодито на кратки. Здравје ќе видиме пред се времето како ќе биде па така ќе комбинираме
Абе за облекава има тема кај бебињава ама тука фино се разврза муабет Не за друго трудничките маки си ги подзаборавивме Убав дефокус
Оваа тема некако најактивна ни е. Ама коа ќе размислиш, за скоро се има посебна тема, ама овде сите отвараме секојдневно. Плус ќе добиеш одговор од друшките, не од некој рандом лик шо не знаеш дека воопшто е труден.
Ајде јас дефокус. Јадам солено ама без благо не можам. Мора благце да каснам или сум уште како гладна. Вака не ми бегаат 80 кг дури се породам
Кога веќе за облека станува збор,мене за новороденче воопшто не ми беа практични шпихозни се намачував да го соблечам,па да го облечам со милион копчиња.. па земав изнакупив дводелни комплетчиња,и многу поедноставно ми беше долен дел да свлечам да сменам пелена или горен дел ако бљуцне само да пресоблечам.. дека зимско бебе имаше боди и одозгора комплетче некое,шпихозните ич не ги искористив
Многу ми се допаѓа оваа тема за облекување интересно ми е кога ве читам ние што сме накај ноември ке си почекаме сеуште е рано за купување. Колку се поправивте во првио триместер јас бев 59 kg сега го завршувам и сум 61 да не е многу
Дали се дозволени кремите за болка што ладат или загреваат? Нема на нив ништо наведено за во бременост. Ништо не ми помага за болката во листовите на нозете ноќе, по цела ноќ се вртам, се тегнам, еве денес и преку ден си продолжи болката, како воспалени мускули ги осеќам. А не правам нешто посебно освен пешачење кратко.
Jas koristev takva mast sto zagreva ponekogas grbot koga me bolese, pa eve dobra sum i jas i bebe. A mozes da si zemes magnezium gel, mnogu pomaga i toj.
@purple..m имај си бодиња на кратки. Септември знае да е прилично топол. Ќе си видиш ако се погодат жешки денови и на боди само ќе го оставиш, ќе ти склетосува, ќе плаче, ќе сака и само да е растеретено. Ја бебе родено сред лето и на клима на 25 степени никако не би го прегревала со долги. Бебињата проблем со ладно немаат, ама имаат со топло, башка што скоро сите бебиња се склетџии. Моето родено сред Август на боди со прерамки порасна, растеретено и ослободено скроз. @Eli23 56ки и 62 земав. Генерално се раѓаат околу 50 цм и таман им се 56ки. Па дури и ако му носиш шпикозни баш слатко ми изгледа да се подвратени. Некои и намерно така се зашиени. Со ова сум многу попрактична од тој аспект, со првото се изназемав се и сешто и пола не успеав да и ги облечам пред да ги надрасне. Башка беше многу чисто бебе, ниту се лигавеше, ниту бљуцкаше па немаше потреба ниту да ја пресоблакам неколку пати на ден. За ова земав основни работи и ако треба нешто повеќе, ќе доземам отпосле. Денеска бев на второ цтг, мирно е се за сеа. За 2 недели имам повторно закажано, од таму на клиника да ме види и докторот што ќе ме пораѓа и да ги договориме финесите околу пораѓајот. Ми останува уште да исперам и испеглам се, па како и кога е пишано така.. Магнезиум до кога можам да земам? Најдов еден што ем е ситно во мг, ем многу убаво ми делува особено навечер. Проблем е ако земам до крај? Има некоја такво искуство?
Мене ми е не сфатливо бебе у јули и август во долги да го чувам, макар и да е новороденче. Педијатар прво тоа ќе каже треба да е без чорапи и раскомотено. Е сега јас сум во Скопје и за тука зборам. Топло е до октомври.
Топло е да ама ако пушташ клима свежо е дома. Јас првиот месец дома го облекував на долги зашто климата беше на 22 степени, не дуваше директно ама баш пријатно беше. А ако е 25-26 степени нема логика на долги, да. За бројчиња, земав неколку 50ки зашто мислев помало бебе ќе биде ама ептен кратко ги носеше, одма преминавме на 56 и 62. Дури и овие брзо ги надраснуваат.