Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    Јас сум во труднички со една нога, ама морам да се пожалам и јас.
    НЕМА ЖИВОТ СО УТРОГЕСТАНОТ :shake:
    Во 13ч го пијам до 16ч сум умрена. Ова е легална дрога. Ама ако, само пакетчето после Нова година да си го земам живо и здраво :makeup:
     
    На Sweetheart87, Doktor F, Eli23 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.611
    Ај добар ден,нема ден да не прашувам нешто. Денес бев кај матичен,цтг минимални болки. Ама 37ма недела сум и постелката почнала да созрева,ми рече дека почнале да се прават калцификати а и плодова вода почнала да се намалува. Кога почнува да зрее постелка и има ли некој слично искуство со калцификативе,прв пат слушам. Докторов ми рече не е ништо страшно бидејќи бебе си напредува нормално ама пак ме копка,а и плодовата вода ако се намалува значи дека ќе се породам за брзо или?
     
    Последна измена: 10 мај 2022
    На Eli23, Kbr и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.817
    Допаѓања:
    18.630
    Пол:
    Женски
    Да пораѓајот ке се случи за брзо. Ке следат плодова вода па ако не тргне природно ке одат со провокации.
    Постелката кога зрее почнува да старее и да не праќа доволно хранливи материи.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    2.242
    Јас бев цел 9ти месец со намалена плодова вода и често бев на ехо и цтг па на крај се породив три дена пред термин со провокации, не им се чекаше уште
     
  5. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали го депилирате стомакот? 12 недела сум, многу влакненца ми излегоа, но не знам дали е безбедно сега?
     
  6. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.611
    Прочитав по форумиве дека ако била многу созреана и со калцификации не излегувала на пораѓај и правеле киретажа и 300 филмови сега. Не може човек мирен да биде значи ;(
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.936
    Допаѓања:
    116.918
    Пол:
    Женски
    Го депилирам.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Имаше една беба кога бев во Ремедика на друг рандом преглед, седам во чекална, не бев ни трудна пред некоја година во август,. И ги испраќа сестрата, малово го извадија од транспортерот боса, цветен фустан на прерамки и шешир.
    Значи сите паднавме во транс колку беше слатка:) Тоа беше едно жешко лето од 50 степени. Па и не е ок климата на 20 степени да е, пак баланс мора внатре/надвор. Така се е до услови, време и родителите како сакаат:)
     
    На Sweetheart87 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Не ти е само од утрогестанот, еден од првите симптоми на бременост е умор и поспаност.
    Мене во првите недели толку многу ми се спиеше што малку да затворев очи одма заспивав, по 2-3 пати на ден дремнував
     
    На Angella7 и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Мене со првото не ми излезе постелката, ме успаа после пораѓај и ми направија киретажа. Ништо страшно и да дојде до тоа, најлесен и најбезболен дел од пораѓајот ми беше.
     
  11. Xtina.13.

    Xtina.13. Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali znaete ako menes maticen genikolog vo 36nedela ke ima nekoj problem ?
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.310
    Бев на преглед, треба да частам добив крвна слика:party:
    Втора кс досега:D
    И скриен шеќер ќе проверувам.
    Пред преглед ме мереа, притисок и урина да проверат да нема протеини во урина.
    Краток ултразвук, бебе во ред било, плодова вода, постелка, глава горе високо.
    Што значи тоа, не знам.
    Прашав за напоните, не е ниско долу, туку така го осеќам заради царскиот.
    Следен преглед, ултразвук, за 3 недели, 31 ќе сум.
    Прашав за магнезиумот, ако сум имала грчеви да пијам, калциум не.
    Овде и така се е нормално(facepalm)
     
    На Doktor F, mal.ecka, Eli23 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.394
    Допаѓања:
    14.230
    Пол:
    Женски
    Од 36та недела се оди таму кај што ќе се пораѓаш , немаш поента да менуваш гинеколог.
     
  14. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.394
    Допаѓања:
    14.230
    Пол:
    Женски
    Во право си , со анестезија ништо не ни знаеш ни пак боли само се будиш и завршиле работа , си има свои ризици да ама подобро да те чистат него да те остават така.
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Xtina.13.

    Xtina.13. Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Imam problem so maticnata okolu porodilnoto pa sakam da ja menam zatoa prasav dali e toa mozno
     
  16. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.394
    Допаѓања:
    14.230
    Пол:
    Женски
    Можно е , одиш кај друг и се пријавуваш да ти биде матичен а за породилно консултирај се со новиот.
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.817
    Допаѓања:
    18.630
    Пол:
    Женски
    На пораѓај сешто може да се случи. Не мисли на работи врз кои не можеш да влијаеш. Ке си има доктори кои ке си водат сметка за се. Тоа што си читала не се случува секогаш.
    Во безбедна недела си, битно е ти и бебето да сте добри. Потоа што како ке биде, ке видат тие што треба.
    Мисли позитивно, ке станеш мајка за брзо. :hug:
     
    На Saf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш место за паника, јас имам зрела постелка и калцификати уште од 6 мессц, ме прати матичната на ГАК и таму докторката ми даде клексани, еве јас сум 5 ддна до термин за пораѓај, бебка ми е според мерки 3200, добро напредува и се, ниту ми спомнала киретажа на пораѓај ништо, а претходно матичната ми спомна дека можно да се породам порано поради постелката и намалената плодова вода, ама на мојава како да не и се излегува баш, ние се плашевме да не се породам порано ама фала богу се е добро и еве сега сум на контрола за два дена и чекаме да видиме што че каже докторката, така да мислам дека немаш место за паника и страв, башка си 37 недела и во безбедна недела си, со лесно и лесен пораѓај наскоро ќе си гушкаш здраво бебуленце ❤❤
     
    На Sweetheart87, Yowannty, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Enn001

    Enn001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Мене во 38ма недела ми спомна калцификати првпат. Нормално било.

    Ве читав сега за бременоста дали е убав период или не… Мене ми е прва бременост, без никакви здравствени проблеми и пак не би кажала дека ми е убав период да бидам искрена.. На почеток 3 месеци не кренав глава од шоља ради повраќање.. После тоа си го гледав цело тело како ми се менува и некако не го преживеав тоа добро.. 9тиов месец ми е страв на вага да се качам затоа што веќе сум 20кг плус, а пазам на исхрана и сум активна цела бременост.. Подуена сум како жаба и мислам дека ќе прснам..
    И да, утре ми е краен термин а од беба нема глас.. Немам ни лажни контракции ни ништо.. Ќе спобудалам :drunk:

    Морав да си се пожалам тука затоа што на “нетрудни” кога ќе им ги кажам макиве ми се смеат и одговорите им се: “Не си дебела, трудна си.”, “Ајде ништо не ти е, уште малку остана” и “Ова ништо не е, чекај да се породиш, тогаш почнува тешкото”… :envy:
     
    На MeowMeow, Doktor F, emche05 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.611
    Фала мила, со лесно и тебе, се во најдобар ред дај боже. Здрави и живи бебчиња да си имаме :inlove:
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.