Иста сум и јас. Пред бременоста баш си бев спанка, знаев и по 10 саати да спијам и ништо не ме будеше. Сега катастрофа, станувам 3-4 пати во ноќта за во вц, и потоа по цел саат не можам да презаспијам. Мм кога се врти го осеќам. А тек 5ти сум. Мислев дека б6 ќе помогне, ама ништо Ако најдете спас кажувајте
Бев во 2 Стружанки, само јас сум малер да нема изгледа, ми извади едни дебели и другите беа машки. Наредно ми е Памук Пале и Ситник. ЦТГ мирно, просто не знам од каде овие болки и нелагодности што ги имам, изгледа цел 9 месец ќе биде вака, иако се си мислам бебе нема да дочека до термин.
Здраво феминки бидејќи оваа тема е поактивна решив и тука да пишам. Вчера бев на прв скрининг. Се беше во ред се виде и носна коска освен што докторката потенцираше дека нухалната транслоценција е 2,29. Вели дека е во граница на нормала ама дека моето отстапува од повеќето трудници кај кои обично било околу 1. Бидејќи не сум мирна закажав нифти. Колку изнесуваше нухалната траслоценција кај вашето бебе?
Јас правев пред 1 недела кај мене изнесуваше 1.1 mm исто и мене ми кажа дека 2.5 било на граница а веке ако било 3mm ги праќале на дополнитени испитувања, ама кај тебе сепак е во граница
Ве читам постојано и си велев добра сум јас, ми поминаа мачнините, немам болки .... и оп, од пред два дена се чувствувам како во прво тромесечие, мачнини, нагони за повраќање, болка во половината, несоница. 22 недела од денес
Паника ни направи докторката со тоа што повеќе пати потенцираше дека кај повеќето било околу 1 и рече као да не излезе дека ви кажав се е во ред а на крајот друго да излезе.
Можеш да побараш второ мислење од специјалист или ако веќе си решена да одиш на нифти, ќе знаете повеќе.
Jaс би направила уште еден преглед кај друг доктор прво. Ако сеуште е проблем прави Нифти. Многу мразам доктори кога даваат такви коментари... Зошто ти плаќам, за да ме прегледаш и ме смириш или да гуглам после со денови и да се вадам од памет. Мене денес малку ме подзаболува стомак ама не некако внатре туку како да ме подзабодува по малку како да ме боцка, и некако нагло ми рипна, не знам оти така, ми се наду. Ставам утрогестан, па се молиме се да е во ред. Вчера малку повеќе се движев си викам може од тоа да е.
Прекривка за транспортер потребна ли е? Во август ми е терминот и не знам со сонце како ќе е кога ќе си идеме домче, па се става прекривка или како? Секој ден нешто ново ќе ми текне да прашам.
Никако преку транспортер нешто, никако... Јас имав ставено тетра преку транспортер и ме искара докторот, вика тебе жешко ти е, а нему не? Па уште и воздухот му го ускратуваш. Земи чадорче, флексибилно е и ќе си го местиш кај ти одговара.
Дефинитивно ќе одам на нифти. Знам дека мереше повеќе пати прво беше 1.5 па потоа 1.8 и на крај да извади 2.29 И да побарам второ мислење сепак мислам нема да сум мирна. Прва бременост ми е со милион прашања и уште ова ми фалеше.
Женски дали ви се случувало да имате стегања/стврднувања во стомакот кои не се проследени со никаква болка? Матичниот вели дека се' додека нема болка се лажни контракции, ама ми се случуваат често последните два дена особено во движење, не траат долго, ама се навистина непријатни. 31+ сум. Извадена сум од памет.
Еве јас 25та сум и имам такви стврднувања. Не се плаши, сосема е нормално. Избегнувај нагли покрети и пиј магнезиум.
Леле јас спијам, мака немам. И тоа колку спијам во бременоста е чудо. Всушност само спијам И со првата спиев и сега, и тоа до 9 ти месец спијам. Нормално, малку мака додека да се наместам, ама за 5 минути сум веќе кома. Јас инаку само во бременостите спијам, онака не баш
Od 8 mi mesec gi imam tie lazni kontrakci , sega 35+5 g.n mi se zgolemija i bas se neprijatni na moment kako bez vozduh da sum , magnezium pijam ama nesto mnogu i ne mi pomaga