ај препорачајте ми добар гинеколог во скопје ама да не е од приватниве болници . некој што има сам приватна ординација . да е добар и стручен во својата работа, сакам скопје да се префрлам да сменам матичен гинеколог.
Девојкиии во која недела почнавте да ги чувствувате лажните контракции? Дали може да опишете какво е чувството? Не знам како да правам разлика дали се лажни контракции или пак нешто друго...
Баш прееска пишав пред 20та недела беше ама не знаев да ги препознавам. Цел стомак ми се стврднува и се згрчува, јас и останувам без воздух на кратко најверојатно поради притисок на дијафрагма. Неколку секунди трае и се смирува. Најбитно да се опуштиш да не се стегаш, побрзо поминува.
Да. Инаку еве и сега го осеќам многу долу и гинекологот на секој преглед ми спомнува, од царскиот, тој дел е поосетлив, се осеќаат болки, затегања, повеќе боли кога ќе се шири матката.
@eli25 @Saf ви благодарам, мене прва бременост ми е и стварно не знам какво е чувството, онака на моменти осеќам некои мали затегања ама мислам дека не се лажни контракции.. ми е страв да не ми се крати цервикс дека матичната ми рече во 20та недела дека ми бил 36мм па не знам дали е добра должината и сега секоја болка или затегање ме плаши..
Ми се виде рано, ама баш е таму кај царскиот, како да ме затега кончето што ми беше на раната, не болка.
Кај раната или општо? Мене кај раната мислам тој дел што е сечен повеќе ме затегаше во рана бременост, од сега. Сега веќе горе се болките и долу кај срамна коска. Ама тогаш осеќав ко да ми се оптегнува тој дел, ме боцкаше, некогаш и бодежи. Првиот царски мене ми е многу долу, најверојатно поради плацента на преден ѕид, не знам дали сега би ме сечеле пак толку ниско штом е на заден. Или во секој случај сечат на истиот рез?
Не е рано. Јас пред тест да направам, како ме жешеже тој дел, пече дури. Се подготвува матката за бременоста.
И мене ми е долу многу. Е сега не се сеќавам кај е била плацентата во прва бременост. Ама скроз доле е резот.
Епа еве, веројатно се стврднувања во стомакот, и стегање на матката, кое трае кратко и е во неправилни интервали, најчесто без болка. Незз ни јас искрено, иако ги чувствувам и јас повремено...
@JuLleE веројатно на истото ќе не сечат пак, ама тоа тргањето на бебето од горе ми е останато во сеќавање, многу језиво. Може и нема врска плацентата, јас така си поврзав.
Јас од утре 9та. Минатата недела седнав на креветот и добив таков грч, не можев да ги кренам нозете за да си легнам. Му пишував смс на мажот ми да дојде да си легне и он, за нозе да ми крене. Преку ноќ мислам меше добив, топче. Турбо сум инаку, се надевам телото се привикнува едноставно на ритамот. Кога ќе ми текне кое пазење удирав првиот пат.
Тоа не прашав. Следна контрола кажа ќе треба дата да одредиме. Ќе прашам баш и со каква анестезија ќе сум. Се надевам целосна, не би спинална на кичмата.
@danichap првото беше многу високо, затоа може тргаа толку, и не го извадија одма. На 2 дена пред пораѓај со главата над папок беше. Не е болно, да не се исплаши некоја трудница ништо не се осеќа, само влечењето.