Женски со главоболки како стоите? Вчера денес нешто така те ме заболува глава те ми поминува, ама ко да ми гори челото штознам
Кога е време за договор за царски со докторот? Баш тоа размислував утрово во автобус. Влегов вчера во 7ми, последно втор скрининг праев во 22 кај гинекологот шо ќе ме пораѓа. Незнам кога е соодветно да појдам на ехо и разговор, ако прифати царски и датум да си договорам.
Па ние што сме во сред лето мислам по со време да си договориме зошто одмори се баш тогаш да не се утнеме со докториве
Леле ме смиривте многу, јас еве на работа уќутев, никаде ме нема од страв, ми викаат што ќутиш толку а они не знаат дека јас уствари у паника сум. Иначе од претходното раѓање ќе има поминато 6г и 9м, веројатноста е голема дека природно ќе ме тераат, нели? И да, на роденденот на првото го напраивме второво, затоа толку му се радува синко.
Мислам дека до последен момент нема да знам што да правам и како, спонтано или царски. Ама будна сакам во било кој случај
Да, јас бев со спинална. Добро, мене ме боцкаа дури 7 пати во кичма, им се виткаше иглата, таа коњската. Болеше прво местото на боцкање подолг период со постојана болка, а потоа не секое менување на време или наведнување ко изненадна болка.
Ти имаш мака со кичма секако мислам така? За таков проблем ми кажаа тогаш дека со целосна се оди. @AngelOfArh ако нема индикации има доволно простор за природно. Мене уште на 2 скрининг сега ми кажа дата докторката, мм праша да пробаме природно, таа му вели ти да ја пораѓаш природно.
Е сега ме усреќи јас кај одам кажувам ко ќе влезам во 37 одам да раѓам Тек сум почеток на 7 месец сите ме гледаат ко да сум 9...пукнав
Јас сум царски затоа. Сакам и јас будна, всушност не знам и колку е ок за мене будна, првиот пат пред да ме заспијат си ја раскажував темата што ја бранев за магистерска Лекарска грешка ми беше, статистика цитирав Докторот планира крај на јули, не знам колку е сериозен, ама нели е мачење цел 9 ти во најтоплиот месец да го поминам?