Исто со @Eli23 коментираме, ко пред пораѓај сме. Мене ми е термин 31 август, за на 20ти ми рече, пак така доаѓа во 38 недела. Од жешкото ми е страв најмногу
Знам тешко е тек сега кога ќе пукнат жештините. Ама ќе летне време. Јас раѓав во најтоплото на 1 август 40 степени беше. Ко за беља климите во болница не работеа, уште таа на бокс ми вика маската ставија
И јас сакам порано, ама докторкава вели август. Сеа ја контактирав. А пишам на фемина мислење сфаќам дека место да трубам на форум, арно е да превземам нешто. Е сеа, ако бирам датуми од август, на Илинден нејќам, на 4ти е роденден на внуката, значи после да си бирам а...? Сакам јули. Едит: Празници во август Од Википедија — слободната енциклопедија Прејди на прегледникотПрејди на пребарувањето 2 август: Македонија: Илинден — Ден на Републиката. Христијански празник на пророкот Св. Илија. 6 август: Боливија — Ден на независноста. Јамајка — Ден на независноста. 12 август: 1999 Обединети Нации — Меѓународен ден на младоста. 18 август: Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ) 20 август: Унгарија — Ден на Свети Стефан, главен национален празник. 28 август: ٭ Ден на рударите на Македонија. ٭ Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), Еве за сите шо ќе одбираат термин во август. Ова на Јамајка празников убаво звучи.
Мене 10ти ми е краен. Првото го родив во 42 недела. Е сеа ова сакам да ми врати 2 недели назад од првото.
Дани 18 месеци е разликата за природно. 6 години е доволно поминато без индикација нема шанси да те чепнат царски. За државно ако се пораѓаш,на приватно е друга ситуација.
И тука ќе пишам поактивна е темата. Јас сум 11та недела и 4 дена бремена. Од време на време имам минимално крварење ништо страшно. Вчера имав исто крварење ојдов одма на лекар се си е супер бебе се развива дури малку е поголемко... Е сега од вчера почнав бело прање да имам вчера само еднаш малку повеќе и толку. И сабајлево имав исто буквално како подмочната бев. И прекина. На мокрачата ми најдоа леукоцити од 18до20 и бактерии пл.епител. резултати од уринокултура се чисти нема ништо. Следната недела ќе правам и микробиолошки. Некоја со вакво нешто да се соочувала?
Не е болно ама мене толку језиво ми беше, ми го мрдаа цело тело, бррр. Цела вечност ми траеше вадењето, а веројатно биле секунди во прашање. Јас да прашам дали имавте како менструални болки во 18та недела? Ме боли стомакот од сабајле, баш како пред добивање.
Јас сакам Рак да биде. Се мислев за Лав, ама имам дупла Шкорпија па си велам со ќерче да си плачеме заедно Маж Бик, јас Рак, и двајцата подзнаци Лав, синко дупла Шкорпија Се разбира некој да каже кога да ја раѓам момата? Астрелошки да одговара
Мене, стискаа одозгора и со ќебе ме виткаа и странично стискаа. Ама еве, после тоа уште три пати останав бремена, се заборава
Јас природно се породив,го туркаа од горе и после модрици имав...ама не беше тоа ништо пострашно од болките
Здраво колку чини вагинално ехо во Систина? Ѕвонам од прееска ама никако да ги добијам и дали имаат во ургентниот центар гинеколог? Зашто гледав само општи и интернисти имаше на листата,фала однапред.